Ознака: водата

kapaci

Капачи-внимателно утре!

Post Views: 2 Водата во езерото со екстремно ниска температура. Од Црвениот крст од Охрид со предупредување до сите оние кои ќе скокаат по светиот крст, но и сите капачи воопшто, да бидат крајно внимателни. На брегот на езерото ќе бидат поставени медицински пунктови кои ќе се грижат за безбедноста на капачите. Претседателот на Охридскиот Црвен крст, Сашо Точков вели алкохолот-строго забранет за оние кои ќе скокаат по крстот. Во очи големиот христијански празник „Богојавление-Водици“ предупредувања за крајна внимателност за сите капачи. Овие предупредувања редовно им се повторуваат...

Continue reading

Sv Naum

Дали конечно се најде решение за отпадните води на потегот Градиште-Св.Наум?

Post Views: 7 Отпадните води на потегот Градиште-Свети Наум ќе се пречистуваат во две пречистителни станици. Според физибилити студијата која ја изработија Хидро Енерго Инженеринг и Поинт про од Скопје, беа предложени 6 можни решенија од кои три се базираа на досегашниот систем на собирање и пречистување на водата. Поради специфичноста на подрачјето изработувачите на студијата гарантираат задолжително терцијарно прочистување на отпадните води. Според нив, водата која ќе биде испуштана во езерото по терцијарното пречистување, ќе биде со исклучително висок квалитет.„Заедно со Проаква...

Continue reading

voda

Водата од градскиот водовод исправна за пиење

Post Views: 10 Место за паника и страв нема смируваат одговорните луѓе од двете институции кои ја контролираат водата за пиење од градскиот водовод,  по зачестените реакации дека водата во охридскиот водовод има сомнителен квалитет. Многу граѓани се жалат дека водата од градскиот водовод во изминативе денови имала чуден мирис. Од МЈП „Проаква“ упатуваат  смирувачки тонови дека водата за пиење од градскиот водовод нема сомнителен квалитет, таа е микробиолошки и бактериолошки исправна вели Владимир Алексиоски , одговорен за испитување на квалитетот на  водата од Проаква.    Мостри за...

Continue reading

povleceno

Значително намалено нивото на Охридското езеро

Post Views: 3 Деновиве охриѓани сведоци на драстично намалување на нивото на водата во езерото. Портпаролот на Електрани на Македонија, Димче Котевски, во телефонски разговор не информира дека ваквата состојба е реузлтат на сушниот период кој трае речиси половина година. Тој негира дека причина е испуштањето на водата за енергетските потреби и додава дека испуштањето на водата се прави според потребите на системот. Падот на вредностите на котите е вообичаен за вакви временски услови, обајснува Котески. Но, експертите од Хидробиолошкиот завод не се согласуваат. „Доколку се продолжи...

Continue reading

defekt

Пукнатата цевка го откри штрајкот

Post Views: 0 Што шкрипи во ЈП „Нискоградба“? Дефектот на цевка кој рано изутрина се случи на улицата „Кленоец“ со часови несаниран. Неофицијално дознаваме дека станува збор за штрајк на вработените чијашто разврска се очекува, а Директорот на ова јавно претпријатие Владо Цветкоски, без коментар за ваквата ситуација. Штетата во секој случај е на товар на граѓаните. Жителите од улицата Кленоец, вчудоневидени од односот на вработените во Ј.П., кои пристигнале на местото каде се случил дефектот и делумно само го обележале, а за санирање да не станува збор. Штетите што жителите ги имаат...

Continue reading

cefka

Се почести дефектите на водоводната мрежа

Post Views: 4 Жителите на улицата „Богомилска“ веќе три дена и покрај пријавениот дефект во „Нискоградба“, не ја добиле бараната интервенција. Поради пукната цевка, постојано тече вода долж улицата. Еден граѓанин кој живее во близина на дефектот ни се пожали дека водата веќе почнала да ја нагризува и фасадата на неговата куќа. Тој вели: „Крајно време е да се интервенира. Дефектот е уредно пријавен во „Нискоградба“ веќе три дена, а екипи сеуште не дошле да го санираат дефектот.“ Стапивме во контакт со надлежните служби во ЈП „Нискоградба“. Тие ни кажаа дека немаат информации за таков...

Continue reading

Leskoec

Уште едно лето без вода

Post Views: 1 Уште една пеколна недела дел од Лесковчани ја преживуваат без капка вода. Горливиот проблем кој со години се провлекува, повторно се актуелизира. Иако приклучувањето на градската водоводна мрежа требаше да го реши овој проблем, сепак се провлекува старата приказна. Со недостиг на вода се соочуваат само дел од Лесковчани, и тоа оние кои што живеат во повисоките делови на селото и кои не се приклучени на главната линија. За фрустрацијата на овие граѓани да биде уште поголема, нивните сожители од другата страна нормално се снабдуваат со вода. Стапивме во контакт со надлежните...

Continue reading

proakva

МЈП Проаква се издава под концесија

Post Views: 0 Комисијата за спроведување на постапка за концесија по овластување на градоначалниците на Охрид и Струга денеска го објави меѓународен повик во дневниот печат. овој повик се куваше скоро една година, откако Советите на општина Охрид и Струга донесоа одлука за отпочнување на постапка за издавање на МЈП Проаква под концесија, поточно на дејноста на ова МЈП под концесија или јавно приватно партнерство.  Врз основа на одлуките кои ги донесоа двата совети управниот одбор на МЈП одлучи да ја започне постапката, а градоначалниците донесоа решение со кое беше формирана комисија...

Continue reading

poplava

Додека се бараат надлежностите, трпат граѓаните

Post Views: 4 Зграда на улица Сатеска во населбата Далјан веќе втор ден поплавена со вода. Станарите овој проблем го заблежале уште вчераутро, по што веднаш ги известиле службите од јавните претпријатија Проаква и Нискоградба. Дури после неколку повици на местото пристигнале службите од Проаква кои само констатирале дека шиберот кој може да ја сопре водата не функционира и дека мора да биде заменет. Но проблемот на овие станари не запира тука, бидејќи вистинскиот проблем лежи во надлежноста за решавање на ваквиот дефект. Сепак додека се префрла топката од една на друга страна, во...

Continue reading

Marija Fileva Stoev

Пречистителните станици не се луксуз

Post Views: 1 Во Елшани се монтираше првата пречистителна станица на отпадни води. Со имплементација на оваа технологија сопственикот на викендичка реши не само свој  индивидуален  проблем со отпадните води туку  спречува и понатамошното колективно еколошко загадување, истакнува Марија Филева Стоев, застапник од  BWC за TOPOLWATER. Филева Стоев нагласува дека за само шест месеци од почетокот на увоз на пречистителните станици кај нас се повеќе се покажува интерес за нивно вградување. Со тоа се буди совеста кај охриѓани за важноста на екологијата и чистата вода. Биолошката пречистителна...

Continue reading

fekalii

Фекалии во атарот на Центарот за едрење

Post Views: 10 Корења, гранки и фекалии ја заматија водата пред Центарот за едрење од Охрид. Проблемот со атмосферската канализација во овој дел, години наназад тапка во место и никако да се надмине, велат од центарот. Стефан Ставрев, од едриличарскиот клуб „Бофор“, во брифинг разговор кажа дека сите надлежни институции, МЈП „Проаква“, „Нискоградба“, Хидробиолошкиот институт и еколошките друштва од општинава, во неколку наврати се известени, но се тоа бадијала бидејќи досега ништо не било превземено од нивна страна. Ставрев додава дека проблемот со атмосферската канализација во овој...

Continue reading

Aleksandar Petreski

Кривична пријава за Љубен Буџакоски

Post Views: 1 Пријавата ја поднесе градоначалникот на Охрид, Александар Петрески бидејќи според него, настаните околу водата во Лескоец, се политизираат. Петрески смета дека проблемот со водата во Лескоец е одамна надминат и зачуден е кому му одговара белото да го претставува како црно и обратно. Петрески не попушта. Тој смета дека водата што ја користат мештаните мора да се плати и притоа потенцира дека постапката за приклучок од стар кон нов водоводен систем е секаде иста и за град и за село, поточно секој треба да ги запази законски пропишаните нормативи. Петрески рече дека како...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top