СДСМ и ВМРО-НП си поигруваат со чувствата на граѓаните

Видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот прес го изразија своето незадоволство од соработката помеѓу СДСМ и ВМРО-Народна. Тие велат, СДСМ си поигрува со чувствата на граѓаните. Кандидатот за пратеник Александар Николовски додава дека ова е последната прес конференција на која ВМРО-ДПМНЕ реагира на потезите на СДСМ, понатаму ќе се посветат исклучиво на претстојната кампања.

 |  Мишел Наумоски  | 
pres VMRO DPMNE
pres ВМРО ДПМНЕ

pres VMRO DPMNEСДСМ и ВМРО-Народна си поигруваат со чувствата на граѓаните, но на 5ти Јуни народот ќе ги казни транзиционите политичари-велат од ВМРО-ДПМНЕ. На денешниот пресс тие изразија незадоволство од како што велат -контрапродуктивната коалиција на СДСМ и ВМРО-Народна. Според нив, СДСМ манипулираат со луѓето кои се со десна политичка ориентација. Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски вели-„Не само Бранко Црвенкоски, туку целата екипа на транзициони политичари на 5ти Јуни заминува во историјата.

„Многу е јасно дека во Македонија функционира коалиција помеѓу БЦ и Љубчо Георгиевски, помеѓу СДСМ и ВМРО-Народна партија. Таа коалиција има две цели, првата цел е да се намали излезноста на овие парламентарни избори, со цел ВМРО-ДПМНЕ да има помалку пратеници со помала излезност и да се демотивираат луѓето да гласаат и втората цел е играјќи си со чувствата на членовите, симпатизери и подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ да тие луѓе бидат изманипулирани и да гласаат за некоја од помалите политички партии.“-рече кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски

„Во целокупниот период како партија и како луѓе, наидовме на многу сакани и несакани дејствија и случувања во партијата и поминавме низ многу тешки периоди, но ниеден момент не помисливме да ја напуштиме партијата.“-вели Рубенс Наумовски-член на ВМРО-ДПМНЕ

„За жал денеска на чело на тоа движење е Љубчо Георгиевски и за жал многу луѓе од македонија, а посебно би рекол од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид денеска ги гледам таму и слободно можам да проценам дека на голем дел од нив не им е таму местото, а на некои можеби им е таму местото бидејќи со добар дел од нив во времето на бурните случувања и работа имавме по одредени прашања несогласици, но и тогаш а и сега викам работите внатре во партијата ќе си ги решаваме.“-додаде Наумовски

Свој коментар за разидувањето помеѓу сегашниот почесен претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски и ВМРО-ДПМНЕ, но и коалицијата со СДСМ имаше и советникот Д-р Величе Марковски.

„Времињата се менуваат некој од лидерите кажа дека се срамел што го предложил Борис Трајковски за претседател ние денес можеме да се срамиме што некогаш сме трчале, макотрпно сме работеле за почесниот претседател на тогашното ВМРО-ДПМНЕ, а сега активист и почесен претседател на ВМРО-Народна партија.“-вели Д-р Величе Марковски-Член на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во општината

За крај, кандидатот за пратеник, Александар Николовски додаде дека ова беше последната прес конференција во која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја коментира работата на СДСМ и дека понатака ќе се посветат само на претстојната кампања.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top