Ознака: дела

policija

Сузбивање на насилството и подобрување на јавниот ред и мир, приоритетите на СВР Охрид во оваа година

Post Views: 1 Свр Охрид максимално ќе биде ангажиран и во новава година. Новиот вршител на должност, началник на СВР- Охрид, Зоран Сарафилоски рече дека приоритет ќе му биде сузбивањето на насилството за што и лично ќе се завземе. Сарафилоски најави дека со жестоко темпо ќе продолжат и активностите за сузбивање на тешките облици на кршење на јавниот ред и мир.– Ќе бидам присутен на терен, ќе ги согледувам состојбите, ќе преземам мерки, а при тоа ќе нема прикривање на фактите. Ќе бидеме објективни и секогаш достапни за медиумите и јавноста, рече Сарафилоски.Портпаролот на СВР...

Continue reading

mozaici

Амамот Воска нов галериски простор во градов

Post Views: 10   18 прекрасни мозаици изработени од 15 уметници од нашава земја и соседна Србија од вечерва ќе бидат ставени пред очите на охридската публика. Овие неповторливи уметнички дела, изработени од разнобојни камчиња кои создаваат една прекрасна целина се поставени во Амамот Воска. Овој автентичен амбиент со мозаиците во него ќе ги врати посетителите во времињата назад кога овој амам бил масовно посетуван од жените кои се разубавувале таму и уживале во миговите кои биле само нивни, вели Ели Аин, раководителот на центарот за културен проток, АртЕрија. Овој нов изложбен простор...

Continue reading

zatvor

Не е само до казните, потребна е ресоцијализација на престапниците

Post Views: 0 Сигурно сте ја слушнале во соопштенијата на СВР-Охрид, често употребуваната фраза „сторителот на делото и е добро познат на полицијата.“ И тоа навистина е така. Според бројките на СВР, добар дел од престапниците кои извршиле некое кривично дело, повеќе од еднаш се сторители на такви дела. Во  периодот од 2001та до 2011 година, овие бројки рапидно се зголемувале и тоа од 623 престапници-повторувачи во 2001та до 1435 во 2011 година за територијата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар. За среќа, годинава во изминатите 9 месеци, оваа тенденција, барем во Охрид е различна. „Само...

Continue reading

sliki karavan

Ликовниот караван „Најубавите мои сништа“ доаѓа во Охрид

Post Views: 4 Прекрасните слики, скулптури и графики на Интернационалниот ликовен караван конечно во Охрид. Оваа ликовна изложба која традиционално се одржува секоја година по завршувањето на Струшките вечери на поезијата, откако ги воодушеви стружани, сега доаѓа да го освои и Охрид. Се работи за вкупно 35 дела кои вклучуваат слики, графики и скулптури на уметници од Македонија, Србија, Германија, Бразил, Унгарија и Русија. „Овој циклус ќе трае десет години, до 2020 година. Првата беше интересна за жените тема, „Жената-најфината творба на природата“, а и оваа тема. Многу уметници...

Continue reading

изложба

Човекот е среќен само кога работи

Post Views: 19 „ Кон среќата“ е најновиот наслов на изложените дела создадени од вредните раце на скулпторот Трајко Дурчовски.  Авторот вдахнал уметнички живот на педесетина дела изработени од материјал кој во друг случај би завршил на отпад за старо железо.  Изработил фигури од метал , но и во мешана комбинација метал-дрво, луѓе во работни  акции, како што се спортисти, музичари, ковачи, работници. Меѓу изложените дела има и скулптури поврзани со актуелни теми од нашето секојдневие. Така, меѓу металните фигури Дурчовски изработил  скулптура на инкасатор кој чита електричен  струјомер....

Continue reading

Cyprien Katsaris

Сипријан Кацарис на „Охридско лето“

Post Views: 6   Овој кипарско-француски пијанист, за прв пат на „Охридско лето“ настапил во 2007-та година. Кацарис не го криеше своето воодушевување, што настапува во простор како што е црквата Св.Софија, бидејќи на својот роден Кипар, тоа едноставно не било возможно. Тој додава дека да се настапува во ваков монументален објект, за него претставува вистинско доживување. „Акустиката е неверојатна, јас секогаш го правам ова пред да започнам со изведбата, и гледам дека постои природна акустика. А знам што зборувам кога говорам за фестивалите, бидејќи триесет години бев уметнички директор...

Continue reading

izlozba crven krst

Во ОО на Црвен крст формиран клуб за цртање

Post Views: 7 Идејата за формирање на клуб за цртање ја реализираше Филип Стојкоски студент од трета година, заедно со триесеттина волонтери. Овој тим на млади уметници изминативе два месеци ги надоградуваа своите таленти во разни техники и модели на креативно изразување.  „Нашата цел беше да направиме нешто што ќе биде блиску до луѓето, а не да покажеме висока уметност која би била за затворен круг на луѓе“, вели Стојкоски за ТВМ. „Јас преку оваа акција сакам да ја промовирам потребата за неформална едукација. Затоа сакав да организирам нешто на тоа поле. Изненаден сум многу во...

Continue reading

hor

Хорот ќе одржи целовечерен концерт

Post Views: 3   „На програмата ќе бидат дела од повеќе автори, репертоарот е разновиден, меѓу охридски и староградски песни ќе испееме и дела од познатите конпозитори, како што се Стеван Гајдов, Трајко Прокопиев, а ќе пееме и дела од светската хорска литература и дела од ренесансата и популарни дела“, вели раководителот и диригент на градскиот Хор, Александар Димовски. Мешаниот градски хор повеќе години работи во склоп на Центарот за култура. Може да се пофалиме со многу квалитетен хор кој досега има настапувано на многу манифестации како во земјава така и во странство каде забележува...

Continue reading

seme

Денот на книгата постхумно посветен на Ташко Георгиески

Post Views: 0  Со изложба на делата на академик Ташко Георгиески во Охрид се одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право. НУ библиотека „Григор Прличев“ постхумно во чест на Георгиески направи изложба на неговите литературни дела. За да му одадат почит и да се потсетат на делата на познатиот македонски раскажувач, романсиер и филмски сценарист во библиотеката беа присутни голем број почитувачи на неговите книжевни дела.   За неговиот книжевен опус, осврт направи директорката на НУ „Григор Прличев“, Александра Белевска. Авторот Георгиески беше член на МАНУ, на ДПМ, на ПЕН....

Continue reading

komisija

Награди за најуспешните

Post Views: 29 Славица Танеска, ученичка во седмо одделение во ОУ “Григор Прличев“, Јулија Митревска ученичка во осмо одделение во ОУ “Григор Прличев“ и Христина Ристеска од ОУ “Кочо Рацин“, се добитнички на првата , втората и третата награда на распишаниот ликовен конкурс од страна на Здружението на граѓани Богојавление. Тие не го криеја задоволството од добивањето на едно вакво признание.На конкурсот кој го распиша Богојавление уште пред три месеци  биле испратените 60 цртежи од учениците од сите основни училишта во општина Охрид. Ликовниот уметник Славко Упевче, член на комисијата...

Continue reading

pres

Нова лавина обвинувања кон Петрески

Post Views: 2 Напад на семејниот буџет. Ова е сублимиран израз на претседателот на ОК ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, во врска низата поскапувања на комуналните услуги и водата во градов. И се тоа како вина го препиша на самоволието на градоначалникот Александар Петрески. Според Михаилов, Петрески прави очајнички напори да ја дефокусира јавноста во Охрид од кашата која ја готви и кој се токми да го сокрие скандалозното продавање на Проаква.Михаилов потенцира дека тие очекуваат интензивирање на работите околу реконструкцијата на болницата и дека чекањето и неизвесноста ќе им се исплати...

Continue reading

nadzorna kamera

Раката на законот кратка за сограѓаните со лепливи прсти

Post Views: 8 Крадењето е секојдневие во Охрид. Нема да кажеме ништо ново со информацијата  дека кражбите се зачестена појава во градов. Се краде насекаде, во становите, во куќите, во институциите, во продавниците, во хотелско угостителските капацитети, како и во добро обезбедени објекти. Сограѓани,  внимавајте добро, па дури и кога сте на работното место. Крадците не бираат место и начин како да дојдат до својот плен. На записите од видео надзорот, регистрирани во два наврати во нашава телевизија за краток временски период, повеќе од јасно се гледа се. Проблематичната Џемиле позната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top