Драмскиот театар се простува од Ѓорчев

Драмски театар-Скопје денеска во 11 часот ќе одржи комеморација за актерот и директор на оваа национална установа, Бранко Ѓорчев, кој по долго боледување почина завчера на 50-годишна возраст.

Branko Gjorcev
Бранко Ѓорчев

Драмски театар-Скопје денеска во 11 часот ќе одржи комеморација за актерот и директор на оваа национална установа, Бранко Ѓорчев, кој по долго боледување почина завчера на 50-годишна возраст.

Ѓорчев е роден 1962 година во Неготино, во 1986 година дипломирал на Факултет за драмски уметности,  во класата на проф. Вукан Диневски. Од 1987 година работи како актер во Драмски театар-Скопје. Има остварено голем број главни и споредни улоги, во матичниот театар и во сите театарски институции во државата, како и на филмското платно.

Branko GjorcevВо 2001-2003 е проект менаџер во Драмскиот театар. Бил и демонстратор  по реторика и ораторство за предметот Римско право на Правен факултет во Скопје. Беше професор по сценски говор на Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА.

Во 2006 година беше избран за директор на Драмскиот театар, а во 2010 реизбран на функцијата. Во ноември минатата година Ѓорчев ја доби државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2012 година, за долгогодишни остварувања во културата.

Дваесет и пет години тој придонесуваше во македонското театарско дело. Неговата актерска актива ја чинат повеќе десетици ролји на театарската сцена и во другите медиуми, како филмот, радиото и телевизијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top