Ознака: градежен

dzubre

Градежен отпад се фрла насекаде

Post Views: 1 Дворно место од станбен комплекс на ул „Галичица“, затрупано во градежен шут. И не само градежен шут, на тоа место може да се забележи и покуќнина, кревет и сл, но и зелен отпад. Расфрлан е насекаде, како резултат на несовесното однесување на поединци, укажуваат мештаните од ова маало. Јован Наумоски и јавно проговори за проблемот со градежниот шут. „Од кога се реновираше зградата на поткровјето остана еден огромен дел нафрлан како шут, многу време е тоа, скоро две три години но сега последниве денови сите околни куќи и жители од оваа мала го фрлаат својот градежен шут...

Continue reading

Milutin Sekuloski

Лоцирани „жешки“ еко точки на езерското дно

Post Views: 30 Стари шпорети, мијалници, гуми, градежен шут, пластични предмети се само дел од отпадот што го  пронаѓаат нуркачите на дното од езерото. „Сме нуркале на многу места во светот ама ваква хаотична ситуација со фрлање на цврст отпад во водите како што е со нашето езеро не сме нашле никаде“, вели Милутин Секулоски од нуркачкиот клуб Амфора. За спречување на ваквите појави  Секулоски апелира институциите да пронајдат механзими за   контрола и  спречување несовесните граѓани од цврстиот  отпад да се ослободуваат во езерските води. И додека надлежните не го спречат ваквото...

Continue reading

kale

Еден градежен инспектор

Post Views: 25 Општо е познато дека години наназад Охрид се соочува со неконтролирана градежна експанзија. Дали се гради легално или не, тоа не може со точност да се каже, бидејќи и надлежниот инспекторат се соочува со реален проблем, дефицит на кадри. Недоследностите кои постојат во градежната сфера во Охрид, колку и да звучи неверојатно, треба да ги открие и санкционира само еден градежен инспектор.  Раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски, се согласува со нашата забелешка, вели дека е на место и точно е тоа дека се кубури со градежни инспектори. Танасоски рече...

Continue reading

Sv Naum

Дивите градби во Охрид, ќе ги руши државата

Post Views: 1 Опомена и постапка. Диво изградените објекти во Охрид нема кој да ги руши, бидејќи општината нема пари, за тоа. Деновиве на тоа укажа и Министерсртвото за транспорт и врски, така што ја опомена општината со тоа што дел од обврските на општинскиот градежен инспекторат ги превзеде во свои раце. Не постапувајќи по укажувањата на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, согласно законот за градење, на општина Охрид и се одзема правото да руши дел од нелегалните градби во комплексот на Св. Наум. Заклучокот и решението за рушење било донесено 07.07 2009 година и...

Continue reading

Lagadin

Депонии со шут никнуваат над елитната населба Лагадин

Post Views: 1 На патот  Охрид – Св Наум, веднаш над елитната населба Лагадин, се  одлага градежен шут и земја.  Просторот кој се загадува од несовесни превозници се наоѓа во рамките на Националниот парк Галичица. За безмилосното еколошко  уништување на овој предел кој се наоѓа во непосредна близина на езерскиот брег реагираат граѓаните. Потенцираат дека е жално што институциите не преземаат мерки за спречување на загадувањето на околината.Додека во јавноста граѓаните загрижено го посочуваат проблемот, од националниот парк не знаат за него. Директорот на Националниот парк „Галичица“,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top