Ознака: денари

struga policiska stanica

Тешка кражба на дрзок начин во Струга

Post Views: 3 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Тешка кражба на дрзок начин“  полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Н. (43) од  Струга. На 28-ми јануари оваа година, околу 10 часот и 30 минути, пријавениот од кладилницата „Бетсити Балкан“ во Струга, противправно одзел 40.ооо,оо денари што ги пронашол во касата. Тоа го направил одкако од страна на вработените во спортската кладилница му било кажано дека неговиот спортски тикет е недобитен. Изреволтиран поради тоа, А.Н. кој сметал дека има добитна комбинација, се упатил кај директорот...

Continue reading

natprevar angliski

Деветти по ред натпревар по англиски јазик во колеџот „Јахја Ќемал“

Post Views: 2 Деветти по ред натпревар по англиски јазик во приватното средно училиште „Јахја Ќемал“ од Струга. На него учество годинава зедоа околу 210 ученици од основните училишта од Охрид, Дебрца, Струга, Ресен, Дебар, Демир Хисар, Кичево, Центар Жупа, Вевчани, Пласница и Другово. „Целта на организирање на овие натпревари е да се влијае на развојот на образованието и науката во нашето општество. Исто така на учениците ко освојуваат добри места, на првите десет им поделуваме стипендии. Првото место на пример освојува 90 проценти попуст од школарината за запишување во „Јахја Ќемал“...

Continue reading

sto dena sela

Отчет на Села за првите 100 дена

Post Views: 5 Промена на режимот на сообраќај, отстранување на паркинзите кои беа на самите сообраќајници, ослободување на шеталиштето од металните конструкции, осветлување на дрвениот мост на реката Црн Дрим со многубоен систем, редовно миење на градските улици, уредување и ставање на функција на фонтаната на градскиот плоштад, се само дел од реализираните активности на градоначалникот Зијадин Села, кој успеал да ги спроведе за 30 дена а не за 100 дена како што ветил во предизборната кампања. Но Села на денешната прес конференција по повод 100 дена од неговото делување посебен акцент...

Continue reading

Владата додели повеќе од шест милиони денари за обесштетување за претрпените штети од земјотресот во 2017-та

Post Views: 21 Владата на РМ обезбеди повеќе од шест милиони денари за обесштетување од претрпените штети од јулскиот земјотрес во Охрид од минатата година. Со ова за обесштетување на правните и физичките лица кои пријавиле штети на располагање, општината ќе има   6.451 013 ден. кои ќе бидат префрлени на посебна сметка,  а со решение на градоначалникот на Општина Охрид, ќе бидат обештетени 862 објекти од кои  60 се на правни лица, 802  на физички лица. „Во наредниов период ќе почне исплата на овие средства, според претходно изработениот елаборат од Општинската комиисја за проценка...

Continue reading

cihgari

Ама и цигирате поскапи од утре

Post Views: 1 Цигарите од утре поскапуваат како резултат на зголемувањето на акцизата. Додека дел од производителите не ги откриваат деталите, државниот тутунски комбинат од Прилеп веќе ги утврди новите цени. Сите брендови на компанијата поскапуваат за пет денари, освен Рондо кој поскапува за три. Тоа значи дека Бренд отсега наместо за 50 ќе се продава за 55 денари, а за исто толку ќе поскапат и Сан Слимс, Еуропа, 19, Филтер Ориентал и Та2. За 5 денари поскапува и Марлборо. Од менаџментот на ТК Прилеп велат дека со зголемувањето на акцизата од 0,15% по цигара невозможно е да апсорбираат...

Continue reading

pumpi

И цената на бензините оди нагоре

Post Views: 6 Малопродажните цени на бензините и на дизелот поскапуваат ноќеска на полноќ за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика на редовната седница посветена на корекција на цените на горивата. Согласно одлуката, новата цена на литар еруросупер БС-95 изнесува 83 денари за литар еурросуперот БС-98 ќе се продава за 84,5 денари за литар, а литар еуродизел ќе чини 70 денари. Малопродажната цена на екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит и со тоа новата цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 58,5 денари. Цената...

Continue reading

pumpa

Поскапуваат бензините

Post Views: 5 Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука,  малопродажните цени на горивата од вечерва  на полноќ дапоскапат за 1 и 1, 5 денари за литар. Така, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 и од утре ќе се продава за 80,5 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за 1 денар и во малопродажба ќе чини 82 денари за литар. За половина денар се зголемува малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) кој ќе се продава за 68 денари за литар. За еден денар поскапува и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) чија нова цена изнесува 57 денари за литар,...

Continue reading

cigari

Повискои даноци, помалку смртни случаи како резултат на пушењето

Post Views: 10 За девет години цигарите во Македонија ќе се продаваат за двојно повеќе. Од 1-ви јули ќе поскапат за 4 денари по кутија, а до 2023 една кутија која сега чини 40 денри ќе се продава за 90 денари. Светскиот ден против пушењето оваа година се одбележува под мотото „Зголемете ги даноците,намалете ги смртните случаи“.По овој повод, во петок (30-ти мај), Министерството за здравство, Светската здравствена организација, Институтот за социјална медицина при Медицински факултет во Скопје организираат стручен состанок за промовирање на Светскиот ден против пушењето година и презентација...

Continue reading

Пластичните кеси ќе се наплаќаат по 15 денари

Post Views: 1 Пластичните кеси од 1 декември се забрануваат, а на пазарот ќе се продаваат биоразградливи кеси за 15 денари по парче кои ќе треба да бидат произведени според пропишани стандарди за биоразградливост. Ова се предвидува во Законот за управување со пакување и отпад од пакување кој Собранието го донесе пред два дена. Но, од Иницијативата за забрана за пластични кеси за Радио МОФ потсетуваат дека ваква забрана веќе имаше, но е анулирана со други акти, така што нејзиното спроведување пак ќе зависи од подготвеноста за тоа на институциите. Ваква забрана веќе постои од 2012...

Continue reading

logo

Антикорупциска ќе каже колку коштаа изборите

Post Views: 4 Aнтикорупциската комисија неделава ќе го објави финалниот извештај за тоа колку пари потрошиле партиите во изборната кампања за предвремените парламентарни избори, како и за претседателските избори. Од Комисијата велат дека повеќето од партиите ги имаат поднесено извештаите, но ќе чекаат до законски предвидениот рок пред да излезат со финалните бројки. – Рокот до кога партиите треба да ги достават извештаите за изборите е еден месец по завршувањето на вториот круг што беше на 27 април. Некои ги доставуваат по пошта, па затоа ќе причекаме. Кандидатите за претседател,...

Continue reading

crkva

За една недела обиени три цркви во мавровскиот крај

Post Views: 1 Украдени се шест икони и 600 денари. Денеска полицијата соопшти за кражба во црквата „Свети Никола“ во мавровското село Трница каде се исчезнати четри дрвени икони. Пред три дена надлежните информираа за разбојништво во црквата „ Света Петка“ во истата општина,  од каде арамијата присвоил две икони и 600 денари. Вчера беше ограбена и црквата „Свети Никола“ во селото Кичиница во истиот регион. Полицијата засега ги расчистува трите случаја, но поалармантно е прашањето каде завршуваат овие икони? Рацијата која се случи во Албанија во која беа препознанени македонски икони...

Continue reading

penzioneri banja

Во кои бањи се „попарија“ пензионерите

Post Views: 0 Три бањи кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) им наплаќале на осигурениците дополнителни средства за услугите, со што во 2013 година ги оштетиле за 11 милиони денари. ФЗОМ ги задолжи Катлановска бања и бањите Дебарски – Цапа и Цар Самоил – банско да им ги врати парите на граѓаните во рок од три месеца. При извршена контрола на бањите кои имаат склучено договор со ФЗОМ, во април годинава, биле констатирани фрапантни неправилности во три од четирите контролирани бањи, односно злоупотреба на средствата на осигурениците...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top