Ознака: Вељаноски

Trajko Veljanoski

Велјановски ги распишува мартовските избори

Post Views: 1 Претседателот на Собранието Трајко Велјановски се очекува денеска официјално да ги распише претседателските и локалните избори за 22 март, датум што беше договорен на лидерската средба меѓу власта и опозицијата. Спикерот Велјановски тоа во петокот му го соопшти и на претседателот на Државната изборна комисија Александар Новаковски.. Велјановски нагласи дека е обврска на сите институции да сторат си мартовските избори да бидат според европските стандарди. Најголемите партии од власта и опозицијата на лидерската средба во петокот не постигнаа договор за примена на пилот...

Continue reading

Рашковски и Вељаноски ослободени од куќен притвор

Post Views: 5 Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и екс собранискиот спикер Трајко Вељаноски од денеска се на слобода. Откако скопска Апелација им ја прифати имотната гаранцијата дека нема да избегаат, тие излегуваат од куќен притвор. Рашковски понудил имот во Струмица и стан во Скопје во вредност од речиси 193 илјади евра, кои се во сопственост на неговите две деца, а Вељановски куќата во која живее која е проценета на околу 210 илјади евра. На двајцата им се одземени пасошите и им е наложено на одредено време да се јавуваат во суд. Во решението за Рашковски,...

Continue reading

hokej na treva

Донација во спортска опрема за младите охридски хокеари

Post Views: 10 За младите активно да се занимаваат со било кој спорт, потребни се услови. Владо Вељаноски спортски новинар кој 15 години работи во Националната холандска телевизија и кој е оснивач на фондацијата,ВЛА-ДОБРО, вели дека спортот е една од најважните активности во животот. Но занимавањето со било кој спорт изискува услови. „Па прво да кажам дека сум многу среќен зошто овие деца се уште многу посреќни од мене. Им благодарам на пријателите во Холандија, Рогиер ван ден Вехиер и Ерик ван дер Херст, кои ја донираа оваа опрема на мојата фондација ВЛА-ДОБРО“, вели Вељаноски. Вељаноски,...

Continue reading

Trajko Veljanoski

Ќе има или не предвремени парламентарни избори?

Post Views: 3 Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски се очекува утре да ги распише изборите за шеф на државата, кои според првичните најави од владејачките партии треба да се одржат на 13 и 27 април. За евентуални предвремени избори заедно со претседателските владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе тактизираат до крајните законски рокови до кога може да се распушти Собранието доколку изборите би се одржале заедно со вториот круг за избор на претседател. Партиите на Никола Груевски и Али Ахмети го чекаат крајниот рок бидејќи с` уште нема договор меѓу нив и за предлогот на ДУИ...

Continue reading

molitven pojadok

Mакедонска делегација на молитвениот појадок

Post Views: 6 Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, пратениците Александар Спасеновски и Владимир Ѓорчев и министрите за здравство Никола Тодоров и за економија Ваљон Сарачини, денеска во Вашингтон ќе присуствуваат на годинашниот Молитвен појадок. Националниот молитвен појадок е традиционален годишен собир под покровителство на претседателот Барак Обама, кој денеска ќе им се обрати на поканетите учесници. Најавено е дека Обама ќе биде придружуван од сопругата Мишел, како и од потпретседателот Џо Бајден. Традицијата на собирање на истакнати претставници на политичкиот, верскиот,...

Continue reading

Наум Вељаноски ново засилување на Воска Спорт

Post Views: 5 Воска Спорт деновиве со забрзано темпо ги претставува новите фудбалери со кои ќе се бори за влез во Првата македонска фудбалска лига. Најновото засилување е капитенот на ГФК Охрид Лихнидос, 28 годишниот Наум Вељаноски. -Благодарност до клубот за соработката во изминатите две и пол години, до соиграчите, особено до навивачката група “РИБАРИ” и поддржувачите на ГФК ОХРИД. Со крената глава се збогувам од ГФК ОХРИД, се гледаме во некои подобри времиња. Време е за нов предизвик во мојата фудбалска кариера.-напиша Вељаноски на неговиот фејсбук профил. Вељаноски...

Continue reading

ruiniran objekt

Училиште на опасен терен

Post Views: 5 Подрачното училиште на Св. Климент Охридски во населба „Даљан“, во моментов се наоѓа меѓу објекти опасни по живот. Рушевини, паднати ѕидини, надвиснати кровни конструкции со искршени талпи, е сурово секојдневие на децата кои изведуваат настава во ова училиште. Да не зборуваме за околината околу овие објекти во која има секаков вид на комунален отпад од градежен шут па се до игли шприцеви остатоци од храна и друго. Оваа слика посебно го погодила Петар Панов некогашен жител на оваа населба, кој моментално живее и работи во странство. Тој вели дека дел од неговото детство...

Continue reading

blagodarnica

„Охридско лето“ се закити со уште една награда

Post Views: 5 Фестивалот Охридско лето се закити со уште едно вредно признание како најголема културна манифестација, водечка во градењето на културните вредности на државата. На синоќешната свеченост во Скопје, по повод 70 години од постоењето на Македонската филхармонија,  Охридско лето доби благодарницата за особен придонес во растежот и развојот на најстарата национална музичка институција во земјава. Наградата ја прими претседателот на Управниот одбор, Зоран Вељаноски- Летра. Според него голема е честа да се добие едно вакво признание кое ги потврдува напорите Фестивалот да...

Continue reading

izlozba

„Cool bridges“ му донесе златен медал на Зоран Вељаноски- Летра

Post Views: 4 Меѓународното жири на 14 то биенале на фотографската уметност, Фотомедиа 2014 година, кое неодамна се одржа во Скопје  на охридскиот фотограф Зоран Вељаноски Летра му додели златен медал од Фото сојузот на Македонија за  колекцијата од три фотографии насловена како „Cool bridges 1. 2, 3“.   Годинава се претставија 175 автори од 35 земји од светот а изложбата на фотографии кои беа во конкуренција за награда ќе биде отворена на 13 ноември. Меѓународната изложба на фотографската уметност  “Фотомедиа” се организира секоја втора година од 1988 година од страна...

Continue reading

logo

„Носталгија во црно-бели рамки“ од Зоран Вељаноски – Летра

Post Views: 10 Под наслов „Носталгија во црно-бели рамки“ на програмата на Охридско лето недела во Дирекцијата на Фестивалот  со почеток од 20 часот е изложбата на фотографии од Зоран Вељаноски – Летра. Во овој циклус фотографии од веќе препознатливиот фото-запис на Зоран Летра се исцедува носталгијата како сон отсонуван во црнобели рамки кој постојано се преобразува, се интенвизира и дејствува со лирскиот тон на виденото, почувствуваното, запаметеното. Токму таа интензивна лирика е она што возбудува во овој исклучителен црно бел мозаик кој  отсликува  една тивка меланхолија на нашите...

Continue reading

kniga

Утре промоција на Фото книгата „Три рефлексии на погледот“од Зоран Вељаноски – Летра

Post Views: 1 Утре ќе се случи промоција на најновото дело на охриѓанецот Зоран Вељаноски Летра, книгата „Три рефлексии на погледот“. Во предговорот на делото, истакнатиот охридски поет Славе Ѓорѓо Димоски , ќе напише: „Овие фото-записи на Зоран Летра далеку се од едноставно (от)сликување на она што е пред (или при) очи, фаќање  мигови и физички пренесување; овде се претставува еден посебен концепт во кој се огледуваат автопоетичките точки на едно фотоистражување на Охрид од неколку аспекти: историски расцвет и свет, охридската фасада, магичноста и мистичноста на праисториската вода....

Continue reading

Antonio VeLJANOSKI

Награда за документарецот на Антонио Вељаноски „Поет на мал народ“

Post Views: 2 На 40 издание на фестивалот „Млада камера“ кој се одржува во Уничов, Република Чешка, Антонио Вељаноски од Охрид ја доби третата награда за документарниот филм „Поет на мал народ“. Документарниот филм претставува портрет на македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски, а приказната се следи преку три негови песни:„ Куќа“, „Траума“ и „Ноќта е црна Liebe Marija“. Покрај поетот во филмот настапуваат  Верица Недеска, Катерина Петреска, Александра Котушеска како и музичка илустрација на етно групата Љубојна. Антонио Вељаноски ја следи завршната година  на филмската академија  ФАМУ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top