Ознака: годинава

drva

Се краде, ама со усул

Post Views: 0 Сеуште постои нелегална сеча на дрва во Н.П. „Галичица“. Последниве години многу се работеше на подобрување на состојбата во паркот. Се изградија неколку објекти од суштинско значење, паркот се обележа со информативни табли, се обележаа патеки за разни рекреативни активности , вели првиот чекор на оваа установа Зоран Ангелоски. Тој додава дека меѓу другото активно работат и на преземање соодветни законски мерки за сузбивање на неколкуте негативни појави кои се регистрираат во паркот, како што е тоа незаконската сеча на дрва и лов.Санкциите за сторителите на нелегалната...

Continue reading

svr

На готовс пред зимата

Post Views: 6 Колку и дали субјектите кои делуваат на подрачјето на општина Охрид се подготвени за зимско одржување на патиштата. На оваа тема, денес СВР Охрид организира средба со надлежните субјекти од регионот, со цел да се утврди нивната подготвеност за одржување на патиштата, како и за навремени интервенции при евентуални временски неприлики, во зимски услови. Командирот на безбедност на патниот сообраќај Охрид, Страшо Миленковски потенцира дека од досега направените анализи, на подрачјето на СВР Охрид, констатирано е подобрување на патната состојба за време на зимскиот период...

Continue reading

denovi na kosta abrash

Денови на Коста Абраш

Post Views: 2 Оваа манифестација по втор пат се одбележува во Охрид, во чест на големиот литературен деец Коста Абраш. Организатор е здружението за македонско-турско- српска соработка, заедно со Н.У. Библиотека „Григор Прличев“. Годинава, на овој настан се дава голема тежина, вели Здравко Ратајкоски од здружението на македонско-турско-српска соработка, кој воедно ја презентира и агендата на програмата по повод одбележувањето на „Деновите за Коста Абраш“. Не случајно за Коста Абраш се зборува дека е македонско српски писател, кој за својот краткотраен живот постигнал многу, вели поетесата...

Continue reading

gimnazija

Каде на екскурзија и колку ќе чини?

Post Views: 4 Од три понуди за екскурзија во Прага, одбрана најсолената. Охридските средношколците на почетокот на Октомври ќе отпатуваат за Прага во рамките на редовната програма на Општинското Средно Училиште Св. „Климент Охридски“. Дел од родителите на учениците со допис до нашиот медиум реагираат околу постапката со организацијата на екскурзиите. Тие велат дека целата постапка е системско ограбување на родителите и прашуваат зошто секогаш доверба од ракводителите се дава на една иста агенција во случајот посочена е агенцијата Виспој. Првиот човек на охридската гимназија Наум Рилкоски,...

Continue reading

kongres

Конгрес на фармацијата во Македонија

Post Views: 1 Во Охрид по петти пат се одржува Конгресот на фармација на Македонија. Организатор е македонското фармацевтско друштво кое постои неполни 65 години, а коорганизатор е фармацевтскиот факултет Св. „Кирил и Методи“, Скопје. Конгресот се одржува на секои четири години, а оваа година регистрирани се 1000 учесници од кои 250 од странство. Проблематиката на конгресот годинава е целокупната фармацевтска дејност. Професор Сузана Трајковиќ Јолеска, претседател на македонското фармацевтско друштво, вели дека бројката на учесници е факт кој говори дека развојот и афирмацијата на...

Continue reading

Petreski

Градоначалникот Петрески задоволен од туристичката сезона

Post Views: 1 Се што планиравме за сезонава која измина реализиравме. Треба да сме задоволни и од гостите кои летуваа во Охрид. По подолг период ги повративме странските туристи. Единствено годинава не одминаа Српските туристи, вели градоначалникот Александар Петрески. „ Голема свежина дадоа и гостите од Финска, од Холандија, традиционалните исто така дојдоа, но не дојдоа гостите од Србија, иако годинава најмногу работевме на Српскиот пазар, се претставивме на сите саеми“, вели градоачлникот Александар Петрески. Градоначалникот признава дека направиле доста истражувања зошто Српските...

Continue reading

Studentski dom

Домот „Никола Карев“ ги отвори вратите за прием на студенти

Post Views: 47 Слободни места за сместување во студенскиот дом „Никола Карев“, по се изгледа и годинава, ќе има доволно за сите студенти. Неколку години по ред тука опаѓа бројот на студенти кои бараат сместување. Лани во домот биле сместени 145 студенти во расположливиот капацитет од 218 места, вели раководителот на домот Марјан Ристески. Од 1991 година откога овој објект ја има функцијата на студенски дом, бројот на студенти кои се сместуваат тука опаѓа. Податоците од лани укажуваат дека повторно има тенденција на пораст на интерсот за сместување па се очекува и годинава тој позитивен...

Continue reading

fakultet informaticki nauki

Информатичкиот факултет – Охрид, чекори кон европското образование

Post Views: 59 Универзитетот за информатички технологии – Охрид, ги чека новите студенти. Од таму, досега се задоволни од досегашниот одзив на идните академци, како од домашни така и од странци. Ректорот на универзитетот проф. Данчо Давчев  вели дека веќе се заокружува бројката од околу 100 студенти на 5 те факултети кои работат во рамките на универзитетот. Тој додава дека годинава максимално биле ангажирани за да ги обезбедат сите услови за студирање на идните академци. Годинава формиран е и т.н. научно истражувачки совет во кој што учествуваат и членуваат повеќе од 20 тина...

Continue reading

Ohridsko leto

Успешна прва половина на „Охридско лето“

Post Views: 7 Богата програма и одлични реакции на публиката. Се потроши првата половина од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а првиот човек на фестивалот Илија Мојосовски, презадоволен од она што беше досега реализирано. Доказ за тоа  вели Мојсовски е и посетеноста на овие настани. Како и секогаш кога станува збор за манифестација од ваков калибар проблеми, големи и мали и кај нас има, додава тој. Меѓутоа ние, истите ги решаваме во од, брзо и навремено, а со една единствена цел, публиката да не почувствува дека нешто воопшто и се појавило како проблем. „Мислам дека во досегашниот...

Continue reading

Ilinden

Охридските комити ја исполнија задачата

Post Views: 1 Илинден е празник над празниците. Под ова мото група од триесеттина млади охриѓани, членови на Здружението Христо Узунов, традиционално ја поминаа зацртаната траса од 102 километри – марш до Крушево. Охридските комити по девети пат зедоа учество на главната церемонија по повод 2-ри август, ден кој бележи двоен повод за прослава – 108 години од Крушевското востание и 67 години од првото заседание на АСНОМ. Шишкоски Никола од охридското здружение рече дека маршот поминал во најдобар ред, без проблеми по пат. Тој додаде дека иако се соочиле со лоши временски...

Continue reading

Охридски пиво фест, втор пат

Post Views: 1 Од вечерва па во наредниве три дена, Охрид ќе се забавува во ритамот на второто издание на Фестивалот на пивото. Сите љубители на пивото и урбаната забава ќе може да уживаат во богатата музичка понуда со Тони Зен, Сека Алексич, Парти Брејкерски, Супер Хикс и други, а сите љубители на пивото и урбаната забава, овој мега-ивент ќе може да го проследат бесплатно. Второ издание на Охридскиот „Пиво фест“. Веќе традиционално, по втор пат „Герила Маркет“ од 28-31 јули на локацијата Биљанини извори ќе го организира „Пиво фест“ каде на повеќе од 8000м2 организаторите очекуваат...

Continue reading

sobi

Изгор глоби на лице место, за нелегалните станоиздаватели

Post Views: 1 Популарните локации на уличните станоиздавачи актуелни и годинава. Тие не избираат начин на пристап до моторните возила кои не се со охридска регистрација. Не ретко се случува мобилните станоиздавачи своите туристички капацитети на гостите да им ги нудат на сред улица или додека чекаат семафор, притоа не водејќи сметка на елементарната култура. На ваков начин и самите тие  се изложуваат на опасност загрозувајќи ја сопствената безбедност и животот. Поради тоа деновиве засилен е инспекцискиот надзор во соработка со охридската полиција. Раководителот Танас Танасоски вели...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top