Ознака: Велигден

легалзиација

Бројот на посетители во Охрид повторно се „ тресе“ од ракав

Post Views: 1 На охридската ривиера во мал број се присутни странските туристи кои го слават  католичкиот Велигден. Оваа констатција се извлекува од поединечните контакти со хотелиерите. Во повеќето хотели од конатктите со менаџерите за продажба информираат дека или воопшто немаат гости  или пак имаат помали групи на посетители. Од хотел Инекс Горица информираат дека немаат гости за католичкиот празник. Исто така и од Гранит кажа дека нивните капацитети останале празни. Во иста ситуација се и хотелите Метропол и Белви. Во моментов и од хотел Гарден кратко изјавија дека имаат помала...

Continue reading

konjski trki

Традиционални коњички трки во Велгошти

Post Views: 22 Секој со својата традиција. Во тој дух и гостопримливите Велгоштани не почестија со нивните традиции по повод големиот христијански празник Велигден. Години наназад со сопствени напори, но и средства собрани преку спонзорства тие организираат коњички трки кои секоја наредна година добиваат на се поголема популарност. „Вчера имавме коњички трки. Порано се одржуваа на друга локација, сега моментално се одржуваат во атарот на црквата Света Петка така да беше доста добро задоволително и мислам дека тоа ќе ни остане и во иднина и плус тоа денес, на вториот ден од Велигден...

Continue reading

кукли

Јагнешко печење и етно сувенири за Велигден

Post Views: 94 Неколку илјади странски и домашни гости го дочекаа Велигден и продолжениот викенд во Охрид. Иако беа очекувани околу 6000 гости, врнежливото време го преполови нивниот број, велат туристичките менаџери. Сепак, во Охрид допатуваа гости од соседните земји Бугарија, Србија, Грција, Албанија и Турција, а во помал број имаше и посетители од западноевропските земји. Најбројни беа домашните гости, и тоа оние што во градот поседуваат свои викенд станови и куќи за одмор. Врнежливото време, не дозволи гостите да уживаат во прошетките со брод по езерото, но затоа не изостанаа...

Continue reading

vodici

Документарниот филм „Богојавление Охрид-2012“ премиерно на Телевизија ТВМ

Post Views: 2 На Велигден, кога го славиме Христовото воскресение, премиерно на Телевизија ТВМ, ќе биде прикажан најновиот документарен филм „Богојавление Охрид-2012“, хронолошки запис за годинашната прослава на големиот христијански празник Водици. Филмот е документиран, видео запис за славењето на Христовото крштевање во Охрид и приказ на најатрактивната и најмасовна прослава на Водици во овој дел од православниот свет со доловување на многувековната традиција, богатство на обичаи и култот на охриѓани за празникот. Со кумството на Чифлиганец, првиот кум за Водици во Охрид, кој нема...

Continue reading

novo zdruzenie

Многу хумани гестови за Велигден

Post Views: 2 Без разлика на верска, национална припадност или политичко убедување, секогаш треба да се помага на сиромашните. Ова е главната цел на новоформираното Здружение, Македонско турско пријателство. Нивната прва активност е хуман гест, поточно скромно внимание на ранливата категорија во очи на големиот христијански празник Велигден. Претседателот Илкер Мустафа и останатите членови на здружението, претставници на турците, албанците македонците, египќани и власи ги сослуша социјалците, секој со својата мака. Кујтим Усеини рече дека времето стои пред нас и за да се негува добриот...

Continue reading

jagnesko meso

Ќе има ли јагнешко на Велигденската трпеза?

Post Views: 5 Што е Велигден без јагнешко? Ова е некое реторичко прашање кое навистина нема потреба да се поставува…или сепак има? Македонската трпеза за големиот христијански празник Велигден традиционално во себе го содржеше јагнешкото месо. Дали од адет, дали поради религиозни побуди или нешто друго, Велигден не може да се замисли без печено јагне. Во последниве години за жал трпезата на обичниот граѓанин се повеќе осиромашува. Ги запрашавме oхриѓани дали тие можат да си дозволат печено јагне за големиот празник. „Тешко, тешко дека ќе имаме јагнешко за Велигден. Како што...

Continue reading

Ljupco Nаstoski

Скромен подарок за Велигден, но даден од срце

Post Views: 1 Да прогледа малата Симона Јовеска. Тоа е велигденската желба на независниот советник Љупчо Настоски. На само два дена од одбележувањето на големиот Христијански празник Велигден, Настоски на неколку социјално загрозени семејства од Охрид им донесе табла јајца и милиброд. Помошта не е голема но истата е од срце, вели Настоски. „Душевно сум полн, со тоа што не е можеби којзнае што, сепак посебно ми е драго што им помагам на социјалните фамилии. Исто така не ја заборавам и малата Симона, ја посетувам неколку пати и посакувам до година да ме види како изгледам. Таа со својата...

Continue reading

плостад

Охрид привлечна дестинација за Велигден

Post Views: 6 За престојните Велигденски празници Охрид ќе биде привлечна дестинација за посета на бројни туристи. Туристичките менаџери очекуваат посетеност на градот со традиционалните гости од соседството, но и од домашни посетители. Според нив, Велигденските празници не се показател каква туристичка сезона ќе престои ова лето, туку Првомајските празници. Владо Суклоски од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот потенцира дека интерес пројавиле гости од соседството. „Добрите најави за посетеност на градот се резултат на саемот за туризам во Белград, а интерес за престој во...

Continue reading

jajca

Велигденските јајца солени

Post Views: 5 Охриѓани за еден шаблон јајца  од својот буџет треба да издвојат од 230 до 280 ден. Се стравува дека како што наближува Велигден цената ќе се искачи и до 300 ден. Граѓаните се видно изреволтирани поради превисоките цени на јајцата во очи празникот. Продавачите на јајца велат дека има реални причини зошто цените се повисоки од лани. Регионт на Балканот го потресува таканаречена кајгана криза.Тоа е поради екстремно ниските температури кои ги имавме оваа зима и поради ригорозните прописи во ЕУ кои забрануваат одгледување на кокошки-несилки во жичени кафези, бидејќи тоа...

Continue reading

otec Olivet tantusev

Католиците се подготвуваат за Велигден

Post Views: 6 Католиците се подготвуваат за прославување на еден од најголемите празници  – Велигден. Денеска е Велики Четврток, ден кога се бојадисуваат јајца и кога се одбележува последната вечера на Исус Христос со своите апостоли. Следува Велики Петок, денот кога Исус Христос страдаше за нас и беше распнат на Крстот, за потоа да следи Врвот на Велигденските случувања – Воскресението Христово. Отец Оливер Тантушев за ТВ М направи една паралела за прославувањето на Велигден во Католичка и Православна црква. Тој вели дека не се работи за две различини вери, туку се работи...

Continue reading

gosti

Велигден го донесе целиот Балкан во Охрид

Post Views: 6 Ако по утрото, денот се познава, летово не чека туристичка сезона како во старите добри времиња, кога ни доаѓаа и по стотина илјади туристи. Хотелските капацитети исполнети до максимум. Во структура на гости во која доминираат нашите соседи безразлика православни или католици, сите го посетија Охрид и тука го прославуваат Велигден. „Балканскиот Ерусалим“ нарекуван од многумина, Охрид во моментов работи максимално. Од хотели, ресторани, кафетерии, туристите уште од раните утрински часови поседнати по кафулињата го пијат првото кафе крај охридската ривиера. Хотелиерите...

Continue reading

obicai

Велигден, некогаш и сега

Post Views: 3 Православните христијани се во исчекување на празникот над празниците, Велигден. Верските празнувања поврзани со Велигден не се забораваат, но за жал исчезнуваат некои поранешни обичаи и празнувања. Пред празнувањето на најголемиот христијански празник Велигден во минатото со голема радост се празнувале повеќе верски празници. Меѓу нив е  Лазарева сабота кој секогаш се слави на една недела пред Велигден. Во  календарот на православната црква овој празник  се поврзува со воскреснувањето на Лазар. Исто така, овој ден се поврзува со периодот на премин од детството кон...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top