Ознака: болест

vakcina

Охридскиот регион заштитен од полио вирусот

Post Views: 8 Заразната болест полиомиелит напаѓа на Блискиот Исток. Стручнаци од СЗО отценија дека постои ризик од ширење на оваа заразна болест во Европа.  Македонија не е исклучена но добра вест е што има висок процент на имунизација.  Скоро 5 децении  населението во  земјава се вакцинира против полиомиелитот. Имунизацијата започнува кај  бебиња на двомесечна возраст, во неколку последователни дози, орално против 3 типа на полиовируси.  Подоцна следува ревакцинирање на децата на 1, 7  и 14  годишна возраст. Покриеноста со имунизацијата од полиомиелитис  во регионов е голема и се...

Continue reading

Hefner

Кобна Плејбој забава

Post Views: 3 Речиси осумдесет бизнисмени кои, по конференцијата во Санта Моника ја посетиле вилата на Хју Хефнер, заболени се од сеуште неидентификувана болест на респираторниот систем. Токму затоа во моментов светски познатата Плејбој вила е под истрага. Иако дури сега е објавено во јавноста, овој случај се случил на 3 февруари. Гостите во вилата биле бројни бизнисмени кои по само 24 часа започнале да се жалат на главоболка, грозница, респираторни проблеми, а некои од нив добиле и запаление на бели дробови, пренесуваат американските медиуми. Министерството за здравство на САД...

Continue reading

senada

Апел до Тодоров

Post Views: 10 Ќе се најде ли лек за Сенада Махмудоска од Охрид? Таа боледува од ретка болест на очите и го губи видот. Родителите на Сенада се во очајна битка со болеста на нивното дете и бараат спас насекаде. Засега нивните напори се без резултат. Како што кажа нејзината мајка, Зајде Махмудоска, докторите во Македонија не и влеале никаква надеж. Тие се решиле преку медиумите да го повикаат министерот Никола Тодоров, да ги посети и да оствари со нив разговор, надевајќи се дека сепак тој како прв човек на македонското здравство посебно ќе се заложи за нивниот случај. „Нашата намера...

Continue reading

osteoporoza

Остеопорозата, тивок крадец на коските

Post Views: 0 Го носи епитетот „тивок крадец на коските“, ги напаѓа повозрасните граѓани, претежно жените, остеопорозата е болест која често поминува незабележано. Оттука превенцијата на оваа болест е од големо значење во намалување на нејзините драматични ефекти. Се наоѓаме во месецот на остеопорозата во кој се организираат најразлични активности, насекаде низ земјава со цел подигање на нивото на информираност за начините на превенција, но и последиците од нетретирањето на остеопорозата. „Остеопорозата претставува системско скелетно заболување кое се карактеризира со ниска коскена...

Continue reading

treva

Пристигнаа крлежите

Post Views: 8 Внимавајте, почна сезоната на крлежите. Наглото зголемување на температурите после долгата и влажна зима се идеални услови за нивно размножување. Ги има во грмушките, високите треви, на дрвјата, а граѓаните често се жртви на овој пајаковиден членконог. Директорот на Центарот за јавно здравје, Атанаско Михаилов вели дека добро треба да се искоси тревата во дворовите и парковите затоа што крлежите најмногу ги има во тревата и на влажните места. Лекарите објаснуваат дека не секој крлеж е заразен, но апелираат каснатите да побараат помош оти болеста може да се развие и по...

Continue reading

artritis

Артритисот се почесто ги напаѓа и младите

Post Views: 2 Артритисот не е шега, тоа е опасна болест со сериозни последици. Денес се одбележува Светскиот ден за борба против овој тивок убиец на коските и мускулите. Најефективната терапија за ова заболување е истовремено и најскапата, па многу пациенти во земјава не можат да си ја дозволат. Само во Македонија има над 17.000 пациенти со ревматолошки заболувања, а се почести жртви се и младите.Денес се одбележува Светскиот ден за борба против артритисот, тивкиот убиец на коските и мускулите. Се повеќе се намалува старосната граница за појава на ревматолошките болести. Се почесто...

Continue reading

kamp dijabet

5-ти летен едукативен камп за децата со дијабетес

Post Views: 14 Започна петтиот летен едукативен камп за децата со дијабетес од целиот свет. Тие на овој камп ќе учат како да бидат посамостојни во животот, како да спортуваат безбедно и како полесно да се справуваат со оваа болест, без тоа да им го намалува квалитетот на нивното живеење. Овој летен камп веќе традиционално е организиран и е под покровителство на Лајонс Интернешенел или поточно Дистрикт 132 од Македонија, чие мото е „Ние служиме“. „Ние служиме на тие што им е потребно. Вечерва сме собрани за 30-40 деца кои се дојдени од повеќе земји. Ние ќе служиме наредните 10 дена,...

Continue reading

Hepatitis C

Отворена војна против Хепатитот Ц

Post Views: 12 Претставници на институции од Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Гостивар и Тетово, разменија искуства и ги согледаа современите можности во третманот на хепатитис Ц. Лицата кои се интравенозни корисници на активни психотропни супстанци, а кои се заболени од оваа болест, во нашата држава за жал сеуште секојдневно наидуваат на бариери. Прим.д-р Славица Гајдаѕис – Кнежевиќ, истакна дека здравствените работници мора да се ослободат од предрасудите при третманот на лицата од ризичните групи. Што се однесува до тоа дали кај нас постои националана стратегија, за борбата против...

Continue reading

tcb

Борбата со туберкулозата продолжува и во 21-от век

Post Views: 9 Денес, активистите на Црвениот Крст од Охрид, на плоштадот „Чинар“, делеа едукативни материјали и  и даваа корисни совети за борбата со оваа болест, која сеуште претставува светски проблем. „На потег против туберкулозата! Трансформирајќи ја борбата кон целосна елиминација на туберкулозата!”– Под ова мото, активистите на Црвениот Крст од Охрид, денес на плоштадот „Чинар“, делеа едукативни материјали и даваа корисни совети за борбата со оваа болест. На светскиот ден за борба против ова инфективно заболување, беше заокружена едномесечната кампања која ја спроведе...

Continue reading

oko

Недела на борба против „тивкиот крадец“ на видот, глаукомот

Post Views: 1 Недела за борба против болеста, која после Дијабетисот е втора водечка причина за слепило во светот. Др.Соња Филева, олфталмологот при ЈЗУ Општа болница од Охрид, вели дека станува збор за болест на очниот нерв, при што поради покачен интраокуларен очен притисок, доаѓа до негово оштетување. Болест која предизвикува трајни и медицински и социјални последици кај пациентите. Филева додаде дека оштетувањата на видниот нерв, предизвикани од оваа болест се трајни и иревирзибилни. Колку болеста порано се открие, дотолку  со соодветен третман може да се спречи прогресот кај...

Continue reading

pregled

Информирајте се за ракот на грлото на матката

Post Views: 2 Подигнување на свеста кај македонките за опасностите кои ги носи ракот на грлото на матката. Ова е основната идеја на Здружението за борба против ракот -„Борка“. Отаму спроведуваат едукативни сесии низ земјава за оваа болест која одзема голем број на животи. Првиот чекор во одбрана против ракот на грлото на матката е спознавањето на самата болест. Подигнувањето на свеста, пред се кај жените и младите девојки е една од најдобрите превентивни мерки. Здружението за борба против ракот-„Борка“ од 10 до 17 Февруари одржува едукативни сесии за оваа болест во неколку градови...

Continue reading

na ginekolog

Недела за борба против ракот на грлото на матката

Post Views: 17 Во Македонија повеќе од 200 жени секоја година заболуваат од рак на грлото на матката, а приближно половина од нив умираат. На светско ниво годишно се регистрирани околу 500 000 нови случаи од кои дури 300 000 завршуваат трагично. Инфекцијата со високоризичните типови на Human Papiloma вирусот е главен фактор во настанувањето на ракот на грлото на матката. ХПВ инфекцијата најчесто се пренесува преку сексуален однос, но и преку неполов пат (од мајка на дете, од облека, хируршки ракавици).Еден од начините за превенција е примањето на ХПВ вакцината. Оваа вакцина не содржи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top