Ознака: Вевчани

Старо-нови Градоначалници во Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца

Post Views: 1 Според неофицијални информации, нов Градоначалник на Општина Охрид е Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“. Во Дебрца, води независниот кандидат Зоран Ногачески, во Вевчани Спасе Кочовски, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, а во Струга-досегашниот градоначалник, Рамиз Мерко од ДУИ. Повеќе информации очекувајте во текот на утрешниот ден кога Државната изборна комисија ќе ги сооошти и конечните резултати.

Continue reading

Во Охрид 58,12 % излезност до 18:30 часот, Вевчани 81,20 %

Post Views: 6 Според последните информации од Државната изборна комисија до 18 и 30 часот, од обработени податоци од 89 избирачки места, на гласање излегле 30 469 граѓани или 58,12 отсто, од вкупно 52 477 пријавени избирачи. Струга – 25 615 или 42,33 % Вевчани – 1 684 или 81,20 % Дебрца – 2 778 или 63,89 %

Continue reading

упевче

Славко Упевче со изложба во Вевчани

Post Views: 1 Во Вевчани се прават завршните подоготовки за одржување на утрешниот традиционален  карневал. Атмосферата во Вевчани започна да се загрева  сонастапите на музичките групи Слаткаристика, Сарс и Брас Брадарс. Покрај настапот на музичките групи манифестацијата се збогатува  и со две  изложби.  Гостите во Вевчани ќе може да погледнат две изложби икони на резбарот Александар Баткоски  и слики од охридскиот академски сликар Славко Упевче. Неговите уметнички дела  ќе бидат изложени во Вевчани една недела. Упевче по 3 децении повторно гостува со изложба по неговото прво претставување...

Continue reading

Оваа сезона Вевчани очекува туристи

Post Views: 3  Прекрасната планинска природа во Вевчани е идеална за одмор и рекреација,  но и за почитување на здравствените препораки. Вевчани има малку сместувачки капацитети, а со тоа и можност да се избегнат гужви.  Познатите излетнички места  Јанков Камен, летничките езера,  манастирот Свети Спас, магичните надалеку прочуените Вевчански извори, пешачките планински патеки, тениските игралишта,  но и позната ергела на коњи се магнет за туристите. -„Баш овој туризам во помали групи нас тука во Вевчани ни договара бидејки имаме помал број на капацитети и така се расцепкани и баш...

Continue reading

Руралните општини Дебрца и Вевчани функционираат според препораките за вонредна состојба

Post Views: 1 Се почитуваат препораките за работа и живеење во овие вонредни услови и во руралните средини кои ги опфаќаат општините Дебрца и Вевчани. Градоначалниците на двете општини Зоран Ногачески и Сашо Јанкоски, информираат дека се преземени сите мерки за заштита на населението од корона вирусот и во нивните рурални општини. Јавните површини во двете општини се дезинфицирани, упатени се апели до жителите како да се однесуваат во овие вонредни услови на живеење. Засега жителите ги почитуваат мерките за самоизолација, и ограничување на движењето на старите лица. Во општина Дебрца,...

Continue reading

ОПШТИНИТЕ ОХРИД И ВЕВЧАНИ ДЕЛ ОД ВЛАДИНИОТ ПРОЕКТ „МАКЕДОНИЈА БЕЗ КАЛ“

Post Views: 0 Стартуваше имплементацијата на проектот „Македонија без кал“ со кој ќе се санираат локални патишта и улици во должина од 450 километри во 80 општини со 70 милиони евра кредит од Светска банка. 980.000 евра ќе добие општина Охрид за санирање локални патишта и улици во рамки на проектот „Македонија без кал“. Во рамките на овој проект општина Вевчани доби средствата во износ од 541.313 ЕВРА, обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој. Со проектот „Македонија без кал“ ќе се санираат локални патишта и улици во должина од 450 километри во 80 општини со 70 милиони...

Continue reading

drimkol

КУД „Дримкол“- Вевчани на Меѓународен фестивал во Грција

Post Views: 3 КУД „Дримкол“ од Вевчани преку својот детски и младински фолклорен ансамбал овие денови ја презентира Македонската култура и традиција на Меѓународниот  фестивалот за музика и танци „Музика и море“ кој се одржува во туристичкото крајбрежно место Паралија. Покрај настапите во официјалната програма на фестивалот кој се одвива во анфитеатарот во Паралија, младите членови на Дримкол ја воодушевија публиката и во туристичките места: Катерини, Олимпик Бич. Организаторот задоволен од Вевчанци, синоќа им довери 15 минутна програма на свеченоста по повод доделувањето на Гранд...

Continue reading

Општина Вевчани се подготвува за одржување на празникот Василица

Post Views: 1 Во Вевчани се прават последните завршни подготвки за одржување на традиционалниот Вевчански карневал на 13 јануари. Оваа вековна традицонална манифестација привлекува се поголем број гости во Вевчани за да бидат дел од карневалското случување. За претстојниот празник општината уште во текот на есента реализира бројни проекти и градежни зафати за да се подобри инфраструктурата. Завршени се градежните работи на мултифункционалната зграда, уличките се поплочени со камени плочи во должина од околу 1 км, а набавена е и нова механизација за зимско одржување на патиштата,...

Continue reading

Во Вевчани нема недвижнини на продажба

Post Views: 0 Бранот на трајно иселување на младите луѓе од земјава во белиот свет за среќа го одминува Вевчани. Она што е карактеристично за оваа мала населба на 10 км од Струга и 30 тина километри одалечено од Охрид е што многу мал број на млади луѓе заминуваат од родните огништа, а повеќе се враќаат дома. Најдобар пример за тоа е младиот медициски кадар од здрвствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ кој работи и се грижи за здравјето на мештаните. Станув збор за претежно помлад здравствен кадар. „Мислам дека  тоа се должи на желбата да створиме добри услови за лекување на шителите....

Continue reading

Втор круг на гласање ќе има во Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца

Post Views: 1 Според неофицијални информации, втор круг на гласање за Локалните избори ќе има во Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца. Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ, победник во првиот круг, заедно со Константин Георгиески од СДСМ ќе бараат доверба од охриѓани за наредните 4 години, во вториот круг за 14 дена. Во Струга во вториот круг на Локалните избори, довербата на стружани ќе ја бараат Рамиз Мерко од ДУИ и Идри Истрефи од коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива. И во Дебрца ќе има втор круг на Локалните избори. Довербата на Дебрчани ќе ја бараат Зоран Ногачески, независен кандидат...

Continue reading

Во Вевчани интезивно се гради

Post Views: 0 Убавото есенско време максимално се користи во Вевчани за да се завршат бројни градежни работи на повеќе локации во оваа мала општина. Зафатите на старата училишна зграда која беше запуштена и руинирана, сега се во завршна фаза за да се претвори во мултифункционален туристички центар. Со околу 1милион евра пари од УНДП овој центар ќе нуди повеќе содржини и ќе придонесе Вевчани да стане се поатрактивно рурално туристичко место, напоменува вевчанскиот градоначалник Сашо Јанкоски. „Сигурен сум дека ќе придонесе . Ние имаваме преку лето туристи посебно во зима кога е Ввечанскиот...

Continue reading

vevcani

Вевчани, успешна општина

Post Views: 6 Од општина со над 32 милиони долг, Вевчани стана една од најуспешните мали општини во земјава, која со домаќинско работење успеа во изминативе две години да реализира низа проекти. Еден од најзначајните проекти беше изградбата на новата училишна зграда која обезбеди достоинствени услови за учениците од оваа година кои години наназад учеа во руинирани објекти. „Децата веќе 8 години учеа во многу лоши услови во општинската зграда во простори од 12 квадрати во еден тоалет одеа, 260 деца. Значи една цела генерација од 8 години завршија тука во општинската зграда“ –...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top