Ознака: Григор

НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре ќе го одбележи Светскиот ден на книгата

Post Views: 6 По повод 23 Април Светскиот ден на книгата и авторското право утре во 12 часот во охридската библиотека ќе се одржи пригодна свеченост со богата и интересна програма. Најпрво пред присутните ќе бидат прочитани пораките на Одре Азуле, генералниот директор на УНЕСКО а потоа и македонската порака која годинава ја напиша познатиот режисер, писател и фотограф Милчо Манчевски. Ќе следи презентација на вработените од Одделот за издавање и позајмување на книги при библиотеката под наслов: Што најмногу читаат охриѓани,а ќе биде објавена и топ листата на најбараните и начитани...

Continue reading

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ изложба на дела од роднокрајни автори родени во април

Post Views: 1 Во пресрет на 23 Април – Светскиот ден на книгата и во рамките на редовните месечни активности од денеска до среда 24 април во Прличевата одаја на библиотеката ќе биде отворена изложбата на книги РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ – РОДЕНИ ВО АПРИЛ. На овој пригоден начин охридската библиотека ги одбележува родендените на следните автори: Миле Волканоски , Боро Ситникоски, Куртиш Демироски, Дамјана Видическа и Мишел Јузмески. Изложбата заинтересираните можат да ја видат секој работен ден од 9 до 18 часот.

Continue reading

Одделенскиот наставник Маре Ѓоргиоска од ОУ Григор Прличев е избрана меѓу 9те најуспешни македонски наставници

Post Views: 6 Маре Ѓоргиоска, одделенски наставник од ОУ „ Григор Прличев “ е избрана меѓу 9те најуспешни македонски одделенски наставници. На конкурсот на фондацијата Отворено општество во изборот на тема „ Успешни наставници за добри наставни пракси“ Ѓоргиоска го доби второто место. Таа е одделенски наставник во Прво 4 и во своето 34 годишно работно искуство за прв пат сосема случајно учествувала на еден ваков конкурс. Поттикната од својата помлада колешка Ивана Маховска учествувала на повикот од фондацијата. Наградата и претставува голема сатисфакција во долгогодишната кариера...

Continue reading

ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА од Скопје гостува во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид со претставата „ПРВИН ЌЕ МЕ ЗЕМЕШ ПОСЛЕ ЌЕ МЕ … “

Post Views: 9 Проектот „ПРВИН ЌЕ МЕ ЗЕМЕШ ПОСЛЕ ЌЕ МЕ … “ во режија на Ѓорѓи Ризески е независен проект, во продукција на „ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА“ – Скопје и истиот веќе трета сезона се изведува пред преполни салони на сцената на „ТЕАТАР КОМЕДИЈА“. Претставата досега има над 50 изведби, во Тетар Комедија и низ градовите во републиката. – Џота и Кети се ликовите кои се пријавени да учествуваат во оваа реално шоу „ОСАКАТЕНИ ДУШИ“ и двајцата со пододминат лимит на години за мажење/женење, и двајцата со различни животни стории кои оставиле болни траги врз нивните животи. …Тој,...

Continue reading

СВР Охрид и ОУ „Григор Прличев“ ја реализираа кампањата „Безбедно дете“

Post Views: 1 На 27.09.2021 година, СВР Охрид и Основното училиште „Григор Прличев” ја реализираа сообраќајната превентивна кампања „Безбедно дете”. Притоа, на 120 ученици од шесто одделение им беа објаснети сообраќајните правила и прописи за безбедно движење и управување велосипед низ сообраќајниците, по што тие возеа велосипед и практично ја совладуваа теоретската настава. Целта на кампањата е едукација на најмладите од областа на сообраќајот и доследна примена на сообраќајните правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот – информираат СВР Охрид.

Continue reading

Библиотеката „Григор Прличев“ се сели во новите простории

Post Views: 2 Библиотеката „Григор Прличев“ наредниов месец треба веќе конечно да се прошири во новите простории. Направени се сите подготовки за преселба, останува уште да се постават уредите за ладење и греење кои се неопходни за одржување на книжниот фонд. Од библиотеката велат дека министерството за Култура треба да им обезбеди средства за тоа, но постои уште еден проблем кој треба да се надмине. Мора да признаеме дека имаме една физичка бариера бидејќи двете згради на библиотеката во моментов не се поврзани и имаат два различни влезови. Најверојатно ќе се направи еден заеднички...

Continue reading

ОУ „Григор Прличев“ го одбележа патронатот

Post Views: 5 Основното училиште „Григор Прличев“ го одбележа патронатот со пригодна програма. На свеченоста присустуваа в.д градоначалникот Константин Георгиески, советници од ЛС и претставници од семејството Прличеви. На бистата на охридскиот и македонски поет и преродбеник беа положени ловров венец и цвеќе. Олга Прличева, внука на поетот, од името на семејството Прличеви му подари на основното училиште несекојдневен подарок. „Необјавено слово на Григор Прличев. Тематски посветено на младоста. Професијата учител за Григор Прличев била најголемотo звање од сите професии кои ги работел...

Continue reading

Добитник на престижната награда „Григор Прличев“ е Славчо Ковилоски

Post Views: 0 Славчо Ковилоски (Скопје, 1978) е македонски поет, прозаист и книжевен историчар. Автор е на една збирка раскази („Лоша тетка и други раскази“), две монодрами („Синот на Волкашин“ и „На Ножот“), три збирки поезија („Сонцето повторно ќе изгрее“, „Поезија во движење“ и „Барутна поезија“), три романи („Опасен сум“, „Сонување“ и „Синот на Кралот“) и повеќе монографии од областа на книжевноста, историјата и културологијата. Имал повеќе настапи и предавања за урбаната култура во ширум земјата, како и во странство (Њујорк, Загреб, Белград, Софија). Преведуван е на повеќе европски...

Continue reading

Зоран Пејкоски е нов в.д. директор на Центарот за култура „Григор Прличев“

Post Views: 2 Со решение на министерот за култура за нов вршител на должност раководител на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид назначен е Зоран Пејкоски, вработен во националната установа. Пејкоски доаѓа на местото на Стрезо Стаматовски, кој досега ја извршуваше функцијата в.д. директор. Инбаку во изминатиов период веќе беа објавени три конкурси за избор на директор на оваа национална установа, меѓутоа ниту еден од нив не беше спроведен.

Continue reading

Деблокада на жиро сметката на ОУ „Григор Прличев“ меѓу приоритетните заложби на Локалната самоуправа

Post Views: 1 Деблокада на жиро сметката на ОУ Григор Прличев ќе биде и понатака меѓу приоритетните заложби на Локалната самоуправа. В.д. градоначалникот Константин Георгиески напоменува дека со тоа ќе продолжат претходните напори да се надмине деценискиот проблем со исплата на долговите кои ги има училиштето по основ судски решенија за екпропријација на земјиште за изградба на училишниот комплекс. „Досега со 16 спогодби се исплатени 22 милиони денари 710 илјади денари. Заштедени се над 8 милиони 654 илјади денари. Останати се уште 5 изврши решенија за да се одблокира сметката на...

Continue reading

Библиотеката „Григор Прличев“ остава зад себе успешна деловна година

Post Views: 0 Библиотеката Григор Прличев успешно ја завршува 2018 година. Во текот на изминатите месеци реализирале бројни проекти, книжевни настани и промоции на книги. Сепак она што најмногу ги радува е зголемувањето на бројот на читателите, информира Гордана Змејкоска, директор на националната установа библиотека Григор Прличев. „Читатели имаме од ден на ден во се поголем број. Најмногу се чита белетристика. Затоа постојано набавуваме нови наслови на книги за да бидат застапени. Исто така е застапена и стручната литература. Имаме читатели од 7 до 77 годишна возраст“, вели Змејкоска. Библиотеката...

Continue reading

„Гете институтот“ од Скопје со вредна донација за ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 1 Културната институција на Република Германија во Македонија, „Гете Институтот“, денес на ОУ „Григор Прличев“ од Охрид му подари вредна донација во наставни средства за поттикнување на креативната и иновативна настава по Германски јазик. Инаку ОУ „Григор Прличев“ е едно од трите партнер училишта на „Гете инсититутот“ во земјава, чијашто мрежа на училишта брои околу 1800 образовни субјекти. Една од основните мисии на институтот е подобрување на квалитетот на наставата по Германски јазик во образовните установи во земјава Меѓусебната соработка се состои во нудење и одржување...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top