Ознака: дена

svetilnik

На слепо

Post Views: 1 Светилникот на Охридското пристаниште веќе неколку дена не функционира. Проблемите со електрониката ги натерале од Охридската капетанија светилникот да го стават надвор од функција. Во меѓувреме пловните објекти во нашето езеро се снаоѓаат кој како знае. Стапивме во контакт со Љупчо Настоски-капетанот на Охридската капетанија кој не информираше за проблемот. „ Светилникот се сервисира веќе три-четири дена. Имаше проблеми со електрониката но тие проблеми би требало да бидат отстранети најкасно до задутре и светилникот ќе биде ставен во функција“-рече капетанот на Охридската...

Continue reading

EVN Ohrid

Двоен аршин, еден за давање, друг за земање пари

Post Views: 3 Од ЕВН Македонија доследни во почитувањето на законските регулативи, но само кога на нив им одговара. Посебно се експедитивни и децидни кога станува збор за наплата на каматите од сметките за електрична енергија кои тие ги доставуваат на своите потрошувачи. Но, кога треба да се наплати камата за нивното ненавремено плаќање кон други фирми, е тогаш приказната е малку поинаква. Едно правно лице од Охрид, кое се обиде да го оствари своето право и да наплати извесна сума од ЕВН по основ камата, се соочи со вистинското лице на оваа компанија. Имено, иако по доставената пресметка...

Continue reading

Kaneo

Охрид со своја презентација во Лугано

Post Views: 7 Природните убавини, како и богатото културно наследство и традицијата на Охрид беа презентирани за време на осмиот Меѓународен саем за туризам, кој се одржа во Лугано во Швајцарија во последните неколку дена. Ова е четврти пат по ред како Охрид зема учество во овој саем во текот на кои се случуваат состаноци меѓу европските туристички агенции. Општина Охрид спроведе успешни средби со реномирани агенции од Швајцарија, Австрија, Германија, Полска и соседна Словенија. {loadposition content9}

Continue reading

Grashnica

Наскоро во Воска ќе се уреди коритото на Грашница

Post Views: 5 За два дена истекува објавениот тендер за уредување на речното  корито на реката Грашница. Се очекува за 90 работни дена жителите од Воска да добијат  урбано среден речен кеј и спречување на понатамошни  поплави од оваа река,  информира Емин Селман, раководител на Одделението за комунален развој и сообраќај при Локалната  самоуправа. Ќе се уредува каналот на улицата „Гоце Делчев“ кон бул. Туристичка. Селман ги посочува придобивките од овој зафат и вели „со регулирање на речното корито ќе се спречат поплавите, но и дивите приклучоци на големиот број фекални канализации....

Continue reading

pritvor

Уште 30 дена притвор за осомничените за убиството на Новаковиќ

Post Views: 8 Притворот на седумтемина осомничени за  убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ, што се случи точно пред еден месец во центарот на Охрид, им  е продолжен за уште 30 дена. Имено, истражниот судија  испратил допис до Основниот суд во Охрид дека истражната постапка се уште не е завршена и дека е потребно дополнително време таа да се комплетира. Во текот на минатиот месец биле сослушани поголем број сведоци и биле прегледувани материјалите од безбедносните камери на објектите во чија близина се случи немилиот настан. Во прериодот кој престои ќе бидат изведени нови...

Continue reading

Ilinden

Филевски останува во притвор

Post Views: 8 Уште 30 дена притвор за капетанот на бродот „ИЛИНДЕН“, вака денеска одлучи кривичниот совет при основниот суд во Охрид. Мерката притвор која на Сотир Филевски му ја изрече министерството за внатрешни работи  , после бродската несреќа, му истекуваше денеска. Кривичниот совет при Основниот суд во Охрид донесе одлука да му биде продолжен притворот на капетанот на бродот „Илинден“, Сотир Филевски, за уште 30 дена.Министерството за внатрешни работи против Филески поднесе кривична пријава за извршено „тешко дело против безбедноста на луѓето во сообраќајот“, при што му беше...

Continue reading

cesma

Македонското Сeн Тропе 20 дена без вода

Post Views: 0 Вода нема ни за лек, а камоли за кафе велат мештаните. Туристите трпеливи а одговорните свесни дека треба сериозно да ги запрегнат ракавите. Трпејца 20 дена без вода. Мештаните на населбата и бројните гости во екот на туристичката сезона се соочуваат со најсуштинскиот проблем-водата. Трпејчани покажаа голем револт кон МЈП Проаква и ЕВН. Тие обвинуваат, рестрикцијата со вода има позадина т.е дека намерно се атакува на туристичката сезона со цел истата да се уништи. Додаваат, додека надлежните ја префрлаат вината од едни на други нека излезат на терен за сами да видат...

Continue reading

Четири дена Историски фестивал, „Средновековен Охрид“

Post Views: 10 Мултимедијален историски проект, кој истовремено ќе биде и едукативен, ќе се случува во Охрид од 5 до 8 септември. „Историскиот фестивал наречен „ Средовековен Охрид “ ќе се одвива во старото градско јадро и прествува една новина за Македонија, но и пошироко за Балканските простори“, вели еден од организаторите од здружението на граѓани „ ЕОН“, Ѕвонко Наумоски. На просторот на поранешната библиотека ќе биде исцениран средновековен пазар, ќе бидат поставени шатори, а ќе бидат презентирани и занаети од средновековниот период со костимирани жители. „Далга„ , „Антико“,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top