Десет години француско-македонска културна соработка

Децениската соработка со повеќе настани ќе биде одбележана до 12 јуни во Скопје, Битола и Велес.

 |   | 
Cifte amam
Чифте амам

Во рамки на одбележувањето десет години од француско-македонската соработка во областа на културно-историското наследство, во Музеј на Македонија претпладнево ќе почне Конференција на градоначалници која ќе ја отворат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, скопскиот градоначалник Коце Трајановски и францускиот амбасадор Бернар Валеро

Cifte amamДецениската соработка со повеќе настани ќе биде одбележана до 12 јуни во Скопје, Битола и Велес, во организација на Француската асоцијација на градови и региони на историја и уметност и заштитени градови  и Францускиот центар за соработка „Жан Моне“ од Скопје и со поддршка на Министерството за култура на Македонија и на француските министерства за култура и за надворешни работи.

Во галеријата Чифте амам вечер во рамки на јубилејното одбележување ќе биде промовирана книгата „Балкански чаршии“, чии координатори се Марилиз Ортиз, Лоран Жеслен и Жан-Арно Деренс, уредник на електронскиот весник „Курје де Балкан“.

Соработката почна во 1999 година со цел да се промовира македонското културно-историско наследство. Таа се реализираше низ бројни заеднички активности и проекти за подобро управување и вреднување на чаршиите и старите градски центри. Меѓу нив беше и проектот „Сигналитика“ – информативни табли со податоци за минатото на одделни градски локации.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top