Ознака: год

Избрани најдобрите спортисти од Охрид за 2011 год

Post Views: 8 Сојузот на спортови ги обелодени и им врачи признанија на најуспешните 10 спортисти од Охрид за 2011 година.  За најдобар спортист за изминатата година беше избран стрелецот Михаил Шишкоски. „Искрено не очекував да бидам избран за спортист за 2011 за Охрид. Очекував екипните спортови да ги завземат првите три места. Пресреќен сум за овој избор многу повќе ми значи од сите државни првенстав кои ги имам освоено и сите купови за 2011 год. кога бев избран за надобар стрелец во категорија сениори пушка, но ова признание ми значи многу повеќе бидејќи за да го освоиш ова признание...

Continue reading

Регионален стационар за кучиња скитници во 2019 год

Post Views: 0 Општина Охрид опоменета од Агенцијата за храна и ветеринарство дека во рок од 45 дена треба да покаже напредок во решавањето на проблемот со кучињата скитници. Кучињата скитници беа и за жал сеуште се проблем за нашиот град, вели Градоначалникот Јован Стојаноски.  Пред месец дена имавме средба на градоначалници на општините во рамки на Југозападниот плански регион на која сите едногласно ја утврдивме потребата да се изгради еден регионален стационар за кучињата скитници, информира Градоначалникот. „Сосема е јасно дека тоа е еден голем проблем и на граѓаните на Охрид...

Continue reading

12 милиони денари за развој и промоција на туристичката дејност во 2018 год

Post Views: 8 12 милиони денари за развој и промоција на туристичката дејност во 2018 год. Овие средства ги издвои Општинa Охрид во рамките на Програмата за развој и поттикнување на туризмот. Оваа сума е речиси иста како онаа која се издвојуваше од буџетот на општината и минатите години. Ѓоко Апостолов од Секторот ТЛЕР вели дека секогаш може и повеќе, но дека и со овие пари можат да се реализираат проектите во делот на развојот и поттикнувањето на туризмот за оваа година. Средствата во делот што го финансира Општина Охрид односно средствата кои се предвидени од буџетот на општината...

Continue reading

nabizi otvoranje

НАБИЗИ – успешна бизнис приказна

Post Views: 16 Синоќа се отвори баумаркетот НАБИЗИ кој се наоѓа на патот од Струга према Ќафасан. Таму има од игла до локомотива. Може да се најде бела и црна техника, санитарија, мебел, електрика, апарати за домаќинство и што уште не. Идејата за отварање на еден ваков комплекс се родила пред две години и успешно се реализира. Во НАБИЗИ вложени се повеќе од  2 мил евра. Овој комплекс е по теркот на европските од каде се земани примери и искуства. Камбер вели дека го следат светскиот тренд и работат со најпознати фирми од областа на градежништвото.  Камбер Бизати, еден од сопствениците...

Continue reading

Нина Балабан, најдобар спортист на Охрид за 2016 год

Post Views: 0   Стрелачката Нина Балабан е спортист на Охрид за 2016 година. Оваа титула Балабан ја добива по втор пат, првиот пат беше во 2013 година. Таа изминатата година ја оценува како мошне успешна. Посебен печат било нејзиното учество на олимпијадата во Рио, добивањето на престижната награда Климентовата повелба, како и првиот натпревар после олимписките игри кој се одржал во Белград на интернационалните игри. „Можам да кажам дека јас сум единствениот македонски стрелец кој што успеа да се закити со трето место на еден престижен натпревар, се тоа крунисано со два државни и...

Continue reading

Одбележан патронот на градот и 1 100 год од упокојувањето на Св Климент Охридски

Post Views: 3   Охрид со свечена академија одбележа 1.100 години од упокојувањето на заштитникот на градот, Свети Климент Охридски. Синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, во преполнетата сала пред присутните гости, се обрати градоначалникот Никола Бакрачески. Тој истакна дека одбележувајќи 11 века под закрилата на патронот Св Климент Охридски, неговите зборови „тргај се од злото и прави добро“ се поука дека од морална одговорност нема спасение. „Создателот на Охридската книжевна школа, Првиот словенски универзитет и јазичното ни писмо ги довика своите ученици и од „добар...

Continue reading

potpisi

Милион потписи за РЕКОМ

Post Views: 3 Акција на регионално одмрзнување. Во повеќе градови на екс југословнските простори, Скопје, Сараево, Белград, Љубљана, Загреб, Бања Лука, Приштина и Подгорица, отпочна најголемата регионална кампања. Таа се состои во поддршка на населението за формирање регионална комисија за утврдување на фактите за воени злосторства и други тешки кршења на човековите права извршени во периодот од 1991ва до 2001ва год на просторот на поранешна СФРЈ. Денес, пред општина Струга, отворен пункт за потписи на стружаните. Бранкица Затаракоска од младински образовен форум е дел од тимот на...

Continue reading

sednica Struga

Урбана опрема, што е тоа?

Post Views: 9 Седница со многу факти, вистини и предупредувања. На самиот почеток на 26 тата седница претседателот на Струшкиот совет ги предупреди советниците да се придржуваат кон дневниот ред и дека на седницата нема место за политички маркетинг. Жестока расправа се отвори уште на самиот старт, поточно на втората точка од дневниот ред, предлог програма за поставување на урбана опрема за 2011 год. Претседателот на комисијата за урбанизам Ќазим Илјази рече оти мора да се почитува програмата за поставување на урбана опрема. Јулијана Зунова од ВМРО – ДПМНЕ побара да се формира анкетна...

Continue reading

Maria Montesori

За родителите: „Монтесори Метод“

Post Views: 6 Марија Монтесори е највеќе позната како едукатор и педагог, а нејзината педагогијата е нешто повеќе од дидактички материјал во училницата или подучување на децата од страна на наставникот. Тоа е став кон децата и начин на разбирање на нивната единствена природа. Тоа е создавање услови и давање можност на децата слободно да растат и во целост да ги развиваат своите потенцијали. 1. Детето е на прво место Сме свикнале да мислиме, дека децата придобиваат знаење од возрасните. Марија Монтесори, е убедена дека децата треба сами да учат и се развиваат, без насоки од возрасните....

Continue reading

Општината до 2017 год ќе ги реши комуналните проблеми на жителите од ул „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“

Post Views: 5   Прашање на време е кога ќе завршат бројните комунални проблеми на жителите на ул „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“. Како што ТВМ веќе информираше, жителите на овие две улици се пожалија дека немаат канализација, патот е каллив и неасфалтиран години наназад, немаат ниту улично осветлување а дополнителен проблем претставува депонијата во близина на  реката која поминува тука. Портпаролот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, Љупчо Танески рече дека овие потези се во рамки на тригодишната развојна програма на секторот 2015 – 2017 год. „Согласно плановите...

Continue reading

drven most

Завршена реконструкцијата на Дрвениот мост – Струга

Post Views: 1 АД „Електрани на Македонија“ во соработка со својата струшка подружница ХЕ „Глобочица“, ја завршија реконструкцијата на дрвениот регулациски објект лоциран на истекот на Охридско Езеро во реката Црн Дрим. Со реализацијата на оваа инвестицијата вредна околу 2, 7 милиони денари беше извршена замена на дрвените носивни елементи на објектот кои се заменети со армиран бетон со што значително се зајакна стабилноста, а истовремено е задржан автентичен изглед на објектотот што изминатите пет  децении беше користен како пешачки мост за минувачите. Стручните лица велат дека објаснуваат...

Continue reading

Реконструкцијата на болницата Св. Еразмо ќе заврши до 2022 год

Post Views: 2 Со кредит од Светска банка ќе започне ентериерното уредување на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо Охрид. По завршување на проектот во објектот ќе се пресели и Специјалната болница за кардиологија Свети Стефан. И кардиолозите и ортопедите ќе работат заеднички во комплексот Свети Еразмо, а во кардиолошкиот завод ќе остане Центарот за рехабилитација. Според министерот Филипче има просторен капацитет за спојување на двете болници. -Еден од последните наши разговори беше тој објект таму да остане како еден центар за рехабилитација со оглед на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top