Ознака: годинава

novogodisna programa

Владо Јанески ќе ја честита Новата 2015 година во Охрид

Post Views: 6 Предновогодишната забава во очи пречекот на 2015 година ќе започне од 22 и ќе трае до 31 декември. Петар Нечоски и охридскиот бенд Камелеон ќе ја загреваат атмосферата за новогодишната ноќ во Охрид, а Нова година на охриѓани и сите останати гости ќе им ја честита Владо Јанески. Раководителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов на денешната прес конференција информира за сите новогодишни активности. „На градскиот плоштад ќе се одвива богата културно уметничка програма која што во работните денови ќе биде во терминот од 18 до 20 часот додека за викендите од 12 до 18 при што на неа...

Continue reading

лизгалиште

Наскоро ќе се знае кој ќе постави лизгалиште на охридскиот плоштад

Post Views: 4 За помалку од една седмица ќе се знае кој ќе стопанисува со лизгалиште на плоштадот. Локалната самоуправа годинава објави оглас за издавање на 300 м2 јавна површина,  на која треба да се постави лизгалиштето.  Лани проектот лизгалиште во јавноста  подигна многу прашина. Овој пат, Советникот од опозицијата Дејан Блажески на новата процедура и објавениот тендер гледа со одобрување.„ Интересен момент е тоа што се промена од лани дo годинава, за годинава, да има вака процедура  пологична  за мене, во формите на правилата и прописите, за разлика од лани кога постојано жонглиравме...

Continue reading

tezgi

Нови новогодишни тезги, стари проблеми

Post Views: 1 Наместо наредени од двете страни на малиот плоштад кај Чинарот, годинава, новогодишните тезги на малку поразлична локација, поставени околу градската фонтана.  Неколкуте тезги со години наназад со својот неугледен изглед им бодат очи и на охриѓани и на туристите кои доаѓаат тука за новогодишните и божиќните празници. Откако минатата недела беа поставени овие тезги, не стивнуваа реакциите на граѓаните околу нивниот изглед. Еве што кажаа охриѓани: „Треба тоа да се продава, да си има убави куќарки, сите да се исти, а не вака.“ „Нема тезги, кога имаше пари имаше и тезги,...

Continue reading

e-mail

Казни до 1.000 евра за фирмите без имејл

Post Views: 2 Казни од 500 до 1.000 евра ќе заработат фирмите што до 1 април годинава нема да пријават имејл-адреса во Централниот регистар Ова е предвидено со дополнувањата на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица. Во законот се предвидува и глоба во износ од 250 до 500 евра за управителите на фирмите што нема да ја исполнат оваа законска обврска. „Субјектите на упис запишани во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица се должни најдоцна до 1.4.2011 година да поднесат пријава за упис на адреса на електронско...

Continue reading

Yahya Kemal

Деветти натпревар за добивање стипендија за англиски јазик во „Јахја Кемал“

Post Views: 57 По деветти пат и годинава, приватното средно училите „Јахја Кемал“организира натпревар за стипендија за изучување англиски јазик. Натпреварот се организира за ученици од деветто оделение за сите училишта од регионот. Инаку досега за учество на годинешниот натпревар пријавени се 220 ученици. {loadposition content9}

Continue reading

patron

Достојно одбележан патронот на ОСУ „Св Климент Охридски“

Post Views: 3 ОСУ „Св Климент Охридски“ достојно го одбележа својот патрон. Синоќа пред бројната публика во ЦК „Григор Прличев“, беше одржана свечена програма на гимназијалците од ова училиште. Училишниот хор заедно со рецитаторската секција се покажа во вистинско светло, така што прсутните ги оставија без здив. Тие приредија незаборавна едночасовна програма исполнета со песни и поезија. Директорката на гимназијата Вера Јовческа во  своето обраќање нагласи дека и годинава докажале дека се достојни следбеници на Климентовото дело.  „Најважниот мотив за работа е задоволството што...

Continue reading

patron kliment

ОУ „Св.Климент Охридски“ со мјузикл го одбележа својот патронен празник

Post Views: 5 Мапет шоу, пародии, мјузикл, сцена од култниот филм Брилјантин, изведба на странски песни, хитови во седумдесеттите години на минатиот век, беа само дел од богатата програма која посетителите во преполната сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ можеа да ја видат по повод патрониот празник на ОУ „Климент Охридски“. Учениците зедно со нивните наставнички, ментори повеќе од еден месец интензивно се подготвуваа за овој настан. Директорот на училиштето, Јордан Пуроски рече дека оваа година приредбата која ја подготвиле е многу поразлична од се она што претходно било...

Continue reading

nasilstvo

Одбери љубов! Кажи не на насилството!

Post Views: 29 Насилство во охридското економско училиште. Група ученици од оваа установа денес беа сведоци на вербална расправија помеѓу нивни соученици. За среќа овој инцидент беше само симулација која пред учениците ја демонстрираа активистите од ЖЦ „Бисера“, Охрид. Препознавањето на проблемот на насилството врз жените, девојките и децата е прв чекор кон негово решавање, вели претседателот на Центарот, Наде Мартиноска. Таа нагласи дека денешната импровизирана сцена на кавга меѓу двајцата средношколци е непријатана глетка за сите, па затоа таквата појава треба да се препознае и...

Continue reading

logo

Намалување на стапката на криминалитет во Охрид

Post Views: 1 Во првите девет месеци од годинава, Секторот за внатрешни работи во Охрид бележи намалување на вкупната стапка на криминалитет. Во овој период, во полициската станица регистрирани се вкупно 698 кривични дела што претставува намалување во однос на истиот период минатата година кога беа евидентирани 704 кривични дела. Намален е бројот и на регистрираните сторители на кривични дела. Во деветте месеци од оваа година регистрирани се 314 а во истиот период лани вкупно 376 сторители на разни кривични дела. СВР Охрид, анализирајќи го криминалитетот по видови, бележи пад на...

Continue reading

ilija velo

Охриѓанец на велосипед стигна до Белград да ја следи воената парада

Post Views: 4 На велосипед по дожд, магла и сонце, охриѓанецот Илија Костоски, традиционално секоја година вози до Ниш со цел да присуствува на 14 октомври Денот на 63 тата падобранска единица. Но годинава Илија ја продолжил својата рута. Тој годинава со велосипед отиде до Белгарад за да присуствува на воената парада и во живо да ги види воздушните акробации на славните руски стрижи. Се протекло според предвидениот план, односно после 4 и пол дена патешествие на велосипед Костоски издвои еден момент кој кај него предизвикал посебни импресии. „На самиот марш и на говорот на Путин падна...

Continue reading

biblioteka

Младите библиотекарки од Охрид се подготвуваат за државен натпревар

Post Views: 0   Две победнички на општинскиот натпревар за млади библиотекари кој деновиве се одржа во НУ – Библиотека “Григор Прличев” – Охрид. Традиционално и годинава организатор е Библиотекарското здружение на Македонија. Директорката Александра Белеска задоволна е од знаењето кое го покажале учениците, членови на библиотеките од Основните училишта на општина Охрид и општина Дебрца. Таа ги обелодени имињата на победниците од натпреварот и ги покани сите 17 учесници заедно со професорите утре, 15ти октомври, во просториите на библиотеката во 12 часот да...

Continue reading

crven krst

Хуманитарна акција за посреќно детство

Post Views: 2 Хуманитарен хепенинг пред ЦК „Григор Прличев“. Сите учесници во активностите на големата хуманитарна акција „За посреќно детство“, се приклучија во креативните работилници и натпревари во најразлични спотски дисциплини, шах, пикадо, вртење хулахоп, итн. Претседателот на Црвениот крст Сашо Точков, вели дека од година во година се постигнувала целта, односно поттикнување на хуманоста кај младите, но и кај сите охриѓани, спортскиот дух, натпреварувањето и здравиот живот. „Сто се сите оние спортски дисциплини и културно забавни содржини кој што ги практикуваат младите луѓе,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top