Ознака: борба

16 денови активизам борба против семејно насилство

Post Views: 5 По повод 16 денови активизам борба против семејно насилство и насилство врз жени и деца, Женски Центар Бисера одржа дебата на тема „Превенција од Семејно насилство“. Дебатата се одржа на 29.11.2019 год. во малата сала во општина Охрид .На дебатата учествуваа претставници од Сектор за превенција при СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски портпарол на Свр Охрид, претставници педагог и психолог од основни училишта во Охрид.

Continue reading

Со низа активности под мотото „ROCK THE RIBBON TOGETHER“, Црвен крст -Охрид ја одбележува неделата за борба против Сидата

Post Views: 1 Под мотото „ROCK THE RIBBON TOGETHER“ Црвен крст Охрид, Центар за јавно здравје Охрид и Опција Охрид викендов го одбележаа 1 декември, Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, а продолжуваат активностите и за одбележување на неделата за борба против оваа болест. Волонтерите и вработените во овие организации на бројните посетителите на штандот, на околните кафулиња, на минувачите им делеа едукативен материјал, им ставаа црвени панделки на реверите како универзален симбол за постоењето СИДА-та како болест и како поддршка за оние кои живеат со болеста, ги едуцираа со корисни...

Continue reading

Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“ го започна спроведувањерто на проектот „КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО“

Post Views: 6 Проектот е кофинансиран од Европската унија и националните фондови на земјите учеснички во програмата, а чија цел е подобрување на здравствената услуга во регионот преку олеснување на пристапот на болните до здравствените услуги како и набавка на медицинска опрема и медицинско возило. Проектот се реализира поради недостаток на центари за превенција и третман на Мозочен удар во регионот, односно изразита нееднаквост во превенцијата третманот на болеста зависно од местото на нивното живеење. Здружението за исполнување на овие цели организира караван низ регионот на Југозападна...

Continue reading

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ПО ПОВОД 23- ОКТОМВРИ-ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Post Views: 0 Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 23-ти Октомври- Денот на македонската револуционерна борба. – Овој голем национален празник е потсетник за првата семакедонска организација и нејзината најголема цел да го обедини македонскиот народ и да ја исполни вековната желба за слободна татковина. На овој ден се потсетуваме на истрајноста и пожртвуваноста на нашите претци, но и одлучноста и нескршливата волја за слобода и независност. Македонската револуционерна организација е олицетворение на македонскиот непокор преку кој ќе се води бoрбата...

Continue reading

„18 Октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе“

Post Views: 0 По повод „18 Октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе“ Црвен крст Охрид на 18.10.2019 (петок) од 12 часот на Градскиот плоштад во Охрид ќе организира јавен настан на кој волонтерите на Црвен крст Охрид ќе изведат реален приказ за тоа што може да се случи на лице кое може да биде дел од трговијата со луѓе. Целта на настанот е да се подикне нивото на свест во јавноста за опасностите и ризиците кои ги носи проблемот на трговија со луѓе.

Continue reading

Nikol Kidman

Апел за единство во борбата против насилството врз жените

Post Views: 9 Физичките трауми предизвикани од насилствто врз жените се само врв на сантата мраз од страдања што тие ги преживуваат, изјави синоќа генералниот секертар на ОН, Бан Ки-мун по повод Меѓународниот ден на жената. Вистинските последиците од насилството се поголеми од видливите последици, порача Бан во обраќањето на седницата на Комиисјата за статусот на жените, што се одржа во Њујорк, апелирајќи при тоа за единство во борбата против насилството врз жените. „Смртта, гладта, високите цени на медицинската заштита и загубите на работните места се само врв на сантата мраз…...

Continue reading

Црвен крст Охрид ќе ја реализира кампањата „Ден на борба против глад“

Post Views: 0 Под мотото „Помислете и на нас“, Црвен крст Охрид традиционално ја организира кампањата за „Ден на борба против глад“. Целта е да се поттикнат граѓаните, компании, фирми, банки итн. активно да учествуваат во оваа хуманитарна акција, која е дел од Меѓународниот ден на борба против гладта 16-ти октомври и Неделата на борба против гладта (16-22 октомври). Активностите ќе бидат насочени кон прибирање доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца. Во текот на Неделата...

Continue reading

balon

ЕУ бара активна улога на САД во борба против климатските промени

Post Views: 1 Европа смета дека САД мора “целосно“ да се ангажираат во борба против глобалното загревање за да најнапредните држави во развој се уверат дека треба да придонесат за оваа борба. Ова синоќа во Брисел го изјави еврокомесарот за животна средина Ставрос Димас. “Јасно е дека без целосна и активна поддршка на САД не е можно никакво глобално решение“, наведе Димас во писмото на американскиот претседател Барак Обама. Еврокомесарот додаде дека САД мора ова да го направат не само поради тоа што се одговорни за 22 проценти од емисиите на гас, туку и поради тоа што “другите држави,...

Continue reading

korupcija

Борба против корупцијата на локално ниво

Post Views: 5 Денес во Охрид се одржува Меѓународната конференција „Размена на најдобри практики на ЕУ во борбата против корупцијата на локално ниво“. Според најавите, свое воведно обраќање во рамки на отварањето наконференцијата ќе имаат Министерот за локална самоуправа Лирим Шабани,Претседателот на Државната комисија за борба против корупцијата ГоранМиленков, Раководителот на одделот за политички прашања, правда ивнатрешни работи, информации и комуникација од делегација на ЕвропскаУнија Роберт Лидел и Извршниот директор на ЦИКП Марија Ристеска. Во рамки конференцијата ќе бидат соопштени...

Continue reading

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „БОРБА И СТРАДАЊЕ-ПОЛСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗА ВРЕМЕ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА“

Post Views: 5 Во организација на амбасадата на Република Полска во Република Северна Македонија, синоќа во Центарот за култура „ Григор Прличев“ беше отворена изложбата „Борба и страдање-Полските граѓани за време на Втората светска војна“. На отворањето на изложбата, на кое присуствуваше и полскиот заменик- амбасадор Пиотр Висоцки, се обрати заменик- градоначалникот Ристо Николески. – Со поставувањето на оваа изложба, кај сите нас навираат тажни мисли за милионските жртви и уништените материјални добра, но оваа пригода треба да ја искористиме и да ја испратиме пораката- никогаш да...

Continue reading

Facebook тргнува во борба против лажни и двојни профили

Post Views: 1 Во борбата против онлајн насилието Facebook тестира нова алатка која ќе предупредува ако се појави нов профил кој го користи вашето име и фотографија. Алатката почнале да ја тестираат уште во октомври и веќе е поставена на 75% од корисниците. Ова функционира така што сопственикот на оригиналниот профил ќе биде известен штом дупликатот ќе биде деактивиран, а тој потоа може да го означи тој профил. Инженерите на facebook потоа рачно ги прегледуваат тие двојни профили. Иако ова можеби и не е толку проблем на Facebook, може да биде голем проблем за оние кои се жртви. Од...

Continue reading

Berat Jakupi

Осми медал за македонското карате на европските првенства

Post Views: 4 Македонскиот карате-репрезентативец Берат Јакупи постигна голем успех на 48. Европско првенство (ЕП), што вчера заврши во Будимпешта, Унгарија, откако во категоријата борби (до 84 кг) го освои бронзениот медал. Тоа е осми медал во историјата на македонското карате на ЕП. Во борбата за бронза тој убедливо го совлада Азербејџанецот Гурбаев со 3-0. Јакупи (КК Фати), кој е актуелен европски првак (постари јуниори, годинава во Турција), а бил континентален првак и во кадетска и во јуниорска конкуренција, во Будимпешта го освои својот прв сениорски медал. Јакупи во 1. коло...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top