Ознака: денеска

ДЕНЕСКА СЕ ПРАЗНУВА пророк св.Илија – „ИЛИНДЕН“

Post Views: 2 Православните христијани денес на 02 август, го празнуваат пророкот Св. Илија-Илинден, еден од најголемите празници. Свети Илија беше Евреин. Живееше далеку пред Христа. Потекнуваше од градот Тесвит, по што и беше наречен Тесвиќанец. Кога се роди, околу него татко му виде Божји ангели како го повиваат во оган и го хранат со пламен, што укажуваше на неговата подоцнежна пророчка служба. Младоста ја помина во постојано богомислие и во молитва, честопати повлекувајќи се на пусти места. Прорече многу настани и направи голем број чуда со силата Божја, што беше во него....

Continue reading

monstrum

Продолжува судскиот процес „Монструм“

Post Views: 1 Судењето на осомничените за петкратното ѕверско убиство на четирите момчиња од Радишани и на повозрасниот рибар кај Смиљковското езеро, кое се случи пред една година на 13 април, продолжува денеска. Иако последните рочишта за случајот „Монструм“ беа затворени, се очекува денеска судењето да биде отворено за јавноста и да бидат испрашани сведоците на трагичниот настан. На претходните рочишта беа разгледувани посебните истражни мерки, односно транскриптите од телефонските разговори на обвинетите. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првообвинети во „Монструм“ , сè уште се наоѓаат...

Continue reading

Денеска се слави свети Трифун

Post Views: 0 Меѓу поголемите празници кои македонскиот народ ги празнува со многу обичаи спаѓа и свети Трифун, празник главно познат по обредното закројување на лозјата. Едни го сметаат за последен од зимските, а други за прв од пролетните празници. Како што забележале собирачите на македонските народни умотворби, но и на народните обичаи и верувања, тој бил покровител на меанџискиот еснаф, но и заштитник на лозарите и градинарите. Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и сл.), поради што луѓето го славеле и...

Continue reading

logo

Koj ќе биде македонскиот супербренд?

Post Views: 8 Од денеска официјално започнува гласањето за избор на супербрендс во Македонија за 2013/2014 година. Како и во претходните години за супербренд ќе бидат прогласени брендовите кои ќе освојат најмногу гласови од страна на стручно жири и самите потрошувачи. Како што најавуваат од Супербренд Македонија, оваа година воведени се две новини, за прв пат ќе се гласа за општествено одговорна компанија, така наречен зелен супербренд за компаниите кои најмногу се грижеле за животната средина, а се воведува и признанието Супербренд Адриатик, што оваа меѓународна компанија ќе го...

Continue reading

duma

Претставници на руската Дума во посета на Македонија

Post Views: 8 Во официјална посета на Македонија денеска престојува делегација на државната Дума на Руската Федерација. Во официјална посета на Македонија денеска престојува делегација на државната Дума на Руската Федерација, чии членови ќе имаат средба со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, а потоа и со претседателот на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Руската федерација и членовите. Во рамки на посетата ќе се одржи презентација на изданието „Руска Реч“. {loadposition content9}

Continue reading

radijator

Од денес парното со нови, поефтини цени

Post Views: 2 Парното од денеска поевтинува за 14,24 проценти за граѓаните во Скопје што се снабдуваат од Балкан енерџи груп од топлана „Исток“ и за 13,45 за граѓаните што се греат на топланата „Север“. Регулаторната комисија за енергетика одлуката за намалување на цената ја донесе на последната седница по намалувањето на цената на природниот гас кој учествува со 70 отсто во производството на топлинска енергија. Според новиот правилник, цената на топлинската енергија може да се менува на месечно ниво во интервал од плус-минус 5 отсто. Досега тоа можеше да се прави само двапати годишно,...

Continue reading

Branko Gjorcev

Драмскиот театар се простува од Ѓорчев

Post Views: 19 Драмски театар-Скопје денеска во 11 часот ќе одржи комеморација за актерот и директор на оваа национална установа, Бранко Ѓорчев, кој по долго боледување почина завчера на 50-годишна возраст. Ѓорчев е роден 1962 година во Неготино, во 1986 година дипломирал на Факултет за драмски уметности,  во класата на проф. Вукан Диневски. Од 1987 година работи како актер во Драмски театар-Скопје. Има остварено голем број главни и споредни улоги, во матичниот театар и во сите театарски институции во државата, како и на филмското платно. Во 2001-2003 е проект менаџер во Драмскиот...

Continue reading

popova sapka

Полицајците ќе скијаат

Post Views: 10 Денеска на падините на спортско-рекреативниот центар „Попова Шапка“ ќе се оддржи 25-то полициско првенство во алпско скијање – велеслалом во машка, женска и екипна конкуренција. На првенството ќе се такмичат над 60 пријавени натпреварувачи кои ќе возат на патеката „Пионерски рид“ или „Сртот“. По завршувањето на натпреварите ќе бидат прогласени победниците и ќе им бидат доделени признанија.Првенството го организираше Македонскиот полициски синдикат. {loadposition content9}

Continue reading

molitven pojadok

Mакедонска делегација на молитвениот појадок

Post Views: 6 Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, пратениците Александар Спасеновски и Владимир Ѓорчев и министрите за здравство Никола Тодоров и за економија Ваљон Сарачини, денеска во Вашингтон ќе присуствуваат на годинашниот Молитвен појадок. Националниот молитвен појадок е традиционален годишен собир под покровителство на претседателот Барак Обама, кој денеска ќе им се обрати на поканетите учесници. Најавено е дека Обама ќе биде придружуван од сопругата Мишел, како и од потпретседателот Џо Бајден. Традицијата на собирање на истакнати претставници на политичкиот, верскиот,...

Continue reading

papa benedikt

Не е лесно да се биде Папа

Post Views: 3 Папата Бенедикт Шеснаесетти ќе се повлече од функцијата на 28 февруари, потврди денеска (11.02) портпарол на Ватикан. Јозеф Рацингер својата одлука ја соопштил на Конзисториум (собрание на папата и кардиналите н.з.) вo Рим и тоа на латински јазик, што е невообичаено. „Папата најави дека ќе се повлече од функцијата на 28 февруари во 20 часот“, соопшти портпарол на Ватикан.Обраќањето на папата пред кардиналите го пренесе агенцијата КНА. Во него Бенедикт Шеснаесетти, меѓу другото, вели: „Откако повеќепати ја преиспитував својата совест пред Господа, дојдов до сознание дека...

Continue reading

logo

Аман за ефтината струја!

Post Views: 8 Граѓанската иницијатива „Аман“ денеска ќе ги предаде во Собранието предлог-измените на Законот за енергетика, за кои во изминативе недели собираа потписи за поддршка од граѓаните. Претставниците на „Аман“ планираат да одржат протестен марш, кој ќе започне во 14 часот пред Спомен-куќата на Мајка Тереза и ќе заврши пред Собранието, по што ќе ја предадат иницијативата потпишана од 13.000 граѓани. Од „Аман“ посочуваат дека ова е само прва иницијатива и дека доколку бидат прифатени предлог-измените, со кои се бара враќање на дневната евтина тарифа на струјата, како и да прекине...

Continue reading

tel

Нема веќе анонимни при пејд броеви

Post Views: 6 Агенцијата за електронска комуникација, заедно со трите мобилни оператори, Т-мобајл, ВИП и ОНЕ, денеска ќе го промовираат проектот за регистрација на при пејд корисници. Агенцијата за електронски комуникации наложи од 15 октомври 2012 година секој кој ќе купи број – пост пејд да приложи лична карта и да биде иднетификуван во системот како имател на бројот. Во АЕК велат дека со реализацијата на овој проект ќе се унапреди пазарот на електронски комуникации во државата и ќе се зголеми нивото на безбедност на корисниците. Со реализацијата на овој проект и Македонија ќе...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top