Рудник за манган ќе се отвара во општина Дебрца

Рудник за манган ќе се отвара во општина Дебрца.

 |  Валентина Неловска  | 
ЛС Дебрца
ЛС Дебрца

Во општина Дебрца наскоро ќе стартува со работа рудник за ископ на манган.  Интензивно се работи на пробивање на пристапен пат до ископот на рудата над селото Врбјани.  Во првата година се планира да се експолатираат 60.000 тони руда за Скопска железара, информира градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.
Во наредниот период ископот на руда ќе се зголеми за 4 пати повеќе од првата година, додава Трајкоски.  

„ Во моментов работиме на отварање на рудник во Стогово кој ќе значи многу и за општината и за населението. Ќе се отвараат нови работни места со кои ќе се решат  егзистенцијалните проблеми на населението.“
Белчишта
Неофицијално, во рудникот за манган  се планира да се отворат околу 200 нови работни места. Оваа инвестиција ќе овозможи враќање на младите семејства во оваа општина, смета Трајкоски. Според последниот попис општина Дебрца  брои  5.500 жители. Како и сите рурални населби и оваа општина се соочува со низок наталитет. На вчерашната седница на советот одлучено е општината да  доделува  еднократна парична помош во висина од 5000 денари за семејствата кои ќе добијат новороденче. Градоначалникот Трајкоски смета дека со отварање на нови работни места ќе се зголеми и наталитетот во општината. Работат  и на подигање на еколошката свеста кај дебрчани во однос на одведување на комуналниот отпад.  За потребите на комуналното претријатие, кое е во финансиска загуба во висина од 3 милиони денари, се инвестирани во обнова на механизацијата  3, 7 милиони денари, кажува Трајкоски.

„ Ние како ЛС дадовме многу од наша страна за набавка на опрема на Јавното претпријатие за набавка на алатки за тековно одржуавње за чистота на патиштата, садови за собирање на комунален отпад. Најново се набавени возила за зимско одржување и за тековно одржување на јавната чистота на општината. Целта е да се подигне стандардот на живеење во општината.“

Во општината комуналната хигиена постојано се подобрува. Жителите  на Дебрца се повеќе го почитуваат законот и навиките за правилно одлагање на комуналниот отпад , напоменува Трајкоски. Цената за ѓубрарина во Дебрца се плаќа паушално и  е во висина од  150 денари.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top