Рашковски и Вељаноски ослободени од куќен притвор

Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и екс собранискиот спикер Трајко Вељаноски од денеска се на слобода.

 |   | 

Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и екс собранискиот спикер Трајко Вељаноски од денеска се на слобода.

Откако скопска Апелација им ја прифати имотната гаранцијата дека нема да избегаат, тие излегуваат од куќен притвор. Рашковски понудил имот во Струмица и стан во Скопје во вредност од речиси 193 илјади евра, кои се во сопственост на неговите две деца, а Вељановски куќата во која живее која е проценета на околу 210 илјади евра. На двајцата им се одземени пасошите и им е наложено на одредено време да се јавуваат во суд. Во решението за Рашковски, кој е обвинет во случајот „Софтвери“, стои дека освен имотната гаранција во предвид било земено тоа што тој е познат.

Идентитетот на обвинетиот е утврден и познат, има оформено потесно семејство, досега не е осудуван и не се водат други постапки против него, фактот дека е закажана главна расправа, времетраењето на мерката притвор и куќен притвор, околноста дека обвинетиот не ја извршува функцијата-Генерален секретар на Владата и со тоа значајно е намалена можноста да стапи во контакт со лица надвор од територијата на РСМ, а заради добивање на непречена здравствена заштита согласно здравствената состојба на обвинетиот – се вели во решението.

Судскиот процес во кој Рашковски е обвинет за набавката на два софтвери – за сообраќајни прекршоци и за биометриска идентфикација продолжува на 24 февруари. Екс генералниот секретар на Владата доби куќен притвор на 16 април лани, а пет дена подоцна доби и ефективен притвор, каде се задржа околу месец и половина, бидејќи на 4-ти јуни Апелација повторно му определи куќен притвор, каде остана се до вчера. По одлуката на судот реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека ослободувањето на Рашковски било доказ дека правдата со СДСМ како владејачката партија, било мисловна именка.

Пиунот Ковачевски, го ослободи миленикот на Зоран Заев. Рашковски, се смее на правдата во лице, наместо во затвор, му се укина и куќниот притвор. Останаа неодговорени прашањата по која линија Александар Пиперевалиев му е братучед и како од Дрисла се исплатени 850 илјади евра за багери? Рашковски е човекот кој го негираше и софтверот што го продаде на МВР, а кој што не одговара на системот на камери – се вели во реакцијата на опозициската партија.

Вељаноски пак излегува од куќен притвор, кој му беше определен по пресудата за случајот „Организатори на 27 април“, во која беше осуден на 6 и пол години затвор. Одлуката и за Рашковски и за Вељаноски ги донел истиот судечки совет составен од Тања Милева, Лирие Елези Ајрулау и Ѓоко Ристов.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top