Во кои бањи се „попарија“ пензионерите

Три бањи кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) им наплаќале на осигурениците дополнителни средства за услугите, со што во 2013 година ги оштетиле за 11 милиони денари.

penzioneri banja
пензионери бања

Три бањи кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) им наплаќале на осигурениците дополнителни средства за услугите, со што во 2013 година ги оштетиле за 11 милиони денари.

penzioneri banjaФЗОМ ги задолжи Катлановска бања и бањите Дебарски – Цапа и Цар Самоил – банско да им ги врати парите на граѓаните во рок од три месеца.

При извршена контрола на бањите кои имаат склучено договор со ФЗОМ, во април годинава, биле констатирани фрапантни неправилности во три од четирите контролирани бањи, односно злоупотреба на средствата на осигурениците во делот на наплата на дополнителни средства за користење на термо-минерална вода и сместувањето, соопшти директорката на Фондот Маја Парнарџиева Змејкова.

„Во Катлановска бања на сите 1.366 осигуреници им се наплатени дополнителни средства за користење на термоминерална вода во висина од 200 денари на ден. Дополнително на повеќето на нив им е наплатувано за натстандардни услови на сместување (соба) во износи од 50 или 150 денари на ден. Овие средства не требале да бидат наплатени на осигурениците. Само за 2013 година на оштетените осигуреници им се наплатени околу 7,8 милиони денари повеќе. Индивидуално гледано, осигуреникот наместо да плати 4.200 денари за целокупниот престој во времетраење од 21 ден по основ на партиципација, му наплатувале 11.500,00 денари вкупно. Во Дебарски бањи – Цапа вкупно 400 осигуреници се оштетени во износ од околу 2,1 милион денари. Индивидуално гледано, осигуреникот наместо да плати 4.200 денари за целокупниот престој во времетраење од 21 ден по основ на партиципација, му наплатувале 10.500,00 денари вкупно. Во Цар Самуил-Банско 119 осигуреници се оштетени во износ од околу 750.000,00 денари. Индивидуално гледано, осигуреникот наместо да плати 4.200 денари за целокупниот престој во времетраење од 21 ден по основ на партиципација, му наплатувале 11.500,00 денари вкупно”, појасни директорката.
Таа ги повика осигурениците кои користеле специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување во 2013 година во горенаведените бањи, да ги проверат наплатените средства по ден и доколку им се незаконски наплатени средства за натстандардни услуги или услови на сместување, да се обратат во бањата каде престојувале, за да извршат поврат на истите.

penzioneriЗа 2013 година, информираше Парнарџиева Змејкова, осигурениците се оштетени во вкупна вредност од 11 милиони денари (2000 осигуреници). Фондот, додаде, ги задолжи бањите да направат поврат на средствата во рок од три месеци.

„Повратот од бањите осигурениците може да си го реализираат без разлика дали потпишале изјава за користење на натстандардна услуга (а користеле стандардна), како и без разлика дали ги чуваат сметките, бидејќи, целокупната финансиска документација мора да ја има бањата. Доколку осигурениците се соочуваат со истава неправилност и во оваа 2014 година, ги повикуваме да си побараат поврат на средствата од бањите”, порача Парнарџиева Змејкова.

Фондот годишно издвојува 70 милиони денари за плаќање на здравствените услуги за осигурениците кои ги користат во четирите бањи.
 
„При остварување на правото на специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување осигуреното лице учествува со лични средства (партиципација) во вкупниот трошок на здравствени услуги во износ од 200 денари за користење на стандардни услови на сместување (собата). Учеството од 200 денари на ден го опфаќа и користење на термоминералната вода на бањата”, појасни директорката на ФЗОМ.

За сите информации осигурениците можат да се јават во Фондот на бесплатнaта инфо- линија 0800 33 222, во сектор контрола 3289 010, 3289 011, 3289 005, или во сектор финансиска контрола 3289 029, како и на инфо-меилот ( info@fzo.org.mk), а и на мобилниот телефон 076/339 180 во текот на работењето на втората смена на Фондот од 12h-20h.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top