Ознака: велат

kongres

Конгрес на фармацијата во Македонија

Post Views: 1 Во Охрид по петти пат се одржува Конгресот на фармација на Македонија. Организатор е македонското фармацевтско друштво кое постои неполни 65 години, а коорганизатор е фармацевтскиот факултет Св. „Кирил и Методи“, Скопје. Конгресот се одржува на секои четири години, а оваа година регистрирани се 1000 учесници од кои 250 од странство. Проблематиката на конгресот годинава е целокупната фармацевтска дејност. Професор Сузана Трајковиќ Јолеска, претседател на македонското фармацевтско друштво, вели дека бројката на учесници е факт кој говори дека развојот и афирмацијата на...

Continue reading

alpinisti

Охридските алпинисти на Доломитите

Post Views: 10 Членовите на А.К. „Патагонија“ од Охрид, Димитри Димитров и Ангел Куртелов деновиве се вратија од кадровската алпинистичка акција во Италија, организирана од страна на Македонската алпинистичка федерација. Охридските алпинисти заедно со аплпинистите Виктор Хаџивасилев и Алекандар Зарапчиев од Скопје, беа дел од ова алпинистичко патување на кое младите алпинисти стекнаа искуства кои како самите велат, се многу различни од оние стекнати тука. „Ова беше совршена можност да се види кој колку напреднал и во кој дел од тренингот треба да работи повеќе, за во иднина да има...

Continue reading

zgrada

Во стариот дел на Oхрид се гради „зграда“ над црква

Post Views: 25 Индивидуална станбена зграда во срцето на Охрид, над базилика. Објектот се гради на местото кое кај старите Охриѓани е познато како Видиковец, на улица Климентов универзитет. Жителите од овој дел изморени од одење од врата на врата брајаќи ја правдата, се обратија до медиумите надевајќи се дека конечно надлежните ќе слушнат за нивниот проблем. Велат се обративме до сите инспекциски служби, но никој не реагира. Очигледно оваа градба има посебен третман, додаваат тие. Павел Филев е еден од оние кои сака како што вели да спаси барем нешто од она што се затрупува под грандиозниот...

Continue reading

evn

Сметките доцнат, а каматата точна ко швајцарски саат

Post Views: 0 Доцнат јулските сметки за надомест на електрична енергија, во Варош. Дел од жителите на Охрид од старото градско јадро велат, дека ова не се случува само сега, туку дека овој проблем месеци наназад се провлекува и никако да се надмине. Тие велат дека познат им е и одговорот од страна на ЕВН, дека проблемот потекнува поради доцнење со достава на сметките од страна на „Македонски пошти“. Варошани посочија дека до 15 ти август е законски рок за наплата на сметката за месец јули, која сеуште не ја имаат примено, после што се пресметува затезна камата и сметаат дека точно...

Continue reading

restoran

Намалeната стапка на ДДВ во угостителството не важи за сите

Post Views: 6 Непријано изненадени се сопствениците на услужните дејности од сознанието дека за нив не важи  мерката за намалување на ДДВ во туризмот. Зачудени се бидејќи како што велат и тие припаѓаат во областа угостителството и туризмот. Можеа да не известат и да ни кажат дека мерката нема да се однесува за рестораните и кафулињата, па да баравме некое чаре и за нас  вели познатиот охридски угостител Љупчо Патчев. Бараат од нас да ги намалиме цените на услугите, а намалувањето на ДДВ важи само за хотелите. Патчев зачудено прашува во кој кош од туризмот припаѓаат тие. Директорот...

Continue reading

raskopana ulica

Улицата Кузман Капидан сеуште раскопана

Post Views: 6 Граѓаните кои живеат на оваа улица, реагираа до нашата редакција тврдејќи дека веќе две недели улицата се наоѓа во ваква состојба. Ова е една од улиците на кои гравитираат најголем број туристи бидејќи излегува директно на Самоиловите тврдини. „Веќе две недели се гушиме во прашина. После изведувањето на зафатот, само го покрија ископаното со земја, а не го вратија како што беше.“-вели жител на оваа улица. Ги контактиравме надлежните од јавното претпријатие Нискоградба во врска со овој проблем. Нивното одделение кое е задолжено за изведување работи на поплочени улици...

Continue reading

Дваесет септички јами, на еден километар квадратен

Post Views: 1 Четириесет години со септички јами во дворовите. Жителите од т.н источна трансверзала која е дел од улицата „Момчило Јорданоски“, повеќе од 30 години како живеат со септички јами во своите дворови. Иако како што самите велат, од 1980 година имааат платено аконтација за комуналии и уредно ги плаќаат давачките кон Јавните комунални претпријатија, овој проблем останува во нивниот двор. Додаваат дека единствено нешто што досега добиле, се само предизборни ветувања од надлежните.„Не сме приклучени, аконтација за комуналии имаме платено, секој ветува пред избори а после никој...

Continue reading

Metropol

Старт на турбo туристичката сезона

Post Views: 2 Веќе сме длабоко во овогодишната летна туристичка сезона. Македонските туристички работници, треба да се справат со сезоната, за која експертите кои се занимаваат со туризам, велат дека ќе биде една од најтешките. И додека за македонските туристички потрошувачи и оваа сезона, Грција е дестинацијата од соништата, македонската туристичка понуда повторно останува на маргините од интересот на македонскиот туристички потрошувач. Можеби најголема причина за слабиот интерес кај македонецот, тој да летува во нашите туристички капацитети, претставува високата цена на понудите...

Continue reading

izbori

Партиите со завршни зборови пред молкот

Post Views: 0 Слободни, а не партиски медиуми-вака беше именуван последниот прес на СДСМ-Охрид пред изборниот молк. Од таму, кандидатот за пратеник, Митре Велјаноски порача дека Новата влада која тие ќе ја формирале немало да врши никаков притисок врз медиумите. Велјаноски додаде: „Новата влада, за разлика од актуелната нема да биде главен и одговорен уредник на медиумите во државата.“ Тој вети и целосна трансформација на Македонската радиотелевизија во модерен радиодифузен сервис за сите граѓани. Завршивме уште една кампања, уште еден процес на доближување на демократијата во Охрид,...

Continue reading

pres VMRO DPMNE

СДСМ и ВМРО-НП си поигруваат со чувствата на граѓаните

Post Views: 1 СДСМ и ВМРО-Народна си поигруваат со чувствата на граѓаните, но на 5ти Јуни народот ќе ги казни транзиционите политичари-велат од ВМРО-ДПМНЕ. На денешниот пресс тие изразија незадоволство од како што велат -контрапродуктивната коалиција на СДСМ и ВМРО-Народна. Според нив, СДСМ манипулираат со луѓето кои се со десна политичка ориентација. Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски вели-„Не само Бранко Црвенкоски, туку целата екипа на транзициони политичари на 5ти Јуни заминува во историјата. „Многу е јасно дека во Македонија функционира коалиција помеѓу...

Continue reading

aktuel 2011

Јас гласам!

Post Views: 1 Масовно излегување на гласање за време на вонредните парламентарни избори 2011 година, е она за што се залагаме велат од коалицијата на граѓански здруженија „Актуел 2011“. Мотивацијата на граѓаните во овој предизборен период е наш императив, а се тоа поради високоиот степен на апстиненција, особено кај одредени категории на граѓани, додаваат од „Актуел 2011“. Заеднички на сите беше ставот дека овие избори мора да бидат регуларни, фер и демокртаски, како единствен пат за евроатланска интеграција на Република Македонија. Важноста за успешност на изборите е поврзана со...

Continue reading

Изборни активности 2011

Post Views: 4 ВМРО-ДПМНЕ ги презентираше проектите за развој на Охрид. Овие проекти се дел од Манифестот за реформи и развој за кој од ДПМНЕ велат дека е носител на нивната кампања. Автопатско поврзување на Охрид со Гостивар во должина од 128 километри, железничка пруга Кичево-Струга и 126 нови куќи и станови за социјални случаи и самохрани мајки до 2013 година. Фокусот на реформите од ВМРО-ДПМНЕ велат е на инфраструктурната изградба. Враќање на дигнитетот на образовните институции. Тоа е мисијата која Либерално демократската партија ја постави како своја основна идеја за претстојните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top