Ознака: владата

Владата го „стега“ каишот на јавниот сектор

Post Views: 2 Владата усвои таргетирани мерки и препораки за намалување на трошоците во јавниот сектор. Со овие мерки сите буџетски корисници и единки корисници се задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10% и да достават соодветен предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии најдоцна до 21 март. Мерките за рационализација забрануваат започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата по претходна согласност од Владата. Владата ги задолжи сите буџетски корисници и правни...

Continue reading

Во Владата денес почнува дијалог за зголемување на пензиите

Post Views: 11 Во Владата денес ќе се одржи состанок со здруженијата на пензионери на кој ќе се разговара за барањето за зголемување на пензиите. Состанокот ќе почне во 13:30 часот, а на него ќе присуствуваат вицепремиерот за економски ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, како и претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери. Со овој состанок се означува почеток на дијалогот за предлог новата методологија за покачување на пензиите – велат од Владата.

Continue reading

Владата пресече, полицискиот час ќе трае од недела во 11 до вторник во 5 часот наутро за празничниот викенд

Post Views: 1 Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд. Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05:00 часот.Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19:00 часот до 05:00 часот наутро.

Continue reading

Владата прогласи тридневна жалост, странски експерти ќе се вклучат во истрагата за пожарот

Post Views: 4 Владата на денешната итна и вонредна седница прогласи тридневна жалост за несреќата во ковид-центарот во Тетово, а ја прифати и понудата од сојузничките земји во истрагата за пожарот да се вклучат странски експерти за истраги при експлозии и пожари, соопштија од владината прес-служба. Денови на жалост ќе траат од денеска до задутре (четврток, петок и сабота), што значи дека онаму каде што е истакнато државното знаме, тоа ќе биде на половина копје. Владата апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и...

Continue reading

Владата ќе спречува злоупотреба на службените возила преку нов систем за следење

Post Views: 6 Владата на денешната седница донела одлука со која ќе го дефинира и регулира користењето на службените возила за да се спречи нивна злоупотреба, информираа од кабинетот на вицепремиерот за антикорупција Љупчо Николовски, по чија иницијатива била донесена одлуката. Одлуката е направена така што ги елиминира потенцијалните злоупотреби на службените возила, односно користењето на јавните ресурси за приватни цели. Новиот систем за следење на користењето на службените возила и начинот на кој ќе обезбедуваат дозволите за користење овозможува лесно детектирање на неправилностите и нивна...

Continue reading

Казни до десет илјади евра за трговците кои не ја почитуваат одлуката на Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени производи

Post Views: 7 Државниот пазарен инспекторат на терен. Испекторите проверуваат дали во трговците на  маркетите ја почитуваат одлуката на Владата за замрзнување на цените на лебот, шеќерот, брашното тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата. Имено, овие производи треба да ги имаат цените од 1 декември, кои не смеат да бидат променети до крајот на јануари следната година. Од Инспекторатот велат дека се проверуваат сите маркети низ државата, а казните за непочитување на одлуката се високи и достигнуваат и до 10.000 евра. Државниот...

Continue reading

Владата утре ќе одлучува за цената на струјата

Post Views: 3 Владата утре ќе одлучува по која цена ЕСМ ќе ја продава електричната енергија на ЕВН Хоум. Директорот на државните електрани Васко Ковачевски вели дека конечно успеале да ги склопат финансиските планови за домашното производство, но и колку пари ќе им требаат за реализирање на предвидените јавни набавки за 2022 година. Ковачевски уверува дека наместо законски предвидените 60 отсто од потребната струја за домаќинствата, ЕСМ ќе ја обезбеди целата потребна енергија и нема да има потреба од увоз на скапа електрична енергија од берзите. Ковачевски вели дека на Владата и...

Continue reading

Владата им ги одзеде лиценците за одгледување канабис на две компании

Post Views: 10 Одземени се лиценците за одгледување на канабис за медицински цели на двете компании кои се споменуваа во аферата за шверц на марихуана во која МВР и Американската служба за борба против дрога – ДЕА запленија 200 килограми марихуана во вредност од над 800 000 евра. Станува збор за Друштвото за производство, трговија и услуги „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“- увоз-извоз, ДООЕЛ Битола – Подружница „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“- Прилеп и Друштво за производство, трговија и услуги „Медикал 420“ увоз-извоз ДОО Битола.Одземањето на лиценците е на предлог на Министерството за здравство кое вчера доставило...

Continue reading

Медиум Објектив: Штрајк со црн екран поради селективна уредба на Владата за помош на медиумите

Post Views: 25 Регионалните и локални телевизии, кои емитуваат програма преку оператори на електронска комуникациска мрежа, членки на Здружението Медиум Објектив со црн екран ќе го изразат своето  незадоволство од oдлуката на Владата  со која им се доделува финансиска помош за справување со кризата од Ковид 19 само  на 5 национални и 6 регионални терестријални телевизии. Имено владата на 30ти мај донесе уредба за помош на национални и регионални телевизии кои имаат дозвола за емитување преку дигитален терестријален мултиплекс, со која  Владата  на овие телевизии  ќе им го покрие...

Continue reading

Владата ја донесе Уредбата со законска сила за издавање на ваучери на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам

Post Views: 4 Владата ја донесе Уредбата со законска сила за издавање на ваучери на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба, како дел од третиот пакет економски мерки за поддршка на граѓаните за ублажување на последиците од корона кризата и за поддршка на потрошувачката на домашни производи и услуги. Ваучерот за туризам, со номинална вредност од 6.000 денари издаден од Министерството за економија ќе го добијат вработени лица со низок доход заради плаќање на искористена туристичка и угостителска услуга на сместување или услуга...

Continue reading

Смртта на пилотите од Бритиш Eрвејз не е поврзана со ковид-19 вакцините и не се водат кризни разговори со владата

Post Views: 3 Информацијата дека четоврица пилоти на „Бритиш ервејз“ починале е точна, но не е вистина дека нивната смрт е поврзана со вакцината против ковид-19 и дека авиокомпанијата е во некакви кризни разговори со Владата за тоа дали да дозволи летање на вакцинирани пилоти. Од „Бритиш ервејз“, во изјава за „Ројтерс“, рекле дека ниту еден од смртните случаи не е поврзан со вакцините и ги демантирале тврдењата дека компанијата водела кризни разговори со Владата . Пост на Фејсбук ја дезинформира јавноста дека откако четворица пилоти на „Бритиш ервејз“ (БА) починале по примена ковид...

Continue reading

Нема докази дека 460 научници и лекари во Јапонија барале од владата да престане вакцинацијата

Post Views: 0 Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека 460 научници и професори од Јапонија пред 2 дена до јапонската влада испратиле документ, во кој бараат итно да сопре вакцинацијата против ковид-19, која, исто така, во постот се нарекува и „генетска терапија“. Во постот се претставува настанот како нешто што традиционалните медиуми го прикриле од јавноста, а информацијата се претставува како да била добиена од наводен македонски државјанин што живее во Јапонија. Нормално на вести и телевизија ни збор за овој чин, меѓутоа има интернет, има и видеа од овие луѓе да не мислите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top