Ознака: години

Еве зошто Меси не игра како порано

Post Views: 2 Барселона го гради тимот за наредната сезона и на НоуКамп дојдоа имиња како Луис Суарез, Жереми Метју, Иван Ракитиќ, Андре дер Стеген, Клаудио Браво, а наводно блиску до трансфер е извонредниот германски стопер Матс Хумелс, но сепак на крајот се ќе се врти околу Лионел Меси. По неуспехот во претходната сезона, челниците на Барселона ја проветрија соблекувалната, а меѓу останатите пристигна и новиот тренер Луис Енрике, меѓутоа некои луѓе во Шпанија сметаат дека е направена голема грешка што не го продадоја Меси во ПСЖ. Париските шеици понудија за Меси 200 милиони евра,...

Continue reading

logo

Триесет години од откривањето на смртоносниот ХИВ вирус

Post Views: 9 Денеска се одбележуваат три децении од откривањето на смртоносниот вирус ХИВ и СИДА-та која досега има одземено над 30 милиони животи. И иако поминаа 30 години, научниците се’ уште немаат пронајдено вакцина со која ќе се спречи ширењето на „чумата а 21-от век“. Екипа француски вирусолози, предводена од проф. Лук Монтание, во американското списание „Сајанс“ од 20 мај 1983 година го открија и опишаа новиот вирус, изолиран од серопозитивен пациент. Тој првично беше наречен ЛАВ, за подоцна да се преименува во ХИВ. Тоа е вирусот што предизвикува СИДА, пренесуваат француските...

Continue reading

Силвио Берлускони

Берлускони заработи четири години „под сенка“

Post Views: 4 Судот во Милано ја потврди казната од четири години затвор за поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, за затајување на данок во случајот Медиасет. Берлускони исто така мора да плати и 10 милиони евра казна на Даночната управа.Врз основа на законот за амнестија, уште при изрекувањето на неправосилната пресуда, казната му е намалена на една година. Берлускони исто така доби и забрана за политичко дејствување од пет години. Примената на казната е одложена затоа што адвокатите на 76-годишниот поранешен премиер сеуште може да поднесат жалба до Врховниот суд. {loadposition...

Continue reading

kidnapirani

Десет годишен кошмар

Post Views: 0 Три жени кои биле киднапирани пред десетина години и од тогаш им се губи секоја трага, се пронајдени живи во куќа во градот Кливленд во американската сојузна држава Охајо. Во врска со киднапирањето на трите жени полицијата уапсила тројца браќа од латиноамериканско потекло. Станува збор за браќата Кастро, кои се на возраст од 50, 52 и 54 години. Тие се товарат за киднапирање и за силување на жените.Жените беа пронајдени во куќа, чиј сопстевник е 52-годишниот Ариел Кастро, кој работел како возач на училишен автобус. Една од киданапираните жени забременила при силувањата...

Continue reading

policajka

Масакр во Илиноис

Post Views: 5 Во пресметка во Илиноис убиени пет лица меѓу кои и две деца.Според зборовите на полицијата, убиени се една 65 годишна жена, нејзината ќерка со дечкото и нивните две деца на возраст од една и пет години. Едно дете на возраст од седум години е потешко рането. Пукањата се случиле во местото Манчестер, 136 километри од Сент Луис, околу 4;30 часот по локално време. Неколку школу се веднаш затворени. Локалните медиуми објавиле дека осомничените за ваквиот напад починале во болница по пресметката со полицијата. {loadposition content9}

Continue reading

pogreb

Погребана „Челичната лејди“

Post Views: 1 Во Лондон е во тек погребот на бившата британска премиерка Маргарет Тачер. На комеморацијата во катедралата Свети Павле, покрај кралицата Елизабета и британскиот премиер Дејвид Камерон, присуствуваат и многубројни странски државници. Семејството Тачер ги замолило присутните да не носат венци, а парите да ги донираат за Кралската болница во Челзи. Маргарет Тачер почина на 8-ми овој месец на 88 години. Дури и ѕвоната на кулата-часовник во Лондон, „Биг Бен“ денеска за миг ќе замолкнат за време на погребната церемонија за поранешната британска премиерка .Одлуката за „замолчувањето“...

Continue reading

oslobodeno Skopje

Шеесет и четири години слободно Скопје

Post Views: 9 На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада по неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та гренадирска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк, и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која беше распоредена пред Качаничката клисура, со победоносен марш влегоа во градот. По повод ослободувањето на градот денеска на партизанските гробишта во Бутел ќе биде положено цвеќе пред спoменикот на ослободителите...

Continue reading

sud Tirana

За киднаперите на гостиварскиот имам Идризи 54 години затвор

Post Views: 1 Апелацискиот суд во Тирана изрече вкупна затворска казна од 54 години на петмина албански државјани обвинети за киднапирање на  гостиварскиот оџа Ирфан Идризи. Казна затвор во траење од 12 години осуден е Масар Мели, една година помалку добиле Кораб Мели и Шкелќим Пелуши, додека на по 10 годишна казна се осудени Беќир и Бастри Шаху. Идризи, кој тогаш имал 45 години, бил кинднапиран на 2 декември 2002 година во гостиварското село Форино, по што бил пренесен во северниот албански град Кукс. Од неговите најбилски барале откуп од еден милион евра. Парите семејството ги...

Continue reading

piramidi

Откриени уште 35 мали пирамиди

Post Views: 1 Група француски археолози во Судан открија 35 пирамиди стари две илјади години кои иако се многу поскромни од славните египетски пирамиди, имаат голема историска вредност. Пирамидите се градени при крајот на постоењето на богатото кралство Мерое, меѓу 100-та и 200-та година пред Христа. Откриени се од страна на археолошката екипа предводена од Клод Рили на локалитетот Седеинги. Некрополата со околу илјада гробници зафаќа површина од околу 40 хектари, а интересно е што некои пирамиди не се повисоки од еден метар. Изградени се од тули, а засега се откопани само една четвртина....

Continue reading

ЗДРУЖЕНИЕТО „МОБИЛНОСТ“ ОДБЕЛЕЖА 33 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Post Views: 5 Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ со традиционален собир и со пригодна свеченост одбележа 33 години од постоењето и делувањето во општините Охрид и Дебрца. Свое обраќање пред присутните на настанот имаше секретарот на Општина Охрид, Александар Китески кој упати честитки за сите досегашни остварувања на здружението, со желби за уште поголеми успеси во иднина. Локалната самоуправа во согласност со програмите и законските регулативи за социјална заштита, во континуитет реализира проекти и обезбедува подобри услови за лицата со телесен инвалидитет...

Continue reading

logo

Нова криза во Фукушима?

Post Views: 2 Токиската електроенергетска компанија “Тепко“ од утрово се обидува да обезбеди електрична енергија која е потребна за ладење на искористените ураниумски цевки во нуклеарната електрана Фукушима, оштетена од земјотресот и цунамито пред две години. Опремата во базените кои се користат за ладење на употребеното гориво, неопходно да спречување на било какви нуклеарни реакции, се без струја од седум часот по локално време. Инцидентот до овој момент не го загрозило напојување со вода за ладење која се наоѓа во реакторите 1,2 и 3, во кои дошло до значајно затоплување по земјотресот...

Continue reading

obzaluvanje na Isus

Осум македонски икони на големата изложба во Лондон „1100 години Византија“

Post Views: 42 Осум македонски икони од Галеријата во Охрид, се изложени на големата изложба „1100 години Византија“, што синоќа свечено беше отворена во Лондон. Изложабата опфаќа околу 350 најразлични експонати, како икони, детали од ѕидно сликарство, мали мозаици, предмети од емајл, злато и сребро, уметнички предмети изработени од слонова коска, како и најразличен накит. Организаторите објаснуваат дека изложбата е своевидна сторија за една империја која се простирала од Константинопол (денешен Истанбул), преку Мала Азија, Светата земја и Блискиот Исток, Северна Африка и Египет,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top