Ознака: Дебрца

pregled

Здравствени пунктови во селата на Охрид и Дебрца

Post Views: 0 Раководството на Здравствен дом бара од градоначалниците на Охрид и Дебрца простории каде би функционирале здравствени пунктови во селата. Во изминатиов период, односно од почетокот на Јануари 2014, ЈЗУ Здравствен Дом Охрид го спроведува проектот на Владата на РМ „Рурален доктор“ на подрачјето на општините Охрид и Дебрца. Здравствениот дом  организира вршење на примарна  здравствена дејност, согласно утврдена Програма, при што лекарски тимови ги посетуваат сите села во двете Општини. Медицинскиот тим врши лекарски прегледи, советувања и други видови здравствени услуги...

Continue reading

лого

ЈП за комунална дејност “Дебрца” информира за зголемена наплата

Post Views: 7 ЈП за комунална дејност “Дебрца” вложува напори за подобрување на финсиската состојба на претпријатието и подобрување на услугите што ги врши врз основа на дејноста и тоа снабдување со вода за пиење и собирање на отпад. Во почетокот на 2014 година, видно е зголемувањето на наплатата на сметките за комунални услуги на ЈП за комунална дејност “Дебрца”. Во овој период наплата е зголемена за 10% за разлика од ланскиот период. Зголемената наплата од потрошувачите пред се се должи на подобрувањето на услугата, зголемената доверба од потрошувачите, набавката на нови контејнери...

Continue reading

ЛС Дебрца

Рудник за манган ќе се отвара во општина Дебрца

Post Views: 6 Во општина Дебрца наскоро ќе стартува со работа рудник за ископ на манган.  Интензивно се работи на пробивање на пристапен пат до ископот на рудата над селото Врбјани.  Во првата година се планира да се експолатираат 60.000 тони руда за Скопска железара, информира градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски. Во наредниот период ископот на руда ќе се зголеми за 4 пати повеќе од првата година, додава Трајкоски.   „ Во моментов работиме на отварање на рудник во Стогово кој ќе значи многу и за општината и за населението. Ќе се отвараат нови работни места со кои ќе...

Continue reading

ЛС Дебрца

Општина Дебрца ќе урбанизира десетина села

Post Views: 9 Општина Дебрца ќе  урбанизира повеќе селски населби кои се без урбанистичка планска документација.  Обезбедени се 17 милиони денари од Ипард програмата и 3 милиони денари од сопствениот општински буџет. 20-те  милиони денари ќе бидат вложени во изработка на урбанистички планови кои треба да бидат готови за една година. На тој начин се планира да се урбанизираат селата Волино, Велмеј, Злести, Слатино, Горно и Долно Средорече, Климештани, Лактиње и Црвена вода. Недостокот од урбанистички решенија за селата ги попречува руралните средини во стопанскиот и туристичкиот  развој,...

Continue reading

Бактериолошки неисправна водата за пиење во три села во Дебрца

Post Views: 5 Бактериолошки неисправна вода за пиење има во три села во Дебрца, покажуваат последните анализи од Центарот за јавно здравје -Охрид. Од таму препорачуваат забрана за употреба на водата за пиење од водоводите во селата Климештани, Требеништа и Мешеишта. Игор Крцоски, директор на Јавното комунално претпријатие Дебрца, информира дека се преземени активности за решавaње на проблемот со водоводот во село Требеништа кој е под нивна надлежност. „Во Требеништа водоводот е во сопственост на ЈКП и имаше бактериолошка неисправност на водоводната мрежа. Во саботата направивме хиперхлорирање...

Continue reading

sdsm

ОО на СДСМ Дебрца, го промовираше Центарот за комуникации

Post Views: 0 ОО на СДСМ Дебрца, го промовираше Центарот за комуникации, преку кој во иднина ќе ја информира јавноста за сите партиски активности. Портпаролот Ангел Секулоски на првиот прес се задржа на забелешките кои ги имаат кон актуелното раководство на ВМРО – ДПМНЕ на Дебрца, предводено од градоначалникот Игор Трајковски. Според него владеачкиот режим на Трајкоски претставува чин на грубо кршење на основните човекови слободи и права, политичка дискриминација и реваншизам. Како пример за тоа ја наведе состојбата на претседателот на ОО на СДСМ раководен државен службеник во Локалната...

Continue reading

memorandum penzioneri

Здруженијата на пензионери од повеќе градови потпишаа меморандум за соработка и играа шах

Post Views: 13 Пензионерите од Охрид, Дебрца, Струга, Кичево, Ресен и Демир Хисар денес одржаа еден турнир во шах за мажи и жени. Тие си ги одмеруваа силите во овој древен спорт во чест на големиот христијански празник, „Свети Климент Охридски-Чудотворец“. Учесниците на турнирот добија признанија, како и благодарници за здруженијата на пензионери за учество во турнирот, додека екипите за освоени први,  втори и трети места ќе добијат дипломи и пофалници. Воедно здруженијата на пензионери потпишаа и меморандум за меѓусебна соработка. Пензионерите денес беа посетени и од страна на заменик-градоначалникот...

Continue reading

spomenik

Одбележани 69 години слободен Охрид од фашистичката окупација

Post Views: 24 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, значаен историски датум беше одбележан со одавање почести на жртвите паднати за слободата на градот. На свечената седница беше одржан историски час на кој Никола Стефаноски, потпретседателот на Сојузот на борци на Охрид и Дебрца, се наврати на значењето на 7-ми Ноември. Потсети на 40- тината млади борци  кои своите животи ги положија за слободата. „Заедно да го споделиме  споменот во одбележувањето на датумот кој го чува и означува времето кое треба да го паметиме и да не го заборавиме“, им порача на присутните во своето...

Continue reading

zimsko odrzuvanje

Институциите подготвени, за зимското одржување на патиштата

Post Views: 9 Општините Охрид и Дебрца подготвени за  одржување на патиштата во претстојната зимска сезона. Сите надлежни субјекти инволвирани во одржување на безбедноста на патиштата во зимски услови преземаат мерки за поголема ефикасност, навременост,  подобра координираност и информираност за состојбите со снежни врнежи  на регионалните и магистрални патишта на целото подрачје што го покрива СВР Охрид.  Набавени се доволни количини абразивни средства за зимско одржување на коловозите, дефинирани се приоритетните сообраќајници за целосно и беспрекорно одржување и чистење. Механизацијата...

Continue reading

Слатинско езеро

Неизвесна судбината на Слатинско Езеро

Post Views: 2 Слатинското езеро сeуште е во незавидна ситуација. По катастрофалното оштетување на браната и  истекување на водите од Слатинско Езеро во месец март, и по шест месеци,  неговата судбина е неизвесна.  Додека жителите од средна Дебрца и концесионерите на реките и вештачките езера  очекуваат негова поправка и полнење со вода, од ресорното министерство молк. Во месец јуни  општина Дебрца до Министерството за земјоделство, шумарство и  водостопансто доставила барање за негова санација, вели градоначалникот  Игор Трајкоски. „Сеуште немаме одговор кога ќе се санира. Заменикот...

Continue reading

crven krst

Над 500 семејства во Охрид и Дебрца се социјално загрозени

Post Views: 0 Во Охрид и Дебрца евидентирани се над 500 социјално загрозени семејства. Ова го покажуваат податоците на Центарот за социјална работа. Поради строгите критериуми за доделување еднократна или постојана помош, бројот на евидентирани семејства  според центарот во последните пет години се намалува, но се поголем е бројот на семејства кои бараат помош во охридскиот Црвен крст. По повод Светскиот ден на гладта и Неделата на борба против гладта, Црвениот крст спроведува кампања за помош на социјално најзагрозените семејства. Ние правиме напори да им помогниме на семјставата...

Continue reading

Debrca

Уникатноста на црквите и градбите од Дебрца претставени пред охриѓани

Post Views: 6 Во јавноста многу малку е познат фактот дека и дел од Дебрца е ставен под заштита на Унеско. На овој простор има голем број цркви и манастири кои долго време се истражувани од охридските историчари на уметност. Научно истражувачката работа тим од Завод  и Музеј резултираше со изложба од истражувањата на  терен.  Внатрешноста на овие сакрални објекти се исполенти со велелепни фрескоживописи и иконографија што зборува за умешноста и генијалноста на македонските зоографи, вели Гоце Ангеличин Жура, историчар на уметност  од охридскито Завод и Музеј. Жура во соработка  со...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top