Ознака: генерација

diplomci UINT

Доделени дипломите на втората генерација дипломци од Универзитетот Св. Апостол Павле

Post Views: 8 45 студенти од втората генерација на универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ денес ги добија своите дипломи. Доделувањето на дипломите беше навистина посебно доживување и за првиот воопшто магистрант на овој универзитет, м-р Љупчо Балески кој магистрирал на студиите за информатички науки и технологии. Денешната свечена церемонија на доделување на дипломите воедно претставуваше и топло добредојде за новозапишаните студенти кои ги поздрави и заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски. Според ректорот на универзитетот, Нинослав Марина,...

Continue reading

Доделени дипломите на генерација 2014 – 2015 ОСУ „Св Климент Охридски“ “

Post Views: 0 На патот по кој ќе чекорите во иднина одите исправено, достоинствено и гордо, да газите решително, но никогаш да не го занемарите знакот за ограничена брзина на патот, да не ја занемарите насмевката на новата другарка од судентскиот дом, да “држите” до тоа кои сте и да трагате по најдоброто во вас. Ова порака до гимназијалците од ОСУ „Св Климент Охридски“ ја испрати градоначалникот Никола Бакрачески на синоќешното доделување на дипломите од генерација 2014-2015.   „Драги мои. Моментите кои сега вие ги живеете, одлуките кои вие сега ги донесувате, љубовта покрај која...

Continue reading

deca

Охридските основни училишта се без логопед

Post Views: 3 Охриѓанчиња  имаат се повеќе потреба од корекција на  говорот. Тие во моментов се препуштени само на еден логопед кој работи во општата болница. Од градинката Јасна Ристеска и основните училишта сигнализираат дека  расте бројот на децата кои пелтечат, неправилно читаат и пишуваат, лошо изговараат одредени гласови или имаат проблем со искажување на комплетна реченица. Во градинката каде што се згрижени 850 деца од пред две години е ангажиран само еден логопед. Од 400 дечиња на возраст од 4 до 6 години, голем е бројот на оние кои имаат проблем со изговарање на одредени...

Continue reading

eliens

Вонземјаните го експлоатираат златото на Земјата а луѓето се нивни робови

Post Views: 3 Вонземјаните се дојдени по нашето злато е една од теориите изнесени на последниот Конгрес на уфолози одржан во Јужноафриканската Република. Според таа теорија, златото е технички нивно, затоа што пред околу 300.000 години слетале на Земјата, со генетски инженеринг ги создале луѓето, а оттогаш ние им служиме како извор на злато. Теоријата се занимава со прашањето на нечовечката експлоатација и останатите ресурси во кои спаѓа и човековата работа. На некои изгледа им е тешко да поверуваат дека луѓето се способни да ги тераат другите луѓе на работа во нехумани услови во...

Continue reading

РЦСОО „Ванчо Питошески“- Охрид подготвен за новата генерација ученици

Post Views: 18 РЦСОО „Ванчо Питошески“-Охрид ги отвора вратите за упис на  254 ученици во 8 паралелки во прва година од Угостителско-туристичка струка . Од три- годишните профили понудени се келнер и готвач со комбиниран профил слаткар, додека од четири годишните профили угостителски техничар, техничар за настани и анимации , техничар за рурален туризам и хотелско- туристички техничар.  „ Новина од оваа година е  што учениците кои ќе се запишат во три- годишните профили келнер, слаткар односно  готвач ќе добиваат по 3500 денари месечна стипендија што значи еден мотив повеќе учениците...

Continue reading

Батерија која ќе го смени светот на технологијата

Post Views: 3 Станува збор за нова генерација на литиум-јонски батерии кои ќе имаат голем животен век од 20 години, што само по себе ќе ја намали и количината на отпад предизвикан од потрошени батерии. Новата генерација на оваа батерија ја направил Chen Xiaodong, професор од NTU. Неговиот изум ќе овозможи полнење на електричните автомобили и до 20 пати побрзо отколку досега. Ќе може да издржи преку 10.000 циклуси на полнење, што е 20 пати повеќе од постоечките технолошки решенија, пренесува International Business Times. За производство на оваа батерија, Chen и неговиот тим користеле...

Continue reading

глобочица

На брегот на Глобочичкото езеро осветена црквата Св Илија

Post Views: 1 На брегот од Глобочичкото Езеро е осветена црквата Св. Илија која започна да се гради пред три години. Жителите ја изградија веднаш до местото каде што некогаш постоела истоимената црква,  а била потопена пред 5 децении заедно со селото,  во 1964 година, при  изградбата на хидроцентралата  Глобочица. Во нејзината изградба учествувале сите жители, кој како бил во можност, со пари или работна рака. Каменот, песокот, цементот и останатиот градежен материјал го носеле на раце, а го превезувале до брегот со помош на сплав. Вредните глобочичани копнееле по денот кога ќе ја...

Continue reading

osnvci gen 1948/49

Учениците од генерацијата 1948/49 со почит возвраќаат на училиштето Григор Прличев

Post Views: 2 Со донација од поранешни ученици, во ОУ Григор Печичев  ќе се доопремат санитарните јазли во старата зграда. Трисеттина ученици од генерацијата 1948/49 собраа парични средства во висина од околу 1500 долари за да го поправат осветлувањето во училишните тоалети. Александар Сталески кој живее во Индијана, САД,  вели дека тој и неговите соученици  се вклучиле во акцијата секој  колку што може. Ние имаме должност кон училиштето кое засекогаш е во нашите спомени,  да бидеме општествено одговорни и да ги подобриме условите во училиштето, во кое сега учат нашите внуци.„ Мене...

Continue reading

Dimce dimoski

In memoriam Димче Димоски

Post Views: 0 Денес на 79 годишна возраст почина Димче Димоски, кого повзорасната генерација охриѓани го паметат како киноапаратер во киното „Охридско езеро“ и подоцна во центарот за култура „Григор Прличев“. Димче Димоски целиот свој работен век го помина како киноапаратер низ чии раце поминаа километри филмска лента, грижејќи се кино проекциите да поминат во најдобар ред. Иако неговото работно место беше далеку од очите на посетителите, неговото отсуство не можеше да не биде забележано, а ќе остане забележано и неговото сеќавање во двата документарни филмови во кои се забележани...

Continue reading

monografija

Монографија по повод 50 години од матурата

Post Views: 1 Зборовите бледнеат, сликите остануваат. Безвреден е животот ако зад него не оставиме спомени, рече авторот на Монографијата по повод 50 години од матура,  Димче Стојкоски Лепиот. „Оваа книга претставува трајно дело и ќе биде пионер на ова школство на сите генерации во сите сфери на општеството“, вели  Стојкоски. „Јас сум благодарен што успеав да ја напишам оваа книга, благодарение на моите колеги кои ми доставија фотографии. 50 години од матурата ги содржи сите активности на генерацијата кои активности на чело со професорите кои што ни беа и родители и другари бевма...

Continue reading

studenti

На Плаошник свечено доделени дипломите на педесеттина студенти од ФТУ

Post Views: 3 Педесеттина студенти од ФТУ од Охрид денес на свечен начин ги добија дипломите за завршено високо образование и тоа на Плаошник. Идните академски граѓани со нескриена возбуда50 студенти од петте насоки на ФТУ, денска ги зедоа своите дипломи. Свеченоста на промоцијата на 42 тата генерација на дипломирани студенти на овој факултет, се одржа на Плаошник.  присуствуваа на овој чин земајќи го в рака  парчето хартија кое треба да им ја гарантира нивната светла професионална иднина. –Јас сум голем оптимист и се надевам дека дипломата нема да ми биде само парче хартија....

Continue reading

концерт

Растечката генерација македонски пијанисти со концерт во Охрид

Post Views: 0 По повод чествувањето на „Св. Кирил и Методиј”, во сабота, 24-ти мај, во катедралната црква „Св. Софија” во Охрид ќе се одржи концерт на растечката генерација македонски пијанисти, по уметничко ракодовство на проф. м-р Кристијан Каровски. На сцената во „Св. Софија” ќе настапат Анастасија Кочева, Амина Никочевиќ, Викторија Митеска, Дамјан Милески, Ивана Јанаќиева, Њомза Џафери и Тодор Спанџов, а ќе бидат отсвирени дела на Бетовен, Шопен, Дебиси, Брамс, Григ и Рахманинов. Настанот започнува од 20 часот, а воведна реч ќе има проф. д-р Красимира Илиеска....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top