Ознака: возраст

Sturlakova

Двојно зголемен бројот на лица заболени од овчи сипаници

Post Views: 7 Во Охрид од почетикот на оваа година па до денес двојно е зголемен бројот на заболените од варичела или овчи сипаници. Од Центарот за јавно здравје велат  дека досега се регистрирани 108 пријави за ова заразно заболување. Но, од таму потенцираат дека нема место за паника. Иако бројката е висока таа се движи во границите на нормалата. Д-р Јованка Стурлакова Коровешиска вели дека зголемувањето на бројот се должи на поажурното пријавување на заболените од страна на нивните матични доктори. Матичните доктори се повеќе ја почитуваат законската обврска и ги пријавуваат болните...

Continue reading

болница

Aнемија ги напаѓа децата

Post Views: 2 Родители внимавајте анемија ги напаѓа децата. Здравствената слика на охриѓани покажува дека во регионот бeлежaт пораст анемијата и заболувањата на тироидната жлезда. Кај предшколските деца на возраст до 7 години на прво место преовладуваат заболувањата на дишните патишта со 58 проценти, а веднаш зад нив следува анемијата со 3,5 посто, укажува д-р Слободанка Коцевска, од охридскиот Центар за јавно здравство. Најчесто на удар се предшколските деца, појаснува д-р Коцевска. „Причина за откривање на анемијата и заземањето второ место се честите лабораториски контроли кај...

Continue reading

katalog drvca

Еко-свест од најмала возраст

Post Views: 1 Човекот најдобро учи од природата. Слично како дрвцето јасен кое како семка сме го засадиле, така и еко-свеста на децата се засадува во најраната возраст. Тоа добро го знаат основците од „Христо Узунов“ кои денес садеа семки јасеново дрво. „Прво се зема пластичен сад, и се става подлога на дното. Се прават неколку дупчиња, се става еден сантиметар песок во саксијата, а над неа ровка земја. Ја притискаме малку земјата па со остар предмет правиме дупка од 2-3 сантиметри. Во дупката ја ставаме семката јасен и ја покриваме со земјата.“-токму вака дечињата внимателно ни раскажаа...

Continue reading

smoking

Пушиме и гајле си немаме!

Post Views: 0 Она што е забрането, лесно привлекува внимание. Активното пушење во земјава има нагорна линија и покрај сите мерки кои се преземаат за оваа тенденција да запре. Проблемот со пушењето е далекусежен и многу сериозен. Најтешкиот удар го претрпува човековото здравје. Ниту страшните статистики кои велат дека секои 4 од 5 случаи на рак на белите дробови се како последица на пушење, не успеваат да го постигнат потребниот ефект од откажување. Се поалармантни се бројките кои се објавуваат за Македонија, која за жал спаѓа во водечките нации кои се соочуваат со овој проблем.Според...

Continue reading

HPV vakcina

Во Охрид се води антикампања против ХПВ вакцината

Post Views: 0 Охридските епидемиолози очи в очи со родителите за да ги разубедуваат во нивните предрасуди за ХПВ вакцината. Стручните лица ги убедуваат родителите во исправноста и безбедноста на ХПВ вакцината и нејзиниот позитивен ефект во спречување на ракот на грлото на матката  чиј предизвикувач е ХПВ вирусот. Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска, истакнува дека во Охрид и Дебрца е поразителна бројката на родителите кои одбиваат нивните девојчина да ја примат ХПВ вакцината, која од крајот на 2009 година е задолжителна и во нашата земја. Во Охрид се вакцинирани само 18 посто, додека...

Continue reading

Paleshka

Балетската претстава „Палешка“ пред охриѓани

Post Views: 13 „Виза ви“, охридското балетско студио, на сцена. Во продукција на Ц.К. „Григор Прличев“, во петок на 18 ти ноември во 18 часот, премиерно ќе се изведе детската балетска претстава „Палешка“, во кореографија на Јулија Милески. Влезот чини 100 денари. Директорката на центарот, Драгана Боцеска, е мошне задоволна од подготвеноста на младите за изведба на претставата, која е работена согласно истоимената бајка „Палешка“, наменета исклучиво за најмладата популација. Средствата за обезбедување на сценографијата и амбиентот ги обезбедило Министерствот за култура, вели Боцеска....

Continue reading

fer plej

Младите фудбалери на ФШ „Фер плеј“ од Сарево се вратија со сребро

Post Views: 1 20 –мина млади фудбалери кои се дел од Фудбалската школа „Фер плеј“ се вратија со сребрена медалја од учеството на меѓународен турнир „Млади надежи“  во Сараево. Тие постигнаа висок пласман во конкуренција  од 48 екипи од поранешните Ју Републики. Младите фудаблери се задоволни од играта и  би сакале еден ден да станат славни како и светските фудбалери кои се нивни идоли. Еден од координаторите на Фудбалската школа „Фер Плеј“, Марјан Настески, е задоволен од постигнатиот резултат во Сараево и од играта на малите фудбалери. Тие во силна конкуренција од 47 противнички...

Continue reading

In Memoriam Драгица Силјаноска

Post Views: 2 Утрово, по кратко боледување на 62 годишна возраст  почина Драгица Силјаноска, истакнат културен работник од Охрид. Силјаноска својот професионален ангажман како новинар го започна во радио Охрид. Понатака следуваа нејзините работни ангажмани во прес службата на Отекс, во дописништвото на НИП Нова Македонија, во Дом на Културата, во Градската библиотека и Балкански Фестивал. Функцијата директор на библиотеката Григор Прличев ја извршуваше  во периодот од 2003 до 2007 година. За време на нејзиниот четири годишен мандат како директор, библиотеката ја доби повелбата Св...

Continue reading

charity donation

До каде оди човековата дрскост

Post Views: 8 Ристоски Борис, жител на улица „Железничка“ се посомневал во две лица кои во текот на вчерашниот ден собирале добротоворни прилози за изградба на верски објект. Внимавајте на кого давате доброволни прилози. Во текот на вчерашниот ден, две лица едното на возраст од 50-тина години, а другото на возраст од 30-тина, прибирале добротоворни прилози под изговор дека прибираат средства кои потоа би се користеле за санација на верскиот објект, манастирот „Св.Спас“ во Горно Лакочереј. Ристоски Борис жител на улица Железничка веднаш се посомневал во овие две лица и решил да не...

Continue reading

vakcina

Каде треба да се вакцинирате против морбили?!

Post Views: 5 Согласно заклучоците на Kомисијата за заразни болести при Министерството за здравство, по донесената одлука за прогласување епидемија на морбили на целата територија на  Р.Македонија, против морбили треба да се вакцинираат сите деца на  возраст од 6 до 12 месеци, а доколку не се вакцинирани или не се потполно вакцинирани и сите лица на возраст од 13 месеци до 40 години. Од Центарот за Јавно здравје – Охрид ги информираат граѓаните кои не се вакцинирани или не се потполно вакцинирани дека: – Децата на возраст од 6 месеци, до 18 години, ќе бидат вакцинирани...

Continue reading

kud

КУД Филиграни ја негува традицијата

Post Views: 11 Кога се сака, се се може! Ансамблот „Филиграни“ полека прераснува во бисер на македонскиот фолклор. Иако постои кратко време, ова културно-уметничко друштво располага со богат репертоар. За годинава од „Филиграни“ најавуваат и бројни учества на домашни, но и меѓународни фестивали. Љубовта кон македонското оро никогаш не замира. Колку е поголем бројот на културно-уметнички друштва, толку полесно се негува традицијата. Доказ за ова е Ансамблот „Филиграни“. Ова културно-уметничко друштво иако постои само нешто повеќе од година дена, покажува зрелост и огромна посветеност...

Continue reading

na ginekolog

Недела за борба против ракот на грлото на матката

Post Views: 17 Во Македонија повеќе од 200 жени секоја година заболуваат од рак на грлото на матката, а приближно половина од нив умираат. На светско ниво годишно се регистрирани околу 500 000 нови случаи од кои дури 300 000 завршуваат трагично. Инфекцијата со високоризичните типови на Human Papiloma вирусот е главен фактор во настанувањето на ракот на грлото на матката. ХПВ инфекцијата најчесто се пренесува преку сексуален однос, но и преку неполов пат (од мајка на дете, од облека, хируршки ракавици).Еден од начините за превенција е примањето на ХПВ вакцината. Оваа вакцина не содржи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top