Ознака: градежните

В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ ВО ОБИКОЛКА НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НИЗ ГРАДОТ

Post Views: 2 Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, денес, беше на увид на неколку локации каде во тек се градежни активности. Во моментов градежни активности за изградба на потпорен ѕид се одвиваат на локалниот пат помеѓу селата Вапила – Расино. Ѕидот значително ќе ја подобри безбедноста на патот, ќе го заштити од понатамошни оштетувања и целосно ќе го спречи појавувањето на свлечиште на тој дел. Вкупната должина на потпорниот ѕид изнесува 16 метри, а ќе биде во ширина од 64 метри. Вредноста на овој зафат изнесува 1.034.034,00 денари. Понатака, в.д. градоначалникот...

Continue reading

Извршен последен увид во градежните работи на автопатот Кичево – Охрид

Post Views: 8 Вицепремиерот за економски прашања  Кочо Анѓушев заедно со првиот човек на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, денес извршија увид во градежните работи на автопатот Кичево – Охрид. Изградбата на автопатот требаше да чини 374 милиони евра , согласно првичниот договор постигнат со кинеската компанија Синохидро, а автопатот требаше да биде завршен во јануари годинава. Но, поради пропусти во трасирањето, рокот беше пролонгиран.  Вицепремиерот Анѓушев посочи дека  со помош на ФИДИК експертите од ЕУ и САД досега се заштедени од 70 до 100 милиони евра. „Мислам дека вредеше...

Continue reading

ЗГ„Совест“ одржа јавна трибина за градежните зафати врз Али пашината џамија

Post Views: 2 ЗГ „Совест“ организираше јавна трибина за нелегалните градежни зафати врз Али пашината џамија. Голем број присутни граѓани и експерти од повеќе области дебатираа за сите прашања поврзани со објектот, како што истакнаа, и со нелегалната изградба на 32 метарското минаре на Али пашината џамија. Дебатираа архитекти, историчари на уметност, експерти од повеќе области, членови од надзорниот одбор во Завод и музеј. Сите порачаа, немаат верска или етничка нетрпеливост кон било кого, туку бараат почитување на законските одредби за зачување на културното и историско наследство...

Continue reading

Градежните активности на Алипашината џамија се изведуваат без одобрение

Post Views: 0 Охридското муфтивство не обезбедило градежно одобрение за зафатите на Алипашината џамија во Охрид. Ова може да се заклучи од дописот што  го испратила Управата за заштита на културното наследство до охридското муфтивство и НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј Охрид. Во решението издадено од Управата, му се наредува на имателот на заштитеното добро и носител на конзерваторското одобрение муфтиство Охрид да постапи според конзерваторското одобрение каде е пропишано дека работите по ова одобрение може да се изведуваат врз основа на правосилно одобрение согласно прописите...

Continue reading

Започнаа градежните работи за поставување јавни тоалети

Post Views: 2 Започнаа градежните работи за поставување јавни тоалети на две локации во градов. Едната локација е во централното градско подрачје до Амамот, другата кај Горна Порта. Избраниот изведувач, фирмата „Тане 2007“, заедно со претставници од Центарот за развој на Југозападниот плански регион кои се носители на овој проект , деновиве извршиле увид на сите потребни инфраструктурни услови и придружни активности кои треба да се преземат. Локалната е ангажирана околу обезбедување на приклучоци за струја, поставување на броила, приклучок за вода и канализација во овие контејнери....

Continue reading

Градежните фирми и фабриките за текстил во Охрид ги почитуваат препораките за работа

Post Views: 1 Фирмите чии работници се изложени на високите темперaтури ги почитуваат препораките за работа во жолта и портокалова фаза. Досега Инспекторите за труд во Охрид издале само едно решение за забрана на градежна фирма, а изрекле 12 укажувања со правен указ. Во Струга пак, има 11 решенија за забрана. Поголемиот дел од градежните фирми и текстилните фабрики каде што нема добра климатизација се придржуваат кон препораките нивните работници да не работат од 11 до 17 часот.Фирмите прават попладневни смени за работа, велат од Инспекторатот за труд и досега на адреса на инспекторатот...

Continue reading

при крај се градежните работи во болницата „Св Еразмо“

Post Views: 9 Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, Охрид веќе една година и пол се реновира и адаптира. Во моментов во завршна фаза се градежните активности, се носи опрема, а веќе во функција е ставен и дијагностичкиот центар, открива првиот човек на оваа установа д-р Митко Тилевски. „Овде профункционира компјутерскиот томограф, трислајсниот Сименсов, кој ни го обезбеди Министерството за здравство, исто така го имаме и новиот дигитален рентген апарат Минолта имаме и други апарати кои се веќе во функција, а пред се кои се во интерес за подобрување на дијагностиката...

Continue reading

На каналот Студенчишта со бавно темпо се одвиваат градежните зафати

Post Views: 1 На каналот Студенчишта со бавно темпо се одвиваат градежните работи за изградба на пешачката патека. Покрај патеката во должина од 500 метри, со овој урбан проект се уредува и коритото на помалиот канал, предвидена е изградба на двометарска платформа од десната страна на каналот, како и два мостови и два видиковци. Пешачката патека од мостот до Билјанини извори е затворена за користење од започнувањето на градежните зафати во октомври минатата година, што значи дека на предвидените содржини во овој проект се работи скоро 8 месеци. Истиот, градот ќе го чини околу 300.000...

Continue reading

Стопирани градежните работи за санација на тротоарите на дел од булеварот „Туристичка“

Post Views: 0 Стопирани градежните работи за санација на тротоарите на дел од булеварот „Туристичка“. Граѓаните прашуваат која е причината и кога тротоарите конечно ќе бидат направени бидејќи сега буквално мора да се движат по коловозот каде многу брзо се вози, па загрозена е нивната безбедност. Има застој во градежните работи на тротоарите бидејќи наследивме еден проблем а тоа е старата водоводна и канализациона мрежа која мора да се замени бидејќи е со азбесни цефки и сето то ќе ги одложи работите,  вели Томе Џамтоски, портпарол на Локална самоуправа. Граѓаните реагираат зошто истовремено...

Continue reading

Започнаа градежните работи за изградба на современата автобуска станица

Post Views: 0 Започнаа градежни работи на местото каде треба да се изгради како што беше најавено најсовремената автобуска станица во Македонија. Автобуската требаше да почне да се гради уште пролетта но инвеститорот немаше добиено одобрение за градба. Грдаоначалникот Никола Бакрачески обелодени дека одобрението е веќе издадено и дека може да се работи на терен. Деновиве е издадено правосилно одобрение за градба на автобуски терминал со компатибилни класи на намени. Со издавањето на овој документ се исполнуваат сите потребни услови за отпочнување со изградба. Согласно одредбите од...

Continue reading

Од денес продолжуваат градежните активности на патот преку Галичица

Post Views: 3 Јавната установа Национален парк „Галичица“ и изведувачот на работите за реконструкција на патниот правец преку Галичица ја информираат јавноста дека од понеделник, 9-ти август 2021 година до петок 13-ти август 2021 ќе продолжат градежните активности. За непречено одвивање на активностите на терен, патниот правец ќе биде затворен за сообрајќај од 08:00 до 17:00 часот, секој ден, од превојот Баба во насока на Отешево. Сообрајќајот од Охрид до превојот Баба ќе се одвива непречено. Јавната установа Национален парк Галичица, заради зголемениот број на јавувања од страна...

Continue reading

Оваа недела треба да завршат градежните работи на централниот објект на градинката „Јасна Ристеска“.

Post Views: 3 Се наѕира крајот на градежните работи во централниот објект на градинката „Јасна Ристеска. Уште во текот на летото започна реновирањето на овој објект кој е стар повеќе од педесет години. Беа направени крупни зафати како промена на кровот, уредување на санитарните чворови, средување на занималните и холот. Директорката Розе Костоска заедно со целиот тим настојуваа работите да се завршат до почетокот на новата учебна година, но поради повеќе причини работата се пролонгира. Уште на самиот старт очекувавме дека ќе ни е потребно повеќе време за да ги уредиме работите бидејќи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top