Ознака: вакви

akcija

Македонските аеродроми се максимално безбедни

Post Views: 2 На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле изведена симулирана акција за решавање на заложничка криза. Како на филм  патник под закана со оружје зема заложници. По ова следуваат преговори со МВР. Терористите бараат милионски суми и авион за да ја напуштат земјата. На местото на инцидентот пристигнуваат и медиумите. Ова е дел од сценариото по кое се одвива  оперативно тактичката вежба на МВР „Бран 2012“.Специјалните единици на МВР  заедно со управата и менаџментот на ТАВ ја спроведоа оваа вежба со која се потврди дека покрај скопскиот и охридскиот аеродом е максимално безбеден,...

Continue reading

dobrotvorna sliki

Фотографиите од добротворната изложба ги маѓепсаа посетителите

Post Views: 5 Кога се работи за најмладите, веројатно нема срце што не сака да помогне. Тоа недвосмислено го докажа вчерашната добротворна изложба на фотографии од проектот „Охрид, град на цвеќето“. Советници во општината, директори на јавни претпријатија, сопственици на приватни бизниси, иако различни, во суштина сепак слични. Сите се собраа на едно место , со заедничка цел, да го дадат својот придонес во обезбедувањето на иднината на најмладите. Имаа на располагање избор од 47 фотографии со мотиви од Охрид во кои главен актер беше цвеќето. Беа воодушевени од сите фотографии, но...

Continue reading

merenje pritisok

Жената во центарот на вниманието на годинешниот „Ден на срцето“

Post Views: 2 Бесплатни кардиоваскуларни прегледи на плоштад. Продолжува традицијата на вакво одбележување на Денот на срцето, 29 Септември. Од Заводот за кардиолошки заболувања од Охрид кој го организира овој настан, се одлучиле овој ден да го одбележат една недела порано, но со истата цел. Подигнување на свеста кај охриѓани за полезноста од превентивното делување и запознавање со ризик-факторите за кардиваскуларни заболувања. Ѓраѓаните кои ги затекнавме таму задоволни од акцијата. Ги запрашавме дали практикуваат вакви рутински контроли. „Не често, не често. Но мислам дека треба...

Continue reading

angelovski zoran

Четири хотели ќе никнат во НП Галичица

Post Views: 0 Идејата и проектот е на Министерството за транспорт и врски. Од таму уште во 2010 год од НП Галичица побарале информација за одредување на локации на кои би можеле да се изградат сместувачките капацитети. Изборот кој го предложиле од паркот се локации во населени места, поточно не во строго заштитената зона, населбата Коњско на преспанска страна, во селото Коњско на Охридска страна, на Корита. „ Согласно планот за управување и проектниот план кој е изработен во НП вакви активности се дозволени единствени во зоната за одржливо искористување. Оваа зона ги опфаќа населените...

Continue reading

Goce Simonoski

Туристичките агенции од Охрид лути на Локалната

Post Views: 6 Туристичките агенции од Охрид лути на Локалната. Поголемиот дел од нивните сопственици тврдат дека таа има селективен однос и дека за некои  е мајка а за други маќеа. Ваквата реакција е резултат на тоа што за учество на  саемот во Белград кој се одржа неодамна од Секторот за локален економски развој не добиле никаква покана. Од десеттината локални  агенции кои работат во Охрид, официјално била поканета само една.  Филип Стефаноски, регионалниот директор на Т.А. „Летс травел“ вели дека покана од официјални лица кои работат во туристичката бранша и од Локалната самоуправа...

Continue reading

muc

Каде јадат учениците од ЕМУЦ на големите одмори, на топло или на минусни температури?

Post Views: 2 Деновиве во нашата редакција имаше јавувања и реакции од родители на ученици од електро-машинскиот центар „Свети Наум Охридски“. Родителите револтирани велат „Не е хумано на вакви ниски температури, нашите деца својот појадок да го јадат надвор.“Имено, на големиот одмор училишната зграда била заклучувана, а децата морале да седат во дворот на училиштето. На ваквите обвинувања од родителите, раководителот на секторот за образование при локалната самоуправа, Серафим Наумоски, со следната изјава: „Веќе подолга пракса е на ЕМУЦ и во други училишта на големите одмори училниците...

Continue reading

paketcinja

Пакетчиња за децата од ранлива категорија од ООУ „Братство единство“

Post Views: 5 Пакетчиња за дечињата од ранлива категорија од ООУ Братство Единство. Им ги подели лично ДеДО Мраз, а ги обезбеди Туристичката агенција Летс Травел. „Покрај работата во Туризмот „lets travel“ го посети и мултиетничкото училиште Братство Единство и во периодот на дарување му посветивме мало внимание на децата кои учет во ова училиште. Овие деца се наши големи херои и им благодариме што ни дадоа шанса да се дружиме со нив и им порачуваме на сите наши партнери, да издвојат мал дел од нивниот буџет и да допринесат во вакви организации затоа што и нашиот мал дел кој го издвојуваме...

Continue reading

povleceno

Значително намалено нивото на Охридското езеро

Post Views: 3 Деновиве охриѓани сведоци на драстично намалување на нивото на водата во езерото. Портпаролот на Електрани на Македонија, Димче Котевски, во телефонски разговор не информира дека ваквата состојба е реузлтат на сушниот период кој трае речиси половина година. Тој негира дека причина е испуштањето на водата за енергетските потреби и додава дека испуштањето на водата се прави според потребите на системот. Падот на вредностите на котите е вообичаен за вакви временски услови, обајснува Котески. Но, експертите од Хидробиолошкиот завод не се согласуваат. „Доколку се продолжи...

Continue reading

old

Дали ќе се зголеми старосната граница за добивање на пензија?

Post Views: 6 Дали се одбројани деновите на македонскиот пензиски систем? Се погласни се обвинувањата за недостиг на средства за исплата на пензиите, а Владата и натаму ветува зголемување на нивниот износ и тоа ниту повеќе, ниту помалку туку за цели 22,5 % во наредните години. Колку се реални овие проекции е навистина тешко да се процени. Наспроти владините ветувања, експертите предвидуваат црни сценарија доколку се продолжи со зголемување на износот на пензиите. Тие велат дека постои веројатност да се примени непопуларната мерка на зголемување на старосната граница за добивање на...

Continue reading

pres kontenjer

Изменет начинот на управување со комуналниот отпад

Post Views: 8 Прес контењери, спас од црните точки за комунален смет. Вакви контењери поставени се на проблематичните места во градов, кои на ЈП „Охридски Комуналец“, му создаваа големи проблеми. На ваквите локации досега невозможен беше пристап на нашите камиони за подигање на контењерите, вели Сашо Алче, директорот претпријатието. Додава дека поради тоа се одлучиле да го изменат начинот за управување со комунален отпад, така што тие места ги нарекле зелени острови и поставиле прес контењери. Со цел граѓаните во тој дел на градот да бидат подобро и попрецизно информирани изготвени...

Continue reading

Zan Mitrev

Лето без кардиоваскуларни заболувања

Post Views: 8 Кардиоваскуларните болести во текот на летото се една од најголемите опасности кои ги демнат луѓето. Високите температури, изложеноста на сонце, дехидрираноста се дел од факторите кои многу често знаат да водат кон сериозни проблеми со кардиоваскуларниот систем. Во таа насока, специјалната болница Филип Втори, предводена од Д-р Жан Митрев, во соработка со организацијата на Црвениот крст од Охрид, денес спроведе едукативна работилница на која можеа да присуствуваат сите заинтересирани граѓани. „Целта на ова предавање и на оваа акција е луѓето директно на мене и на мојот...

Continue reading

vmro-np

ВМРО НП обвини: Власта примени невидени методи врз нашите членови

Post Views: 9 Од општинскиот комитет на ВМРО НП, една недела по завршување на изборите ги сумираа резултатите од предвремените парламентарни избори. Претседателот на ОК Ванчо Костоски, кандидат за пратеник од оваа политичка партија од петка, рече  делумно се задоволни  од освоените 2725 гласа иако првично очекувале 4000. Костоски  тоа го објаснува како резултат од методите кои  ДПМНЕ ги примени во предизборниот период. „Наши луѓе беа повикувани на информативни разговори и беа заплашувани, а им беа контролирани  и фирмите. Освоените 2700 гласови се на членовите кои одолеаа на тие...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top