Ознака: дела

creshi

Прво издание на „Црешнобер“

Post Views: 1 Најубавите цреши од Требеништа, најубавата староградска музика и најубавите ликовни дела од ликовната колонија во Белчишта, на едно место. За прв пат одржана манифестацијата „Црешнобер“ во селото Требеништа, општина Дебрца. Локалната самоуправа од Дебрца, смета дека токму преку ваквите манифестации присутните ќе можат да се запознаат со значењето на традицијата на ова поднебје, со продуктите кои се негуваат, со песните и ората кои од колено на колено се пренесувани. Основната цел на оваа манифестација, според локалната самоуправа од Дебрца е да се промовира црешата како...

Continue reading

ramazan

Се празнува Бајрам

Post Views: 2 Рамазан Бајрам означува крај на постот и почеток на деновите за веселба.Првиот ден од Рамазан Бајрам, почнува со утринска молитва, наречена бајрам намаз. Се организираат јавни свечености, а верниците си разменуваат подароци и одат на гости. Рамазан Бајрам се слави на 1. шевал (десеттиот месец од муслиманскиот календар) и трае три дена, а верниците го сметаат за „празник на положениот испит“. Годинава Бајрам почнува на 9. септември, по завршувањето на рамазанскиот пост, кога муслиманите се воздржуваат од храна и пијалоци како и од зли мисли и дела. Сите муслимански верски...

Continue reading

kolonija

Јубилејна ликовна колонија „Дебрца“

Post Views: 1   Денес отпочна интернационалната ликовна  колонија Дебрца, која годинава е во знакот на 30 тото јубилејно издание.  Селото Белчишта преку уметничките дела од колонијата претставува бисер на општина Дебрца нагласи Игор Трајкоски, првиот човек на општината. „Ова творештво во изминативе години претставува особено богатство каде мотивот е земен од самата општина без разлика на какви техники на творење се земени битно е претставено тоа што се наоѓа во нашава општина Дебрца“ – рече Трајкоски. Манифестацијата уште од самиот почеток имаше цел, на пошироко ниво да го развива...

Continue reading

лого

“Angels, Animals and Humans” изложба од Стефанија Петровска

Post Views: 4 Стефанија Петровска е родена 1983 год. во Кавадарци, Р.Македонија. Во 2005 год. завршува во универзитетот “Св.Св.Кирил и Методи” во Велико Трново – Р.Бугарија , педагошки одсек, специјалност – скулптура. За делата на Стефанија, критичарот  Миодраг Мишко Петровиќ, рекол: “Стефанија Петровска поседува огромна енергија, која преку творењето ќе и помогне да на своите слики го усклади својот ментален свет и бурен темперамент.”Гледајќи ги нејзините најнови дела, уште сум убеден и уверен дека моите некогашни зборови се “пророштво”!...

Continue reading

hor

Дански културен настан во Охрид

Post Views: 3 Општина Охрид и НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид заеднички организираат концерт на “Хорот Копенхаген” од Данска. Концертот ќе се одржи на 29-ти Мај (Четврток) во 18:00 часот во Центарот за култура во Охрид. Влезот е слободен. Хорот Копенгаген е формиран во 1951 година и има богато концертно искуство. На Програмата се дела од скандинавски автори, како и на Хендл и Вивалди.На концертот ќе настапи и Градскиот Хор од Охрид. {loadposition content9}

Continue reading

svr

Кривична пријава за лице осомничено за опожарување во општина Дебрца

Post Views: 5 СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Б.С.(58) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени „тешки дела против општата сигурност“. Имено на 18.03.2014 година пријавениот во атарот на селата Арбиново, Лактиње и Годивје, со запалка опожарил тревна површина по што за кратко време огнот се проширил на околната шума предизвикувајќи имотна штета и опожарување на 25.000 м2 дабова и борова шума кај селото Арбиново, околу 30.000 м2 сува трева и шума кај селото Лактиње како и опожарување на околу 10.000 м2 млада шума и сува трева во атарот на селото Годивје. {loadposition...

Continue reading

patronat Hristo

ОУ „Христо Узунов“ со богата програма го одбележа својот патронат

Post Views: 4 „Горди сме што го носиме името на еден од хероите на македонската историја“, со овие зборови директорот на основното училиште „Христо Узунов“, Тони Симоноски го појасни значењето на одбележувањето на патрониот празник на  училиштето. Тие својот патронат го одбележаа со дводневни активности и тоа посета на куќата на Христо Узунов, положување на цвеќе на бистата во нивниот училишен двор, како и бистата на херојот во градскиот парк. Чествувањата ги продолжија со организирање на уметничка изложба на дела од поранешни и сегашни ликовни педагози од училиштето, како и дела...

Continue reading

svr krivicna

Стружанец во притвор поради разбојништво

Post Views: 1 Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Разбојништво“,  и „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга против И.Л. (25) од Струга поднесе кривична пријава. Него основниот суд во Струга му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. На 23-ти овој месец во 09 часот и 25 минути, сега притворениот И.Л.  со капа фантомка и со пиштол во раката влегол во менувачницата „К-Виса“ лоцирана во градскиот пазар во Струга и од вработената ги побарал парите од сефот. Потоа тој заканувајќи и се со...

Continue reading

krazba

Тешка кражба во Охрид

Post Views: 9 Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнени дела „Тешка кражба“, СВР Охрид против Р.Ф. (21) и Д.Т. (17) двајцата од Охрид поднесе кривична пријава. Пријавените, во периодот од 25-ти март до 4-ти април оваа година извршиле серија тешки кражби насилно отворајќи автомат-кафемати на неколку локации во Охрид. Користејќи метален мајсторски подесен алат како и физичка сила, пријавените го кинеле држачот од катинарите, ги оштетувале бравите и ги отварале автомат-кафематите од каде ги одземале парите. На тој начин, двајцата пријавени од кафематите кај Студенчишта,...

Continue reading

Полски свештеник тврди дека ѓаволот му праќа смс пораки

Post Views: 6 Свештеникот Marian Rajchel од полскиот град Јарослав, кој во егзорцистички обред го истерувал ѓаволот од една девојка, сега тврди дека ѓаволот му се јавува лично и тоа со смс пораки. Рекол дека прима пораки полни со омраза, а уверен е и дека ѓаволот ја користи опседнатата тинејџерка за да го нападне, пишува Daily Mail. “Авторот на овие пораки е зол дух кој ја запоседнал девојката”, рекол свештеникот. Често сопствениците на мобилни телефони не знаат дека тие можат да се користат и во вакви цели, но во овој случај е јасно, тврди свештеникот Rajchel. Истакнува дека ѓаволот...

Continue reading

svr Ohrid

Двајца кичевчани „оперирале“ низ Охрид

Post Views: 10 Поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно 17 казнени дела „Кражба“ и „Тешка кражба“ СВР Охрид  поднесе две кривична пријава против А.Ф. (27), Б.Р. (27) двајцата од Охрид како и А.Е. (19) и Е.Б.(37) двајцата од Кичево. Пријавените А.Ф. и Б.Р. кривичните дела ги извршиле во текот на изминатите два месеца со насилно кршење на вратите и прозорците. Така од објектот каде се наоѓаат водните пумпи за општината Дебарца бесправно одзеле електромотор со кабли, потопна пумпа, наставци за метални цевки и неколку рачки за округли шибери. Двајцата пријавени од работна...

Continue reading

Dimce Janko

Почина познатиот македонски резбар Димче Јанко

Post Views: 12 На 94 годишна возраст  почина познатиот македонски  резбар Димче Јанко.  Јанко е роден во Охрид, на 21 октомври 1919 година.  Тој е еден од најплодните мајстори на полето на копаничарството во Македонија. Потекнува од повеќечлено семејство, од татко Јане и мајка Лојза. Во 1934 година ја напушта гимназијата и се запишува во Резбарското училиште во Охрид, оддел резбарство. Во 1947 година завршува мајсторски испит по резбарство во Пловдив, Бугарија. Од 1947 до 1962 година Димче Јанко работи во фондацијата на Св. Богородица (Перивлепта), потоа во ателјето за уметничка резба...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top