Ознака: годинава

Охридските пензионери и годинава со бројни награди

Post Views: 3   И оваа година најмасовната организација на општина Охрид и Дебрца, пензионерите, се закитија со бројни награди на спортско и културно поле. Денес на одбележувањето на 70 годишнината од постоењето на здружението на пензионерите од Македонија и 66 години од постоењето на здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, во големата општинска сала беше извршен прием на учесниците на КУД „Далги“, на спортистите како и наградени активности од Здружението на пензионери. „Има резултати со кои можеме да се пофалиме на меѓународен план на Илинденските денови во Битола го освоивме...

Continue reading

pari

Се намалуваат заштедите на граѓаните во банките

Post Views: 2 Во мај годинава, според извештајот на Народната банка на Мекедонија (НБРМ), висината на штедните влогови на граѓаните се пониски за 16 милиони евра. Во мај годинава, според извештајот на Народната банка на Мекедонија (НБРМ), висината на штедните влогови на граѓаните достигнала 2, 915 милијарди евра, што во однос на април е намалување за околу 2 милиони евра, а во однос на крајот на минатата година се пониски за 16 милиони евра. Централната банка меѓутоа констатира пораст на вкупните депозити во мај годинава. Тие достигнале износ од 3,948 милијарди евра што е зголемување...

Continue reading

Во Охрид годинава се издадени повеќе решенија за изградба на објекти од лани

Post Views: 6 Во првата половина од годинава во споредба со лани се издадени поголем  број на одобренија  за градба на различни објекти. Во Охрид најмногу се гради во катастарската општина 3 која ги опфаќа улиците Абас Емин, новата автобуска станица и улицата Јане Сандански. Од секторот за урбанизам за шесте месеци од 2016  издале едно решение за градба на погон од лесна индустрија, 2 одобренија за доградба и реконструкција за хотели, едно за изградба на колективна станбена зграда, 14 за изградба на семејни  куќи, 3 одобренија за надградба на семејни куќи и 10 решенија за настрешници...

Continue reading

zena

„Жената-најфина творба на природата“

Post Views: 15 Жената е најдобра инспирација за уметноста. Во Струга деновиве отпочна вториот циклус на Интернационалниот ликовен карван „Сета таа убавина. После првиот, насловен како „Сета таа музика“, Тихомир Кондев познатиот колекционер на современата македонска ликовна уметност, не запира. Тој вели дека карванот му го продолжува животот и точно поради тоа не се откажува од патувањата со уметничките дела. Годинава во Центарот на културата „Браќа Миладинови“, во изложбениот салон се најдоа скулптури, слики, графики на тема „Жената-најфина творба на природата“. Кондев вели дека...

Continue reading

Охридскиот градоначалник задоволен од туристичката сезона во првата половина од годинава

Post Views: 11 Од податоците и статистичките показатели кои досега се обработени, охридскиот градоначалник Никола Бакрачески задоволен од туристичката сезона во првата половина од оваа година. „ Во првите 6 месеци од 2016 имавме реален раст на бројот на домашни и странски гости  од 7 до 21 посто. Има значителен пораст на патници кои сметаме дека се резултат  на охридскиот аеродром. Тоа е нешто што треба да не радува , бројот на летови и бројот на оператори на охридскиот аеродром,“кажува Бакрачески . Бакрачески напоменува дека со поврзувањето на Охрид со автопат до Скопје тој би добил...

Continue reading

logo

Во Македонија слободни работни места во индустријата, градежништвото и трговијата

Post Views: 0 Во првото тримесечје од годинава во Македонија имало 4.692 слободни работни места. Најмногу работници се барале во преработувачката индустрија, трговијата на големо и мало и градежништвото. Според податоците на Државниот завод за статистика во преработувачката индустрија имало 1.342 слободни работни места, во трговијата на мало и големо 663 и во градежништвото 620 работни места. Најголем дел од слободните работни места 1,29 отсто се во компании кои имаат од 10 до 49 вработени, а во компании од 50 до 249 вработени имало 1,27 отсто од слободните работни места. Скопскиот...

Continue reading

SVP

Јубилејно 50 издание на Струшки вечери на поезијата

Post Views: 11 Годинава Струшките вечери го слават својот златен љубилеј, 50 години „Струшки вечери на поезијата“.   Интересот и за годинава на поетите за учество на фестивалот е огромен. Од организацијата откриваат дека за прв пат годинава на фестивалот ќе учествуваат околу 130 тина странски поети од 71 земја. „ Годеншното фестивалско издание ќе биде една вистинска вавилонска кула на јазици. Задовојни сме што годинава ќе имаме и претставници од земји кои што ретко доаѓале или не се спомнуваат во хрониките на самиот фестивал. како куриозитет на овај фестивал е што изведбата на Т’га...

Continue reading

ТЛЕР и годинава преку анкетни прашалници ќе го проверува квалитетот на туристичката понуда

Post Views: 7 Три години со ред Секторот за ТЛЕР кон крајот на летниот период изготвува анкетни прашалници кои најмногу ги доставуваат до хотелиерите, дел до приватните станоиздавачи, а дел од анкетираните странски туристи се контактираат и преку социјалните мрежи, вели Ѓоко Апостолов од Секторот за ТЛЕР. Анкетниот прашалник најмногу се однесува на видот на туристичките услуги во Охрид, со претходно изработена анализа на типот и профилот на самиот гостин кој е анкетиран од повеќе аспекти. „И врз основа на тоа може да се извлечат одредени сознанија на какво ниво се услугите кои се...

Continue reading

Во струшко масовно се палат стрништа и покрај високите казни

Post Views: 3 Овој месец двојно се зголемиле повиците за интервенирање на отворено за разлика од лани, а мал е бројот на шумските пожари, вели командирот на струшката противпожарна единица Урим Каба. Лани било забележано на Караормна во реонот на Делогожд аи Поум намерно полење на шума , но годинава такви појави нема. Каба нагласува дека во овој период,  загрижува зачестената појава на палење стрништа и покрај високите казни за сторителите бидејќи јавната свест е на ниско ниво. Иако делиме флаери, го информираме населението преку медиумите, но без ефекти нагласува командирот на пожарникарите...

Continue reading

solo peenje

Летна школа за соло пеење

Post Views: 21 Соло пеачи од земјава и надвор од неа, во Струга. Тие една седмица учествуваат на семинарот по соло пеење, кој годинава се одржува по четврти пат. Професор Марија Муратовска Наумова, вели дека интересот за овој семинар од година во година е се поголем, бидејќи семинарот овозможува високостручно оспособување за оние кои имаат афинитет кон соло пеењето. Наумова вели дека трошокот за учество на семинарот соло пеачите сами си го подмируваат, а од нивна страна континуирано се правеле напори да обезбедат дел од средствата, но засега ништо од тоа. Таа вели дека максимално...

Continue reading

tutun

Се сади македонското „жолто злато“

Post Views: 4 Започна садењето тутун во прилепските села Канатларци и Кадино. – Расадот е добар, полека почнува садењето на тутунот во прилепско, а поинтензивно по празниците. Главно, годинава за 20 насто е поголем интересот за оваа индустриска култура, вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија. За годинава во земјава се подигнати 33.090 евидентни листови од подрачните единици на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, што е за 4.000 повеќе од ланските 29.090 евидентни листови кои се виза за производството. {loadposition...

Continue reading

Мисајловски: Половина од автопатот Охрид – Кичево ќе биде завршен до крајна годинава

Post Views: 0 Работна посета и увид во градежните активности околу изградбата на најголемиот автопат Охрид – Кичево, изврши министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, во Арбиново Дебрца. Според последните податоци со кои располага министерот повеќе од 35% од севкупните активности биле завршени, додека пак преку 80% била пробиена трасата на автопатот. „Очекувам дека оваа година околу 14 км комплетно ќе бидат асфалтирани тоа веќе го зборувам согласно динамиката, како што ги гледам можностите тоа ќе се оствари, ќе гледаме и дополнителни делници да асфалтираме или севкупно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top