Милион потписи за РЕКОМ

Милион потписи за РЕКОМ. Под ова мото започна досега најголемата регионална кампања, која се однесува на формирање регионална комисија за утврдување на фактите за воени злосторства во периодот 1991-2001 година.

 |  Билјана Николоска  | 
potpisi
потписи

potpisiАкција на регионално одмрзнување. Во повеќе градови на екс југословнските простори, Скопје, Сараево, Белград, Љубљана, Загреб, Бања Лука, Приштина и Подгорица, отпочна најголемата регионална кампања. Таа се состои во поддршка на населението за формирање регионална комисија за утврдување на фактите за воени злосторства и други тешки кршења на човековите права извршени во периодот од 1991ва до 2001ва год на просторот на поранешна СФРЈ. Денес, пред општина Струга, отворен пункт за потписи на стружаните. Бранкица Затаракоска од младински образовен форум е дел од тимот на волонтерите вклучени во оваа акција.

Затаракоска вели дека преку оваа акција треба да се слушне гласот на жртвите во регионот, како би се поттикнала и јавноста за сочуство, почит и солидарност кон жртвите од сите етнички заедници.

РЕКОМ претставува меѓународно тело основано од  наследничките на некогшната СФРЈ преку Статутот на таа комисија. Периодот на дејствување е три години, со можност за продолжување од најмногу шест месеци. Се финансира преку придонеси на договорните страни, како и од донации. Според Затаркоска, одзивот на стружани е задоволителен. На регионално ниво вклучени се повеќе од 1500 здруженија и поединци од сите нации и вери од екс југословенските простори. Тие сите ќе работат на заедничка цел: конечно да се утврдат фактите за сите жртви од вооружените конфликти кои што се случија на просторот на поранешна СФРЈ од 1991-2001 год, семејствата на исчезнатите да дознаат за судбината на своите најблиски, да се изврши попис на убиените и исчезнатите, логорите и масовните гробници, да се врати достоинството на жртвите и на нивните семејства.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top