Ознака: врати

bazen

Некогашниот затворен базен, пропаѓа

Post Views: 15 Остатоците од некогашниот затворен базен во Струга, сеуште бодат очи. Познато е дека овој руиниран објект се наоѓа во непсредна близина на ОУ „Браќа Миладинови. Тој во моментов може да се спореди со замок од хорор филмовите, кој скоро целосно е обраснат со трева, од каде само малку надзираат зидините на објектот. Доколку не се превземе нешто, овој објект ќе наликува на џиновски жбун, кој во неговата внатрешност крие дувло на нарко зависници и разни отпадоци од контаминиран материјал. Свесен за проблемите поврзани околу некогашниот пливачки базен е и директорот на ОУ...

Continue reading

ribolov

Се лови на големо, а се санкционира минимално

Post Views: 2 Апетитите на рибокрадците не се задоволија со истребувањето на пастрмката, сега посегаат и по белвицата. Состојбата со рибниот фонд во езерото е хаотична, тврдат охридските спортски риболовци. Оваа констатација не ја негираат ниту од охридскиот Хидробиолошкиот институт. Неодамна првиот човек на оваа установа, Гоце Костоски рече дека физичката заштита на езерото е една од неопходните мерки која треба да се преземе, посебно од албанската страна на езерото, каде ловот на оваа риба е немилосрден. Тој хипотетички кажа под кои услови може да се врати овој вид во водите на...

Continue reading

сдсм

Охридската СДСМ реагира на одлуката за ЈПП за одржувањето на осветлувањето

Post Views: 2 Одлуката за одржување на осветлувањето во општина Охрид преку Јавно приватно партнерство тема на денешната пресс конференција на општинската СДСМ. Со ваквата одлука општината се откажа од приход во висина од 5милиони евра кој ќе влезеше во буџетот на општината во наредните години, рече координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски. Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ наместо да ги внесат овие средства во градскиот буџет, тие “великодушно” ги отстапија на приватна компанија од Чешка, додаде тој. Аргументите за исплатливоста на инвестицијата во јавното...

Continue reading

damboj iznenering

Квалитетот, тајна за успехот на градежната компанија Дамбој инженеринг

Post Views: 53 Добар архитектонски план, употреба на најквалитетни материјали, современа технологија и пред се поволни цени. Ова според Благоја Карадакоски, косопственик на градежната фирма Дамбој инженеринг се препознатливите карактеристики кои со години ги чуваат во врвот на оваа индустрија. Карадакоски смета дека Охрид, како туристичка дестинација има одлични локации за градба, но дека самото тоа прави за повисока цена на становите. Побарувачката вели дека ја има, но дека најголемиот дел од заинтересираните сепак доаѓаат од другите градови од земјава. А оние што ги купуваат нивните...

Continue reading

Нови проблеми за Malaysia Airlines

Post Views: 5 Авион на Malaysia Airlines, компанија која во последните месеци тешко ја погодија две катастрофални несреќи, морал по полетувањето да се врати на аердромот поради дефект на системот за автоматско управување. Авионот на летот MH198 за Хидербад (Индија) се вратил и без проблеми слетал во Куала Лупмур, четири часа по полетувањето од малезиската престолнина, соопштила авионската компанија. “Дефектот е утврден на Boeing 737-800 и не е загрозена безбедноста на авионот и патниците. Сепак, пилотот одлучил од превентивни причини да се врати назад”, истакнале од  Malaysia Airlines...

Continue reading

Забранет влез во Дубаи на рекордер на Гинис

Post Views: 2 Официјалните лица на аеродромот во Дубаи не објасниле зошто му забраниле влез на 53 годишниот Германец, Rolf Buchholz, каде требало да учествува на една хотелска презентација, пишува AFP повикувајќи се на извештаите на медиумите. Имено, Buchholz е носител на гинисов рекорд како човек со најмногу пирсинзи на себе во светот кој има 453 пирсинзи и два рога на челото. Тој е испратен со првиот авион назад во Истанбул. Портпаролот на хотелот каде требало да се појави Buchholz рекол дека менаџментот на хотелот и покрај сите обиди не успеал да добие дозвола за неговиот влез...

Continue reading

svr-novo logo

Тажен и непосакуван крај на потрагата по 14 годишната Маја Блажеска од Лешани

Post Views: 9 Тажен и најнепосакуван крај на потрагата по 14 годишната Маја Блажеска од Лешани. СВР денес и официјално потврди дека мртвото женско тело кое беше пронајдено во текот на вчерашниот ден во месноста Натнасер бачила во атарот на Велмеј е на Маја. Обдукцијата покажала дека на телото немало траги на насилство, изјави портпаролот Стефан Димоски. „Од досегашните информации со кои што располагаме од обдукцискиот наод најверојатно причината е хипотермија односно губење на телесната топлина како резултат на подолготрајна изложеност на екстремно ниски температурри кои што владееле...

Continue reading

градиште

Авто Кампот Градиште повторно станува актулен

Post Views: 23 Претставниците од министерството за транспорт и врски не го испочитувале терминот за јавна расправа за урбанистичката планска документација за охридските авто кампови, вели Горѓи Танески претседател на здружението „ Оревче“, во кое се сопственици и наследници на имоти во Градиште во процес на денационализација. Танески вели дека како сопственици кои водат судски спор за враќање на имотот во Градиште се непријатно изненадени од ваквата  постапка на ресорното министерство. Јавната презентација била закажана во 15 часот, а кога 50 – тина граѓани од здружението дошле...

Continue reading

izlov slatino

Се изловува рибниот фонд на Слатинско Езеро

Post Views: 9 Рекреативните риболовци од здружението Св Апостол Петар, денес отпочнаа со излов на рибниот фонд од акомулацијата Слатинско Езеро. Како што веќе од таму укажаа, Слатинското Езеро е пред еколошка катастрофа поради напукнување на браната, која го спушти нивото на водата од 9 на еден метар. Првиот човек на општина Дебрца, Игор Трајкоски, вели дека изловот на рибниот фонд е само времено решение и смета дека рибата набрзо ќе се врати во истата акомулација наесен, после санирање на браната за што потврда добил од Министерството за земјоделие. „Со напорите што ги направи концесионерот...

Continue reading

kolekcija

Нумизматичката збирка да се врати во Охрид

Post Views: 6 Колекцијата со нумизматичка поставка, со 1700 монети од античкиот период па се до 17 век, која некогаш беше подарок на градот од Охридска банка, повеќе не се наоѓа во галеријата на банката во охридската чаршија. Веќе 6 години Охридска банка ја поседува француската банка Социете Женерал, па јавноста се  интересира зошто колекцијата од непроценлива вредност не е изложена во градот каде што припаѓа. Одговор се обидовме да добиеме од првите луѓе кои треба да го чуваат националното културно богатство. Археологот-советник нумизматичар Даница Бачева, автор на поставката отворена ...

Continue reading

gimnazija

На старата дама и се врати нејзиниот француски шешир

Post Views: 15   Гимназијата Св. Климент Охридски си го доби својот некогашен лик по кој била препознатлива надалеку. Денеска свечено беа пуштени во употреба новите простории во нејзиното поткровје.  Како што рече градоначалникот Александар Петрески на старата дама и се врати нејзиниот француски шешир. Тој потсети дека градбата на поткровјето започна во 2006 година, а се реализира со средства од Локалната самоуправа и Светската банка. Градоначалникот кажа дека покрај овој дел се реновирани и внатрешните простории, а обновена е и фасадата на Гимназијата. Целата таа инвестиција чини...

Continue reading

vmro dpmne

Петрески си ја призна грешката

Post Views: 5   Осум години манипулација со граѓаните и градот. Но дојде момент градоначалникот Александар Петрески да си ги признае грешките, велат од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Петрески и неговиот тим во урбанистичката и организационата  сфера направија голем број грешки кои многу ќе ги чинат на изборите кои доаѓаат, додаваат од таму.Петрески и неговиот тим  ја признаа грешката  со начинот на управувањето на паркинзите во Охрид — велат од Општинсскиот комитет на  ВМРО ДПМНЕ.  Но, тоа што три дена после тоа признание Петрески нема храброст да ги врати паркинзите под управување...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top