Ознака: велат

ognomet

Италијанците Новата Година ќе ја дочекаат без огномет

Post Views: 9 Новата година на Италијанските плоштадите, овој пат ќе биде дочекана без традиционалниот огномет.Од различни причини, употребата на петарди и комплетната пиротехника е забранета од градските власти во Милано, Торино, Венеција, Бари и Неапол. Во Венеција постои опасност од оштетување на архитектонско-историското наследство. Во Торино за да не настрадаат кучињата, мачките и домашните миленици. Властите во Милано велат дека пиротехниката е забранета  бидејќи го загадувала воздухот, дури на неколку пати прогласуваа денови без автомобилски сообраќај. Во Неапол, исто има забрана...

Continue reading

Michael Moore

Сарказмот на Мајкл Мур

Post Views: 3 На Барак Обама му беа потребни две години да го направи тоа што Џорџ Буш не успеа за седум години. Тоа е разликата помеѓу паметен и глупав претседател“. Ова го изјави американскиот режисер Мајкл Мур преку својот профил на Твитер. Тој додаде дека воените профитери би требале да му изградат споменик на Бин Ладен со оглед на тоа колку многу пари заработија од војните по 2001 година.„Го убија додека се наоѓаше во луксузна палата. Како што многумина од нас веруваа, тој мултимилијардер не може да живее во пештера. Беа потрошени милијарди долари за непотребни војни по пустини,...

Continue reading

populacija

Оваа година Земјата ќе има седум милијарди жители

Post Views: 8 Германскиот фонд за светско население објави дека оваа година бројката на жители на Земјата ќе достигне седум милијарди. Минатата година населението на планетата e зголемено за 80 милиони луѓе и достигна 6 милијарди 924 милиони и 196 илјади. Бројката од седум милијарди ќе се постигне во средината на оваа година, соопштуваат од фондацијата и велат дека секоја секунда во светот се додаваат речиси три новороденчиња. Најголем раст на населението има во Африка, во 2010 година бројот на жители изнесуваше повеќе од милијарда. Сепак растот во 2010 година е три милиони помалку...

Continue reading

Првичните резултати на ДИК велат, победник на изборите е ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 3 ДИК ги соопшти првичните резултати од предвремените парламентарни избори, според кои победник е владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која освои 51 мандати, два повеќе од опозицискиот СДСМ. Кај албанските партии победник е ДУИ со 10 пратенички места, пренесува „РС Еверопа“. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ со освоен 51 пратенички мандат е победник на вчерашните предвремени парламентарни избори, а опозицискиот СДСМ освои 2 помалку, односно 49 пратенички места, според првичните резултати на ДИК. На изборите имало излезност од 66,82 проценти. ВМРО-ДПМНЕ освои 453.490 гласови, додека...

Continue reading

Кандидат за медал доживеа несреќа

Post Views: 5 Еден од главните кандидати за златниот медал во слалом на зимските олимписки игри, Феликс Нојројтер (29), доживеа сообраќајна несреќа. Моментално вториот во светскиот куп во четвртокот тргнал за Сочи, но на пат кон Минхенскиот аеродром, од каде требаше да полета за Сочи, доживеа сообраќајна несреќа. Како што известуваат германските медиуми, автомобилот на Нојројтер изгубил контрола на автопатот, и удрил во заштитната ограда. Нојројтер е примен во болницата во Минхен, а информациите велат дека германскиот скијач ги повредил грбот и вратот, но не е познато во колкава мерка...

Continue reading

Ако продолжи мораториумот за градење Охрид ќе стане мртов град, велат бизнисмените

Post Views: 0 Дел од бизнисмените веќе ги чувствуваат последиците од мораториумот за градење во Охрид кој пред околу 4 месеци беше донесен од градскиот совет согласно препораките на Унеско. Тоа го истакнаа денеска на средба со претставници од Националната комисија за УНЕСКО, Министерството за животна средина и проторно планирање и локалната власт.   „ Најголем проблем кој што постои во Охрид е колекторскиот систем. Не е проблем градбата со запазување на законот за просторно планирање, кој ние го поддржуваме во однос на дозволена катност, одалеченост од брегот и слично, но мислам дека...

Continue reading

brendon BAs

Кошаркарот кој незнае да плива

Post Views: 2 „Велат се се учи додека си жив“. Една интересна приказна (сторија) ни доаѓа од НБА тимот, Бостон Селтикс, а е поврзана со нивниот член Брендон Бас. Бас веќе трета сезона ќе го носи дресот на Селтик, но интересно е тоа што досега тој нема научено да плива.28-годишниот кошаркар ова им го признал на медиумите во Бостон, а дека во следниот период ќе ја совлада оваа вештина покажува фактот дека тој веќе зема часови за пливање. Тој во петокот заедно со 10 деца од „Boys & Girls Club“ започнаа со почетните часови за пливање. – Мојот син (Brandon Bass Jr-6 години) е...

Continue reading

festival Vevchani

Фолклорниот фестивал „Пображење“ во Вевчани годинава во знакот на регионалната етнологија

Post Views: 1 Научната вечер ќе се оддржи утре во Домот на културата во Вевчани со почеток од 20 часот а ќе говорат Доц. д-р Даворин Трпевски од Институтот за етнологија и антропологија при Природно математичкиот факултет- Универзитет Св Кирил и Методиј- Скопје, м-р Ивона Опетческа Татарчевска етнокореолог од Управата за заштита на културното наследство, м-р Велика Стојкова Серафимовска етномузиколог и претседател на Националниот Комитет за Македонија. Инаку годинешново издание на Фестивалот ќе измине без најавените фолклорни содржини и концертот на групата Љубојна. Од КУД  Дримкол-...

Continue reading

logo

Штрајкот во прекин, договорен нов модел на екстерно тестирање

Post Views: 0 Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вели дека со Министерството за образование и наука бил договорен нов модел на екстерно тестирање по мерка на наставниците, кој ќе се примени откако ќе се корегира и надгради постоечкиот, преку забелешките и предлозите на самите наставници и Синдикатот. Преговорите што неколку дена се водеа меѓу СОНК и МОН, резултираат со Спогодба со која е договорено да се одложи примената на казни и наградувања на наставниците во проектот екстерно тестирање. Што се однесува до барањето за покачување на платите, Неделков вели се уште е отворено...

Continue reading

ohrid-resen

Сезонско затворање на патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица

Post Views: 10 Патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица –Р-504 подолги години во зима е затворен за сообраќај, велат од АМСМ. Од пред неколку зимски сезони, дозволено е движење на возила само до излетничкиот комплекс Корита во должина од девет километри. Патниот правец кој преку Галичица води до Отешево е многу опасен, не само во зима, туку и во летниот период.– Не само во зимски услови, туку и при редовното одржување се соочуваме со низа проблеми зашто се работи за планински масив и регионален пат кој е непријатен. Во секое време има одрони, но и други проблеми кои можат...

Continue reading

dupka

Во зградата на Владата било пукано од ракетен фрлач РПГ?

Post Views: 11 Напаѓачите биле вешти во ракување со ваков тип на оружје, оти со него не може да управува секој. Ова се претпоставките на дел од професионалните војнициво врска со понеделничкиот инцидент кога два проектили завршија во владиниот објект на „Илинденска“, пишува „Утрински весник“. Во недостиг од комплетни информации, кои се очекува да бидат соопштени по завршување на истрагата, познавачите на оваа проблематика велат дека во нападот, најверојатно, е употребена противпешадиска распрснувачка ракета, која се активира и исклучува под прав или остар агол. Во Министерството за...

Continue reading

krtsevka

Крштевките и венчавките, „најефтини“ во МПЦ

Post Views: 4 Иако се работи за православни цркви што дејствуваат врз исти канонски принципи, сепак постојат разлики. Во Украина, Грција и во Србија постои обичај, како што велат верниците, да се награди свештеникот што врши крштевка или венчавка, пишува „Нова Македонија“. Верниците што сакаат да направат венчавка, крштевка или, пак, погреб нема да бидат вратени ако немаат пари да платат. Но во најголем број случаи тие треба да им платат на свештениците за извршениот верски обред. Цените се различни во секоја црква, односно секоја епархија има различен ценовник, според кој им наплаќа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top