Ознака: дена

akademija SV. Kliment Ohridski

Општина Охрид се подготвува за својот патронен празник

Post Views: 12 Општина Охрид се подготвува за достојно одбележување на Св. Климент Охридски – патронот на градот. Свечени програми по повод Св. Климент Охридски подготвуваат локалната самоуправа во соработка со Средното училиште кое го носи името на заштитникот на Охрид, но и основното училиште Св Климент Охридски кое свечената програма ја подготвува ден пред одбележување на овие активности е и паркот на пријателството во кој парк дрва ќе посадат претставници на градовите кои ќе не посетат. Претставници на училиштата бидејќи тие имаат гости од поранешните ЈУ простори така да овој...

Continue reading

Живот без пари

Post Views: 9 Во една полураспадната трошна куќарка во с.Издеглавје, охридско, живее Мара Димоска. Таа секое утро се буди со мисла дали ќе се снајде за храна за да го помине денот. Баба Мара деновите ги минува во малечко собче со земјен под, каде има само еден кревет, искршена витрина и едно позајмено ќумбе каде понекогаш се вари компир. Животот е тежок, 8 години сама се борам а соселаните ме избегнуваат, низ солзи раскажува Димоска. „Не земам ништо веќе година дена и така се снаоѓам, живеам. Ми помага само еден човек бидејќи добро живеев со женаму, но и тој си има деца“-вели Димоска. Димоска...

Continue reading

aparat za glikoza

Дијабетичарите, до инсулин по скратена постапка

Post Views: 1 Од 1ви Декември, постапката за добивање на инсулинска терапија станува двојно пократка. Според препораките на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, пациентите дијабетичари кои редовно користат инсулинска терапија, со една посета на матичен лекар ќе добиваат упат за специјалист интернист-ендокринолог, кој понатака ќе им издаде барање за издавање на инсулинска терапија. Со ова барање, пациентите, својата терапија секој месец ќе можат да ја подигаат од посебна аптека, без притоа да им треба повторна посета на нивниот матичен лекар. Овој нов принцип ...

Continue reading

modna revija Hristo

Модна ревија на учениците од Христо Узунов со фустани од хартија

Post Views: 0 Учениците од ОУ Христо Узунов се приклучија во големата еколошка акција која охридските основни училишта ја спроведуваат по повод Светскиот ден на акцијата и на еко-училиштата. Собираа отпадна хартија и пластика, за од нив да успеат да направат фустани, шапки и костими. Децата, заедно со нивните родители, баби, дедовци и предметни наставници, ја употребија својата фантазија, па со изработените модни парчиња, организираа и убава ревија. Еве што ни кажаа дел од нив: „Мене многу ми беше лесно, три дена ги збиравме овие.“ „Мене ми беше лесно да ги собирам отпадоците и сакав...

Continue reading

ulica

На пола пат остана ул Мите Богоески

Post Views: 9 Улицата Мите Богоевски се дави во кал и вода. Неодамна крак на оваа улица, позади општината и економското училиште беше раскопан поради изведување на неколку инсталации поврзани со водоводно канализационата мрежа. Но работите застанаа во место. Мештаните на овој дел реагираат. Тие велат дека на улицата не се изведуваат зафати веќе една недела, патот е блокиран од работна машина, асфалтот зјае, фрекфенцијата на коли e невозможна а кал и вода има насекаде. Вината ја фрлаат на Локалната, бидејќи според нив, од таму им кажале дека работите се стопирани поради финансиски...

Continue reading

OHF 2012

Пеењето може да започне!

Post Views: 1 Хоровите од 15 европски земји можат да го започнат своето претставување пред жирите, но и пред љубопитната публика. Јубилејното петто издание на Охридскиот хорски фестивал, вчеравечер беше означено за отворено на најдобар можен начин. Директорот на фестивалот, Александар Димовски, вели дека овој фестивал сведочи за долгата музичка и хорска традиција на нашиот град и изрази надеж дека настапот на овој фестивал сите учесници ќе ги потсетува на нивниот престој во Охрид. Покрај ревијалните настапи и натпреварувачкиот дел, Димовски вели ќе има и други активности. „Во рамките...

Continue reading

petreski ace

Градоначалникот ќе го тужи Министерството за транспорт и врски

Post Views: 4 Градоначалникот Александар Петрески ќе поднесе тужба до Управниот суд, а ќе се жали и до Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС против Министерството за Транспорт и врски. Причина за тоа е одземањето на ингеренциите на Локалната од страна на Транспорт и врски за постапување по случајот на дивоградбата на ИВ- ИРЕ  во Трпејца. Петрески вели: Јас не сум против тоа министерството да излезе и да руши, туку јас сум против одземањето на ингеренциите на Општина Охрид бидејќи немаме направено никаков прекршок за да се направи тоа. Градоначалникот тврди дека Министерството...

Continue reading

star grad

Петрески: Законот за Охрид го кочи централната власт

Post Views: 3 Градоначалникот Петрески не остана покусо. Тој денеска на прес конференција, порача дека деталните урбанистички планови за старото градско јадро и за контактната зона , се наоѓаат во фиока во Завод и музеј и доколку таму си ја завршат работата до следната седница на совет, тој  истите уште во петок ќе ги стави на дневен ред. Со тоа Петрески ги отфрли обвинувањата на министерката за култура Канческа-Милевска, дека локалната е кочницата за неспроведувањето на Законот за Охрид. Петрески посочи дека работата кочи бидејќи веќе година дена предложените решенија за деталните...

Continue reading

Sturlakova

Двојно зголемен бројот на лица заболени од овчи сипаници

Post Views: 7 Во Охрид од почетикот на оваа година па до денес двојно е зголемен бројот на заболените од варичела или овчи сипаници. Од Центарот за јавно здравје велат  дека досега се регистрирани 108 пријави за ова заразно заболување. Но, од таму потенцираат дека нема место за паника. Иако бројката е висока таа се движи во границите на нормалата. Д-р Јованка Стурлакова Коровешиска вели дека зголемувањето на бројот се должи на поажурното пријавување на заболените од страна на нивните матични доктори. Матичните доктори се повеќе ја почитуваат законската обврска и ги пријавуваат болните...

Continue reading

bol

Лекувањето во Општа болница трае просечно седум дена

Post Views: 5 Со изградбата на новиот хируршки блок во општата болница Охрид и неговото опремување се очекува траењето на болничкото лекување да се намали и стави во оптималнистандарди. Намалувањето на болничкиот ден не подразбира кратење на лекарските услуги туку нивно стандардизирање во реални рамки, нагласува директорот на Општа болница, д-р Љубен Арнаудов. Болничкото лекување во охридската болница минатата година, во просек траело седум дена. По барање на Министерството за здравство и Фондот, општа болница води грижа и за времетраењето на болничкото лекување, информира директорот...

Continue reading

nerabotni denovi

Една третина од годината Македонија не работи

Post Views: 3 Македонците обично важат за вредна нација која не се плаши да ги засука ракавите и да сработи нешто. И ова донекаде е точно. Но ако ѕирнеме во статистиката, малку ќе ја разнишаме оваа теорија. За сите, па дури и за нас тука во Македонија, годината си има 365 дена ама многу е јасно дека не може сите да се одработат бидејќи нацијава ќе ни беше ептен уморна. Не, не работиме 365 дена. Ако од оваа бројка ги одземеме 105те дена од 2012 година кои отпаѓаат на неработни викенди, излегува дека работиме 260 дена годишно. Ама не е така, затоа што ние, а кога велам ние, мислам на...

Continue reading

kafulinja

Работното време на угостителските објекти се продолжи

Post Views: 1 Угостителските објекти во Охрид за време на туристичката сезона ќе работат со продолжување од еден до два часа. Но, само за празниците за кои Охрид е најпосетен од туристите. Пред донесувањето на ваквата одлука од страна на мнозинството на Советот на општината, претходеше реакцијата на жителите од Урбаната заедница Стар Град. Членовите на Урбана заедница еден, бараат да не се продолжува работното време на угостителските објекти во викенд зошто велат, за гостите секој ден е викенд.Тие исто така со барање, концесионерите на плажите стрикно да се придржуваат до работното...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top