Ознака: Дебрца

Предлог одлука за Белчишко блато

Post Views: 22 Се донесе предлог одлука, Студенчишко блато да се прогласи за Парк на природата. Оваа одлука, Советот на Општина Дебрца ја носи врз основа на Студијата за валоризација на Белчишкото Блато, со што и официјално се иницира постапката за добивање на заштитен статус, согласно националното законодавство. Одлуката и Студијата ќе бидат доставени до Министерството за животна средина и просторно планирање.

Continue reading

Ученици од ОУ „Дебрца“ и нивни врсници од други земји се дел од проектот „Амбасадори на културата“

Post Views: 9 Златната маска од Требеништа, антички некрополи, средновековни цркви, старохристијански сакрални објекти, наслеби од бронзено, железно, хелинистичко и римско време се само дел од културните богатства на територијата на Дебрца. 21 локација и објекти од Дебрца се запишани во  државниот регистар со статус на културно наследство. Ученици од предметна настава од ОУ „Дебрца“ во село Белчишта активно се вклучени во откривање на убавините на културното наследство од нивниот крај. Заедно со нивни врсници од Португалија, Романија, Бугарија и Турција, тие се дел од проектот „Амабасадори...

Continue reading

Општина Дебрца објави конкурс за доделување ученички и студентски стипендии

Post Views: 1 Општина Дебрца објави конкурс за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца, запишани на јавните и приватните средни училишта во Македонија, како и на редовни студенти од општина Дебрца, запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Македонија за учебната 2021/2022 година.Повеќе информации на следниот линк

Continue reading

Обуки на наставници од Охрид и Дебрца за работа со ученици со лесна попреченост

Post Views: 9 Обуки на наставници за работа со ученици со лесна попреченост за целосна инклузија на тие деца и полесно совладување на наставниот материјал се спроведуваат деновиве во Охрид и Дебрца. Обуките ги реализира НО Ресурсен центар од Скопје во рамки на проектот „Include me in“ од Еразмус + програмата. Носител на проектот е ОУ„ Дебрца“, а партнери се училишта од Кападокија Турција и Романија. Фокусот на активностите е врз децата со лесна попреченост во развојот и деца од социјално ранливи семејства да се овозможи нивна максимална вклученост во училишната средина, вели  Далиборка...

Continue reading

Снегот остави без струја повеќе планински села во Дебрца и Струга

Post Views: 3 Голем број планински села во охридско струшкиот регион и понатаму без електрична енерија по снегот и дождот кои наврнаа викендов и предизвикаа проблеми со напојувањето во југозападниот регион. Најдолго без струја останаа селата во Горна Дебрца, Годивје, Лактиње, Арбиново, Мраморец, Турје и Сливово, информираат од Центарот за управување со кризи. Од Евн Македонија информираат дека екипите на Електродистрибуција без прекин работат во многу лоши временски услови и непристапен терен. Во моментот работат на санација на дефект на 10 кВ далекoвод и очекуваат да се нормализира...

Continue reading

Украдено „Порше“ пронајдено во Дебрца

Post Views: 6 На 01.03.2022 година во 10:35 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, во близина на селото Песочани, општина Дебрца, пронајдоа патнички автомобил „Порше” без регистарски ознаки. Истото во текот на 2021 година било украдено од жител на Битола по што била распишана централна потерница. Возилото е обезбедено за понатамошна постапка – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Continue reading

Со грант од ЕУ, Општина Дебрца доби канти за собирање комнален отпад со што започнува организираното подигање комунален отпад

Post Views: 9 Во некои од селата во средна Дебрца, деновиве пристигнаа кантите за собирање отпад кои општината ги обезбеди преку грант во рамките на Проектот „Унапредување на општинското владеење“’, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Исто така дел од кантите се распределени и во селата од Горна Дебрца ( Врбјани, Годивје, Лактиње, Арбиново ). Садовите за собирање на комнален отпад се распоредени врз основа на претходно утврден план од Јавното претпријатие и се поставени на јавни површини, со што и во овие села...

Continue reading

Интензивни активности за подобрување на патната инфраструктура во Дебрца

Post Views: 5 По повеќекратните барања од советот на Општина дебрца и градоначалникот на општината до Јавното претпријатие за државни патишта, даден е налог за изведба на банкините на Регионалниот пат Р29273 Ботун-Брежани-Железнец, активност потребна за рехабилитацијата на регионалниот пат во 2017 година, со што граѓаните со години се соочуваа со отежнато одвивање на сообраќајот и оштетување на возилата. Деновиве ЈП “Македонија Пат” со помош на општинската механизација на Дебрца, започна со изведба на банкините на делницата Ботун-Белчишта, во должина од 2,5 км и делницата Белчишта...

Continue reading

Општина дебрца го одбележува втори февруари – Светскиот ден на водните живеалишта

Post Views: 14 По повод 2 февруари – Светскиот ден на водните живеалишта, „ЕКОТУРИЗАМ 2016“ Охрид како организатор и Општина Дебрца како домаќин, заеднички ќе го одбележат настанот „КОН ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ СО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, СТУДЕНЧИШКО БЛАТО И БЕЛЧИШКО БЛАТО“. Во агендата за овој еколошки важен датум се предвидени презентации за студиите за валоризација на овие важни екосистеми, прикажување на едукативно-документарен филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“, како и јавна дискусија и дегустација на традиционални специјалитети. Во одбележувањето ќе се придружат Министерството...

Continue reading

ОПШТИНА ДЕБРЦА МАКА МАЧИ СО ДИВИТЕ ДЕПОНИИ

Post Views: 5 По уредувањето на дивата депонија во местноста “Царо Поле”, село Ново Село, службите на Општина Дебрца започнаа со чистење и уредување на уште една поголема депонија во општината, лоцирана во непосредна близина на распределителната градба на река Сатеска, на влезот од село Волино. Простор кој претставуваше грда слика и на кој беа депонирани поголемо количество на градежен шут, комунален и инертен отпад, кој претходно на неколку наврати го чистеле комуналните служби на Дебрца. Од општината децидни, против сите оние кои ќе бидат затекнати во деградација на исчистениот...

Continue reading

Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески упати честитка по повод “Св. Климент Охридски”

Post Views: 3 Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески по повод празнувањето на Св. Климент Охридски, упати честитка до сите православни христијани.Со зборови си ги упатил народите кон верата Божја, со делата си се издигнал, преблажен, кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат со вера кон Тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија. Заради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте. Слава Тебе Клименте ! Честит празник ! – се вели во честитката на Ногачески.

Continue reading

Општина Дебрца продолжува со чистење на одводните канали, речните корита, а се чистат и дивите депонии

Post Views: 7 Градежната механизација на Општина Дебрца и јавното комунално претпријатие продолжуваат со чистење на одводните канали во Општина Дебрца, а истовремено привршува и обемната активност за чистиење на дивите депонии во неколку селски средини. Изминативе неколку дена во селото Белчишта беше исчистен одводен канал во место викано “Чунејнца”, во должина од околу 400 метри, се спроведе чистење на речното корито на Голема Река, на делниците: Манастир “Св.Атанасије” – Д.Средорече ( околу 400 метри ) и Манастир “Св.Атанасије”-селска воденица ( 500 метри ), во село Оровник, чистење...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top