Ознака: Богојавление

Gjorgoski kum Vodici

Избран новиот кум на „Водици“

Post Views: 6 Стојан Ѓоргоски е новиот кум на „Водици“. Оваа најмасовна верска манифестација со огромна традиција, години наназад собира огромна толпа на верници, почитувачи, туристи, и од државава, но и од соседството. На свечената седница на Здружението за целосна афирмација на МПЦ, „Богојавление“, едногласно беше избрана апликацијата на нашиот сограѓанин Стојан Ѓоргоски за кум на „Водици 2013“. Ѓоргоски е познат бизнисмен и претприемач од Охрид, сопственик на претпријатието за сателитски антени „Зора“. При соопштувањето за добиеното кумство, Ѓоргоски и неговата сопруга, беа очигледно...

Continue reading

vodici

Манифестацијата „Водици 2013“ со почесен строј и охридска гарда

Post Views: 6   На манифестацијата „Водици“ да има почесен строј и охридска  гарда. Ова е идеја на здружението „Богојавление“ која датира уште од поодамна, но досега не е реализирана. Потпредсадателот на ова здружение, Митко Пендов вели дека заедно со Министерството за култура и Локалната самоуправа имаат намера да распишат конкурс за униформа на охридска гарда која ќе биде препознатлива и ќе ги содржи симболите на Охрид низ вековите. Оваа гарда би се користела и за други манифестации кои ќе се одржуваат во градов. Ова здружение подготвува и други новини со кои ќе привлече гости не...

Continue reading

vodici Ohrid

Ќе биде ли Путин кум на „Водици 2013“ ?

Post Views: 0 Желба на Здружението „Богојавление“ е Првиот човек на најхристијанската земја, претседателот на Русија Владимир Путин, да биде кум на Водици 2013 год.  Претседателот на Здружението Љупчо Арнаудов, во името на “Богојавление“ поканата веќе ја испратил до Руската Амбасада во земјава, од каде ќе биде испратена во кабинетот на Рускиот претседател. „Ова што го бараме од Вас е премногу, но како лидер на најголемата христијанска земја и како искрен почитувач на Бога се надеваме дека ќе ја прифатите нашата молба и дека независно од Вашите бројни обврски ќе смогнете сили денот...

Continue reading

vodici

Документарниот филм „Богојавление Охрид-2012“ премиерно на Телевизија ТВМ

Post Views: 2 На Велигден, кога го славиме Христовото воскресение, премиерно на Телевизија ТВМ, ќе биде прикажан најновиот документарен филм „Богојавление Охрид-2012“, хронолошки запис за годинашната прослава на големиот христијански празник Водици. Филмот е документиран, видео запис за славењето на Христовото крштевање во Охрид и приказ на најатрактивната и најмасовна прослава на Водици во овој дел од православниот свет со доловување на многувековната традиција, богатство на обичаи и култот на охриѓани за празникот. Со кумството на Чифлиганец, првиот кум за Водици во Охрид, кој нема...

Continue reading

kotva

Не се важни парите туку љубовта

Post Views: 1 Подигањето на спомен- обележјето посветено на празникот Богојавление- Водици, се поизвесно. На наредната седница на Советот на општина Охрид ќе биде формиран Одбор , кој ќе треба да се погрижи околу реализацијата на иницијативата на годинешниот кум на манифестацијата „Водици“, Ванчо Чифлиганец. Кумот не открива колку пари ќе го чини подигањето на ваквиот споменик, но вели дека тоа и не е толку важно. Чифлиганец потенцира дека оваа иницијатива е дадена со љубов и со желба споменикот што поскоро да се изгради. За таа цел апелира до надлежните институции да ја забрзаат...

Continue reading

komisija

Награди за најуспешните

Post Views: 29 Славица Танеска, ученичка во седмо одделение во ОУ “Григор Прличев“, Јулија Митревска ученичка во осмо одделение во ОУ “Григор Прличев“ и Христина Ристеска од ОУ “Кочо Рацин“, се добитнички на првата , втората и третата награда на распишаниот ликовен конкурс од страна на Здружението на граѓани Богојавление. Тие не го криеја задоволството од добивањето на едно вакво признание.На конкурсот кој го распиша Богојавление уште пред три месеци  биле испратените 60 цртежи од учениците од сите основни училишта во општина Охрид. Ликовниот уметник Славко Упевче, член на комисијата...

Continue reading

kumovi

Охрид ќе добие спомен одбележје за Богојавление – Водици

Post Views: 9 Иницијативата за подигнување на спомен обележје за Богојавление – Водици, помина кај градските избраници. Сега започнуваат активностите за забрзување на формалностите и формирање на одбор кој ќе ги прати активностите за избирање на идејно решение и собирање на понуди за изготвување спомен одбележјето. „Треба да се формира одбор, кој ќе распише конкурс – меѓународен со различни идејни решенија и во зависност од идејното решение ќе се одреди и точната локација дали споменикот ќе биде на самата обала или во вода“, вели  потпретсадателот на „Богојавление“, Димитри Пендоски. Од...

Continue reading

mitko

Светиот крст во рацете на Митко Топенчаров

Post Views: 0 Митко Топенчаров го фати светиот крст во осветените води на Охридското езеро. Тој беше најсреќен од околу 1000 млади луѓе од Охрид и  државава  и неколкуте гости капачи од странство. Оваа година крстот ќе му носи среќа на Митко, неговото семејство но и на целиот христијански свет. Топенчаров по петти пат го фаќа крстот на Водици. Околу 20.000 луѓе, православни верници од Охрид и од други делови на Македонија, но и гости од странство присуствуваа на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.Со...

Continue reading

humanitarni paketi

Хуманитарни пакети за најзагрозените

Post Views: 2 Сашо Точко, му го честита кумството на Чифлиганец и му се заблагодари за неговото учество во хуманиот гест, вклучувајќи се во оваа акција. Точко вели дека изборот на 50 социјално најзагрозени семејства е направен според нивна селекција, скенирајќи ја состојбата на сите кои се пријавуваат. Тој се надева дека на овие семејства до година состојбата ќе им се подобри и ќе можат сами да допринесат за подобар живот, а со тоа и за подобра егзистенција. Воедно, Точко ги покани сите присутни, утре да бидат дел од атмосферата за фрлањето на крстот во водите на Охридското Езеро....

Continue reading

kumovi

Предадено кумството за верската манифестација Водици 2012

Post Views: 3 Новиот кум, проф д-р Ванчо Чифлиганец го презеде кумството за верската манифестација Водици од стариот кум Лотески. Познатиот стопанственик е 10-от кум по ред,  избран од граѓанското здружение „Богојавление“ и е првиот кум што нема охридско потекло. Новиот кум не го криеше задоволството од честа која му е доделена. Истакна дека по ланското капење во езерските води на овој ден имал успех на многу полиња во животот.  Кумот  Чифлиганец сака прославата на Водици да ја зголеми со нови содржини. Покрај бројните подароци за среќниот фаќач на крстот и учесниците во оваа церемонија,...

Continue reading

Vodici

За Водици пријавени 1000 млади луѓе кои ќе скокаат по крстот

Post Views: 1 Се е подготвено Охрид да ја  празнува големата црковна манифестација Водици, истакнуваат од Здружението на граѓани Богојавление. Во текот на изминатите 10 години од кога тие се соорганизатори на прославувањето на овој голем  христијански празник, со кој се слави крштевањето на Исус Христoс во реката Јордан, манифестацијата станува се помасовна. Голем број на гости се очекуваат од земјава и од странство, најавуваат од здружението. Така, на 19 јануари во 10 часот во водите на езерото ќе скокаат 1000 млади луѓе, а со фрлањето на крстот ќе чиноначалствува владиката Тимотеј....

Continue reading

Bogojavlenije

Спомен обележје за Богојавление

Post Views: 8 Уште една иницијатива за подигнување на спомен обележје во Охрид. Идејата е на годинешниот кум на манифестацијата Водици 2012 год, проф.д-р Ванчо Чифлиганец, кој пред се со оваа иницијатива сака да донира за градот и граѓаните, верниците и гостите, а воедно да остане и траен белег во градот каде што се одржува најмасовната прослава на Водици. Димитар Пендо од Здружението за целосна афирмација на МПЦ „Богојавление“, Охрид, рече дека писмото кое што вчера го добиле од Чифлиганец, веќе е испратено до сите релевантни институции кои треба да дадат согласност за реализација...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top