Ознака: двор

cveka

Дворот на ОУ „Св Климент Охридски“, пролетно уреден

Post Views: 1 Цвеќина и садниции во дворот на ОУ „Св Климент Охридски“. Хортикултурното уредување во дворот на училиштето кое што го прави ЈП Охридски Комуналец е дел од проектот 40 зелени катчиња, како што нагласи првиот човек на претпријатието Елена Скрческа. „Тоа е една акција која што сакаме да помогниме во однос на изгледот на нивниот двор на површина и осетот на учениците за нешто убаво  уште од помала возраст. Во училиштето најдовме еден неуреден простор и сакавме истиот да го уредиме, донесовме поголем број на садници, цветни и зимзелени – објаснува Скрческа. Цветните...

Continue reading

ukrasuvanje

Доделени наградите за најубав двор или тераса

Post Views: 1 Денес општина Охрид на трите семејства кои учествуваа на конкурсот за „Најубаво украсен новогодишен двор или тераса“ им ги додели наградите. Добитници се Иванка Гигер прва награда, Ристо Димоски втора и Фанија Станкоска трета награда. Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, истакна дека оваа активност на Локалната како дел од програмата за одбележување на Нова Година, побудила голем интерес кај охриѓани. Додаде дека тоа е доказ оти сите сограѓани сакаат Охрид за време на празниците да биде запаметен како прекрасно украсен град. „Јас ќе ја искористам приликата...

Continue reading

dekor

Во дворот на Гигерови владее предпразнична атмосфера

Post Views: 15 Празнична пред новогодишна магија блика од домот на семејството Гигер во Охрид. Бројни лампиони, светлечки кристали, осветлени елки и неизбежните зимски реквизити Снешко, Дедо мраз со санка и еленчиња се дел од веселиот декор.  Иванка и Бруно Гигер за да ја постигнат празничната атмосфера во дворот на нивната семејна куќа потрошиле 10 дена креативна работа или по 5 часа дневно. Иванка се радува на конкурсот со кој  Локалната самоуправа ќе ги наградува најдобро украсените дворови на охриѓани.„ Во Охрид почнале повеќе да се интересираат  и гледам доста балкони и дворови...

Continue reading

ukraseno

Започна трката за најубаво украсен двор

Post Views: 1 Почнува трката за најубаво украсен двор, балкон, куќа за новогодишните и божиќните празници. После една година пауза општина Охрид ја продолжува оваа традицијата. Според Томе Џамтоски портпаролот на општина Охрид, годинава направена била мала измена, со тоа што право на учество на повикот за избор на најубаво украсен новогодишен имот ќе имаат исклучиво само граѓаните. „ За оваа година конкурсот ќе гласи „Најдобро украсен двор или балкон, значи објектот во кој живеат оној што ќе аплицира за оваа награда. Апликациите можат да се достават во архивата на општина Охрид со...

Continue reading

дрвце

Засадени дрвца и донирани книги од поранешни ученици од генерацијата 1948/49 од ОУ Григор Прличев

Post Views: 1 Зимзелени садници и донација на книги за училишната библиотека во ОУ „ Григор Прличев“  подарија група поранешни ученици од генерацијата 1948 /1949 година. Сега возрасни луѓе заедно се навратија на возбудата од првиот училишен ден, а се присетија и на нивните  учителки. Ружди Муфти раскажува за неговата  учителка Тинка Најденова, прекрасна жена,  која се грижела за сите свои ученици и всадила кај нив морални вредности, како што се меѓусебно пријателство и љубов кон постарите и училиштето. Потврда за тоа е неодaмнешната генерациска средба на 50 -тина ученици од ова училиште...

Continue reading

ukrasen izlog

И дуќаните во чаршијата во духот на Новата година

Post Views: 16 Се одбројуваат деновите до најлудата ноќ во годината. Охрид традиционално е еден од најукрасените градови во државата. Светкави украси, лампиони, сијалички…навидум безначајни предмети кои го подигнуваат празничниот дух на најдобар можен начин. Новогодишната еуфорија ги понела и охридските дуќанџии, па тие ги дотерале излозите на своите бутици во духот на она што претставува Нова година. Некои повеќе, некои помалку креативни, но со подеднаква желба да ја доловат празничната магија и да ги привлечат купувачите во своите дуќани. „Јас мислам дека ако еден дуќан е...

Continue reading

украси

Оживејте ја празничната магија

Post Views: 2 Иванка и Бруно Гигер во дворот на нивната семејна куќа  во населбата Радојца Новичиќ направија магична новогодишна  атмосфера. За да го оживеат празничниот дух, го  украсија својот дом. На вредниот брачен пар му биле потребни 8 дена, многу лампиони, новогодишни реквизити и над 500 метри сијалички и  светлечко црево. Повеќето од реквизитите ги имаат со години и секоја година ги надополнуваат со по некој нов украс, објаснува Иванка. Оваа идеја започнала од нивните деца во Швајцарија каде што брачниот пар живеел повеќе од 20 години, а сега тие го  продолжуваат обичајот...

Continue reading

dvor

Љубов , време, нега и пари

Post Views: 8 Трендафили, сардели, бегонии, вистински цветен рај. Ова е дворот на Чеповска Венера која за својот труд и љубов кон цвеќињата и природата доби прво место од женското здружение Бисера за најубаво уреден двор. Венера вели дека оваа награда многу и значи бидејќи е потврда за се она што го прави околу уредувањето на ова нејзино катче. Таа не штеди време за да ги засади и одржува цвеќињата бидејќи ги обожава и тоа сите. Ако сакатае да имате убаво уреден двор треба да работите најмалку 2 до 3 часа дневно во текот на сезоната, а на почетокот на пролетта и по цел ден, вели Чеповска. Венера...

Continue reading

Dimce maturant

По пет децении средба пропратена со емоции

Post Views: 12 Генерацијата економисти од учебната 1961-1962 година го одбележаа јубилејот 5 децении од матура. Многу возбуда, насолзени очи и прегратки споделија некогашните соученици од оваа генерација на економското училиште. Сега возрасни луѓе навлезени во седмата деценија од животот со голема возбуда се потсетија на времето од своите средношколски денови.    „Ми се чини како да бевме пред 5 години во  овој школски двор. Поголем дел од соучениците не се тука некои  заради староста, а некои  од други причини, но атмосферата на средбата е полна со возбуда и емоции“ вели организаторот...

Continue reading

акција

Еколошка акција во ОУ „Кочо Рацин“

Post Views: 1 По повод Денот на пролетта- 21ви Март во ОУ Кочо Рацин – Охрид беше организирана еколошка акција – уредување на училишниот двор и училишните простории. Дел од учениците го чистеа училишниот двор од отпадоци а други садеа цвеќиња во саксии кои ќе ги разубават просториите во училиштето. Акцијата беше организирана во насока да се едуцираат младите генерации за одржување на чиста и убава животна средина.  {loadposition content9}

Continue reading

banani

Охридски мали зелени банани

Post Views: 44 Три метарско стебло на банана во цветниот двор на охриѓанецот Нијази Махмуд. Покрај украсните цветни билки, лозницата, кивите и  палмата тој одгледува и банана. Годинава, егзотичното дрво родило и мали зелени плодови. Пред шест години Махмуд дрвото го донесол во саксија од соседна Грција и го засадил во својот двор. Објаснува дека за одгледување на дрвото банана претходно немал познавања. Во зима го покривал со сламa а стеблото през  годината го прихранувал со природно ѓубриво. За одгледување на стеблото банана учел од свое искуство, но и споделувал знаења со охриѓани...

Continue reading

park

Цвеќињата од градските паркови завршуваат во приватни дворови

Post Views: 7 Се крадат садници од градските паркови во Охрид. Познато е дека пред еден месец ЈП „Охридски Комуналец“ се нафати да ги уреди парковите низ градот. Тоа го направи со сезонско насадување на  околу 13 000 атрактивни цветни растенија. „Целта на ваквото уредување е Охрид за престојната сезона да биде разубавен и хортикултурно уреден“, велат од јавното претпријатие. Одговорниот на Градски паркови, Трајан Љаткоски вели не е чесно да се уништи дел од општото добро за градот за сметка на еден или неколку дворови. Утринските часови се најкритични, потенцира Љаткоски. Тој додаде...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top