Ознака: години

Cedi osman

Охриѓанецот Чеди Осман атакува на титулата најдобар млад европски кошаркар

Post Views: 4 Охриѓанецот Чеди Осман беше МВП (најкорисен играч) во финалниот кошаркарски натпревар на турнирот во Искар (Шпанија). 19-годишниот кошаркар, кој родум е охриѓанец исто така  заедно со уште девет кошаркари од стариот континент е во потесниот избор за најдобар кошаркар во Европа во младинска конкуренција. пренесува „Спортмедиа“.Осман како член на турската репрезентација под 16 години го совлада домаќинот Шпанија со 90-86. Осман мечот го заврши со 27 поени и два скока. Во текот на првенството тој имаше просечно (12,8 поени, 2,5 скока, 1,8 асистенција, 1,8 украдена топка). Охриѓанецот,...

Continue reading

Cifte amam

Десет години француско-македонска културна соработка

Post Views: 3 Во рамки на одбележувањето десет години од француско-македонската соработка во областа на културно-историското наследство, во Музеј на Македонија претпладнево ќе почне Конференција на градоначалници која ќе ја отворат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, скопскиот градоначалник Коце Трајановски и францускиот амбасадор Бернар Валеро Децениската соработка со повеќе настани ќе биде одбележана до 12 јуни во Скопје, Битола и Велес, во организација на Француската асоцијација на градови и региони на историја и уметност и заштитени градови  и Францускиот центар...

Continue reading

Светски милијардер крадел струја

Post Views: 2 “Dan” пишува дека инспекција открила неовластено крадење на струја на место каде се градат луксузни палати и вили. Се работи за екс воената база на р’тот Платамуна во Црна Гора и во близина на плажата Плоче која е во сопственост на милијардерот Олег Дерипаска. Затоа е исклучен од мрежата и му пресметале долг од 40000 евра. Спрема незванични извори, струјата на Дерипаска ќе му биде вклучена кога ќе го плати долгот. Дерипаска пред девет години на тендер ја купил воената база на р’тот Платамуна за 627 илјади евра. Изградбата на две големи палати и десетина помали вили...

Continue reading

ОДБЕЛЕЖАНИ 70 ГОДИНИ ОРГАНИЗИРАН ФОЛКЛОР ВО ВЕВЧАНИ

Post Views: 3 Во домот на културата во Вевчани со спектакуларен концерт, КУД „Дримкол“ прослави значаен јубилеј за Вевчани, „70 години организиран фолклор“. На самиот почеток на програмата беше прикажан документарен филм кој преку фотографии и видео материјали, живи сведоштва на стари луѓе и изјави на сите досегашни раководители на фолклорните групи во Вевчани, предизвика силни емоции кај публиката. Покрај филмот, уште поголема возбуда кај присутните предизвика настапот на фолклорниот ансамбал ,,Дримкол,, кој на еден достоинствен, професионален начин, презентира воклани и орски изведби...

Continue reading

logo

Се враќаат првите жители во околните градови на Фукушима

Post Views: 4 Три години по катастрофата во нуклеарката Фукушима, во околните градови се враќаат првите жители. Дел од населението од околината на нуклеарката Фукушима наскоро ќе се врати дома прв пат по катастрофата во март 2011. година. Десeтици илјади луѓе тогаш беа евакуирани од подрачјето кое се наоѓа во радиус од 20 километри од оштетената нуклеарка. Така, некогаш активните градови се претворија во градови на духови. Сега се очекува на 1. април околу 350 луѓе со дозвола на јапонските власти да се вратат во градот Тамуру. Со тек на време во тоа подрачје би можеле да се вратат...

Continue reading

FTON

Универзитетот „Свети Климент Охридски“слави 30 години постоење

Post Views: 12 Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола со низа свечености и манифестации денеска ќе ја одбележи триесетгодишнината од денот на своето формирање.   Одлуката за формирање на вториот државен Универзитет во Македонија со седиште во Битола беше донесена на 25 април 1979 година, на основачко собрание, со која доброволно се здружија тогашните високообразоавни и научни институции, Економски факултет од Прилеп, Правен факултет-Битола, Технички факултет-Битола, Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, Виша земјоделска школа-Битола, Педагошка академија-Битола,...

Continue reading

Прети недостиг на чоколадо

Post Views: 7 Во следните седум години заради поголема побарувачка, светот ќе остане без какао затоа што нема доволно производство и се помалку плантажи за какао. Цената на какаото на почетокот од годината се зголемила за 9%, а дури 40% во последната година. Заради поголемата побарувачка која производителите не можат да ја задоволат, пренесува Фигаро. “Побарувачката на чоколадо во светот непрестано расте поради непрестаниот раст на потрошувачи од земјите во развој. Производителите од цел свет настојуваат да призведат доволно какао како би се задоволила потребата на индустријата за...

Continue reading

70 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ЗДРУЖЕНИОТО НА ПЕНЗИОНЕРИ ОД ОХРИД И ДЕБРЦА

Post Views: 3 Со пригодна свеченост беше одбележана 70 годишнината од формирањето на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца. На свеченоста на Општина Охрид и беше врачена Плакета со благодарност за досегашната успешна соработка. Плакетата во име на локалната самоуправа ја прими Живка Ангелоска, претседателка на Советот на Општина Охрид, која во оваа прилика истакна.   – Ја имам таа чест и задоволство во името на Општина Охрид и во свое лично име, да Ви заблагодарам за укажаната чест и да ви посакам долговечост, добро здравје и успешно спроведување на вашите активности. За пензионерите...

Continue reading

Тригодишно девојче со IQ поголемо од 160

Post Views: 7 Тригодишно девојче е примено во Менса, ексклузивен клуб на генијалци, затоа што нејзиниот IQ изнесува повеќе од 160. Американката Алексис Мартин од Квин Крик е најмладиот член на Менса, а како што известува телевизиската станица во Феникс, со три години чита како учениците од 5-то одделение, сама научила шпански јазик, користејќи го ајпадот од своите родители, а резултатите од стандардниот тест на интелегенција ја сместуваат во горните 2% од општата популација. Нејзиниот татко Јан Мартин за АБЦ15 рекол дека ја приметиле Алексис дека е поинаква кога имала само една година....

Continue reading

logo

17 години Царинската управа на Република Македонија

Post Views: 4 Царинската управа на Република Македонија денеска во Скопје, во рамките на одбележувањето на 17-годишнината од стекнатиот суверенитет и контрола врз царинското подрачје на Република Македонија, ќе организира отворен ден. Покрај тоа, ќе биде презентира опремата што ја користат мобилните царински тимови за откривање нелегална трговија, а новите царински службеници ќе положат свечена заклетва. Одбележувањето на 17-годишнината од стекнатиот суверенитет и контрола врз царинското подрачје на Република Македонија кое започна вчера во Охрид со промоцијата на новите царински...

Continue reading

Милијардер на кого никој не му верувал

Post Views: 0 Кога бил дете, неговиот татко му ја оставил во наследство винаријата на североисток од Италија, меѓутоа Марио Морети Полегато не останал во фамилијарниот бизнис, а денес сепак е милијардер кој стои зад познатата компанија Geox. Кога во една прилика бил на одмор во пустината Навада, увидел дека од прошетката нозете му зовреле и дека му било неудобно во обувките, па морал да исече дупки на чевлите и увидел дека му е подобро. Така дошол до идеја да произведува обувки која ќе бидат со дупчиња и водоотпорни. “Поминаа три години како работев на тој патент, кој веднаш го понудив...

Continue reading

Невреме заглави илјадници луѓе

Post Views: 1 Илјадници луѓе се заглавени, бројот на мртви се зголеми на 23 од втората снежна бура која ги погоди некои делови од Јапонија, јавува Ројтерс. Во некои области во прекин е железничкиот сообраќај а во централниот дел на Јапонија снежната бура на денот на заљубените им донесе повеќе од еден метар снег и ја прекри престолнината со рекордна големина на снежната покривка, јавува Ројтерс. Во централниот дел на Јапонија, во префектурата Јаманаши паднало повеќе од 1,1 метар снег, што е рекорд во последните 100 години откако се води статистика. Помалку снег има на истокот од Јапонија,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top