За родителите: „Монтесори Метод“

Родители, запознајте се со четирите основи на методот „Монтесори“.

Maria Montesori
Марија Монтесори

Марија Монтесори е највеќе позната како едукатор и педагог, а нејзината педагогијата е нешто повеќе од дидактички материјал во училницата или подучување на децата од страна на наставникот. Тоа е став кон децата и начин на разбирање на нивната единствена природа. Тоа е создавање услови и давање можност на децата слободно да растат и во целост да ги развиваат своите потенцијали.

1. Детето е на прво место

Сме свикнале да мислиме, дека децата придобиваат знаење од возрасните. Марија Монтесори, е убедена дека децата треба сами да учат и се развиваат, без насоки од возрасните. Секое дете треба да го прави она, што му е интересно, во темпо кое самото ќе го определи. Методот Монтесори, е подчинет на девизата-Помогни ми да го направам сам.
На пример за читањето, таа вели:

Maria Montesori„Родителите не треба да ги тераат присилно децата да учат букви, да не му предлагат слики и играчки, да не го учат да чита и пишува, кога тие сакаат и мислат дека треба, туку тогаш кога самото дете ќе пројави интерес и желба, без разлика колку тоа е касно. Тие само треба да посматраат за да го препознаат моментот, во кој детето се заинтересирало за буквите, сликите и коцките. Дури тогаш родителот и учителот, треба да создаде средина погодна за обука. Од овде почнува вистинското образование на детето, зошто тоа пројавило само интерес, а не со присила. Без да се брза, ни и без да е досадно. Со желба и радост.

2. Се во свое време

Марија Монтесори, направила многу важно откритие во детската психологија. Таа го дели детството на т.н. чувствителни периоди на доживување на светот. Тоа се периоди, кога се развива одреден центар во мозокот и како разултат на тоа, точно тоа време е идеално да се создаде специфична обрзовна средина, која ќе развие навики, поврзани со тој центар. Ако се закасни и детето не ја искористи можноста, тоа може да изгуби интерес за цел живот или да направи грешки.

Периодите кои Марија ги определува како важни се:

-Развој на говорот- од 0 до 6 год.
-сензорен развој- од 0 до 5.5 год.
-социјална адаптација- од 2.5. до 6 год. Во овој период децата најчесто ги усвојуваат добрите навики или грубото однесување, кое станува норма на живот, подоцна.
-навика за ред- од 0 до 3 год.
Најпогоден период за развој на говорот и интерес кон читање е од 4-6 год. После седмата се губи спонатаниот карактер и интерес. Ако прашате кога е најдобар период, детето да научи да чита, Монтесори ќе ви одговори на 4 години, со што вежбите на подготовка на раката за пишување, треба да започнат на 2,5-3 години.

Maria Montesori3. Соодветна средина за образование

За да може да развие квалитетно детето, неопходна е специјална средина, која ќе му дозаволи тоа наполно да ги открие своите способности. Средината треба да му даде „храна за размисла“ и да не го ограничува во движењето.

За да се создаде соодветна средина, се користат посебни материјали. Како самите да ја организирате?

-Се треба да биде достапно за детето. Де е поставено на отворено, на ниво, соодветно за растот и да предлага широк избор од активности.
-Детската соба е поделена на неколку зони- практичен живот, сензорен дел, јазично катче и математички дел.
-На рафтовите има само по еден комплет од соодветниот материјал. Ако неколку деца сакаат да разгледаат еден ист материјал, ќе треба да влезат во социјален контакт и да го решат сами конфликтот меѓу себе, кој и колку ќе го користи материјалот. Освен тоа, единствениот материјал ја штити автодидактичноста, т.е детето може да се занимава само со него, без помош од други (учител или други деца).
-За сите игри и вежби треба да се подготват убави и удобни маси и столчиња, соодветни на растот на децата.
Сите играчки, материјали и прибор не се соодветни за средината Монтесори. Одберете ги тие што:
-се автодидактични, т.е погодни за самостојна работа без учество на возрасен. Возрасниот (воспитувачот) покажува само еднаш како се работи и тоа е се од него.
-одговараат на точниот период од развој на детето.
-не се шарени. Сите предмети во средината за развој треба да бидат во една боја или максимум во три. Во спротивно боите имаат штетна улога. Таа смета дека шаренилото создава хаос во мислењето на децата.
-не се задолжителни детски играчки. Како материјал и пробор можат да се вклучат и садови за готвење, или специјално одбрани геометриски форми.
-средината треба да биде бесопасна, чиста и комотна, лесна за употреба, привлечна за детето.

4.Прво се пишува после се чита

Малите деца прво треба да научат да пишуваат, а не да читаат, вели Монтесори. Посматрајќи ги децата од своите училишта, таа дошла до заклучок, дека за детето е полесно да напише т.е да нацрта буква, отколку да го усвои нејзиниот апстрактен поим. Во Монтесори, обуката почнува со првописни, а не со печатни букви, зошто кружните движења се усвојуваат полесно од децата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top