СВР Охрид и ОУ „Григор Прличев“ ја реализираа кампањата „Безбедно дете“

На 27.09.2021 година, СВР Охрид и Основното училиште „Григор Прличев” ја реализираа сообраќајната превентивна кампања „Безбедно дете”.

 |   | 

На 27.09.2021 година, СВР Охрид и Основното училиште „Григор Прличев” ја реализираа сообраќајната превентивна кампања „Безбедно дете”.

Притоа, на 120 ученици од шесто одделение им беа објаснети сообраќајните правила и прописи за безбедно движење и управување велосипед низ сообраќајниците, по што тие возеа велосипед и практично ја совладуваа теоретската настава. Целта на кампањата е едукација на најмладите од областа на сообраќајот и доследна примена на сообраќајните правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот – информираат СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top