Црвен крст Охрид ќе ја реализира кампањата „Ден на борба против глад“

Под мотото „Помислете и на нас“, Црвен крст Охрид традиционално ја организира кампањата за „Ден на борба против глад“.

 |   | 

Под мотото „Помислете и на нас“, Црвен крст Охрид традиционално ја организира кампањата за „Ден на борба против глад“. Целта е да се поттикнат граѓаните, компании, фирми, банки итн. активно да учествуваат во оваа хуманитарна акција, која е дел од Меѓународниот ден на борба против гладта 16-ти октомври и Неделата на борба против гладта (16-22 октомври).

Активностите ќе бидат насочени кон прибирање доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца.

Во текот на Неделата на борба против гладта од 16-22 октомври во повеќе градски маркети ќе бидат поставени пунктови на Црвен крст Охрид со видно обележани корпи во кои хуманите сограѓани ќе можат да донираат прехрамбени производи. Од донираните средства и собраните намирници во кампањата ќе се подготват хуманитарни пакети со прехрамбени производи, кои ќе бидат дистрибуирани до крајните корисници.

Во животот, на луѓето им се случуваат немили настани како губење работа, болест во семејството, губење на близок член, природни катастрофи како поплава, пожар… и сл. и истото повлекува финансиски проблеми кои го нарушуваат секојдневното живеење и тогаш приоритетите се менуваат. Тогаш храната е најголем приоритет кој треба да се обезбеди, а потоа да се соберат сили и да се надминат и другите потешкотии. Дополнителна закана за најранливите лица и семејства е токму ширењето на COVID-19 со што се продлабочи несигурноста во обезбедување на храна. Социјално ранливите семејства често бараат храна токму во Црвениот крст, кој има улога да го намали страдањето и да им даде поддршка во најтешките моменти – истакнаа од охридскиот Црвен крст.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top