Ознака: бидат

антички

Антички и Долни Сарај ќе добијат кров

Post Views: 4 Антички театар  и Долни Сарај пред почетокот на манифестацијата Охридско лето ќе добијат покрив. Фестивалот оваа сезона ќе добие покриени  летни сцени на кои ќе се изведуваат музички и балетски претстави, информира директорката на охридскиот Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска.„ Проектите се изготвени, тендерските постапки се спроведени. Избрана е фирма и почната  е изработката на тие покривни конструкции кои ќе  бидат монтирани на две сцени. Со оглед на тоа што работата е започната, до  месец мај  проектите ќе бидат реализирани оваа година. Денес излезе програмата...

Continue reading

vodici

Се е подготвено за големиот христијански празник „Богојавление-Водици“

Post Views: 5 Се е подготвено за големиот христијански празник „Богојавление-Водици“ и Денот на рибарите . Годинашното славење ќе биде надополнето и со нови содржини кои ќе се реализираат во соработка со Локалната самоуправа, хотелско угостителскиот еснаф и бизнис заедницата. Прославата започнува со концерт на балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ во салата на спортско рекреативниот центар“Билјанини извори“ кој ќе се одржи во петок на 17-ти јануари. Билетот во предпродажба чини 300ден., а на врата 350ден. На 18-ти јануари во ЦК “Григор Прличев“ концерт ќе одржи хорот“Св. Злата Мегленска“...

Continue reading

avstralija

Како младите да студираат во Австралија?!

Post Views: 0 Како младите луѓе да се образуваат, дообразуваат, да станат светски граѓани и легално да се вработат. Во Охрид беше извршена презентација на програмата за школување, обезбедување работа и емиграција во Австралија. Никола Митрески, претставник на австралиска компанија, рече дека со оваа програма веќе започнале од Битола како познат печалбарски град и младите од Битола покажале голем интерес. Додаде дека заинтересираност имало и кај младите охриѓани. „Во Охрид имаме голем интерес заради тоа што имаме многу млади луѓе кои што сакаат да го видат светот и во соработка со...

Continue reading

komunalec

Успешна година за Охриски Комуналец

Post Views: 19 ЈП „Охридски Комуналец“ годинава што измина ја оценува како успешна. Тоа се должи на максималната ангажираност на вработените од сите работни единици на ова ЈП зедно со менаџерскиот тим, вели првиот човек на претпријатието Елена Скрческа. „Ме радува фактот што за престојните новогодишни празници градот е преполн со гости, се надеваме дека уште поголем број на туристи ќе има за Божиќните празници за празникот Богојавление, со што нашите служби максимално ќе бидат ангажирани за хигиената во градот“. Работата на ЈП, посебно деошла до израз за време на празниците, бидејќи...

Continue reading

lizgaliste

Охридското лизгалиште забава, но и опасност

Post Views: 6   На лизгалиштето на градскиот плоштад само за една недела интервенирано е триесет и три пати. Во три случаи поради незгоден пад лизгачите се здобиле со скршеници, велат од охридскиот Црвен крст. Од таму бараат сериозно да се пристапи кон овој проблем бидејќи според нивните сознанија секој час на лизгалиштето се случува по некоја незгода. Апелираме во текот на новогодишните празници кога луѓето  ќе излегуваат да уживаат на лизгалиштето да бидат многу внимателни и да ги почитуваат правилата од сопственикот на лизгалиштето. Посебно апелираме до родителите да не ги пуштаат...

Continue reading

semafor

Опасна раскрсницата во близина на ОУ„ Христо Узунов“

Post Views: 20 Сообраќајната раскрсница на улиците Питу Гули и Марко Нестороски, во близина на основното училиште Христо Узунов, е опасна по безбедноста на пешаците. Подолго време семафорите кои се поставени на улицата не се во функција и сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација. Учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Понекогаш возилата застануваат за да поминеме, а понекогаш не, раскажуваат децата.Од Локалната самоуправа велат дека се свесни за сообраќајниот проблем и нефункционирањето на светлосната...

Continue reading

ugrinoaski

Вевчани се подготвува за карневал

Post Views: 15 Вевчани се подготвува за карневал. Многу забава, интересни содржини за сите од најмладо до најстаро, ветуваат организаторите на карневалот. Престојниот безграничен театар под маски, кој традиционално се одржува за Стара Нова година и празникот Василица, ќе биде во една беспрекорна организација и сосема поинаква од изминатите години, ветува првиот човек на општина Вевчани, Цветомир Угриноски. „Карневалот ќе трае повеќе и започнува на 10 и ќе трае до 14 јануари 2014. гостите ќе бидат дочекани од насделението сите капацитети ќе бидат отворени,а подготвени ќе бидат и вевчанските...

Continue reading

sportisti

Сојузот на спортови од Охрид бира „Спортист на годината“

Post Views: 2 Сојузот на спортови од Охрид и годинава ќе бира спортист на годината. Овие престижни спортски признанија може да се добијат во повеќе категории и тоа најуспешен спортист поединечно, најуспешен млад спортист поединечно машки и женски, најуспешна спортска екипа, спортски тренер, спортски работник и признанија за животно дело, најмасовен клуб, фер плеј, како и спортски презентер. Изборот на најдобрите ќе го прави комисија избрана од Управниот одбор на Сојузот на спортови, а составена од познати спортски активисти, спортски новинари и членови на Сојузот. Спортистите треба...

Continue reading

Фрустрациите со изгубен багаж ќе заминат во историјата

Post Views: 3 Сите оние кои некогаш изгубиле багаж за време на патувањето со авион знаат колку е фрустирачки кога мораат со денови да чекаат некој да им се јави со информација дека конечно ќе си ги добијат своите работи, а во многу случаеви торбите и куферите остануваат засекогаш изгубени. Едно од решениајата на овој проблем е таканаречениот паметен багаж, односно торби кои ќе бидат опремени со GPS чип кои на сопствениците ќе можат да им испратат информација за локацијата на багажот, а дури можат и да комуницираат со авио-компанијата кога ќе се загубат. Airbus уште минатата година...

Continue reading

koncert

Градскиот хор исполнува весели Божиќни песни

Post Views: 2 Градскиот хор, вечерва ќе има завршен настап пред охриѓани.  30 -тина хористи  ќе изведат Божиќни нумери. Со песните ќе внесат весело пред новогодишно расположение кај своите сограѓани. Концертот нема да биде стандарден туку ќе биде проширен со солисти и настап на гости од  музичкото училиште, напоменува диригентот на хорот  Проф. Александар Димоски. Димоски додава дека вредно и напорно работеле, а за изборот на репертоарот вели дека се труделе да внесат нови содржини.„ На овој концерт ќе бидат исполнети познати нумери кои публиката ги знае. Најпознатите Божиќни песни...

Continue reading

zgradi

Откриени проблеми во социјалната зграда – можно е некој да остане без станарското право

Post Views: 2 Будно се следи состојбата во социјалната зграда на ул „Карпош Војвода“. Таму постојат проблеми од различна природа, за која треба да се ангажираат сите релевантни служби почнувајќи од МВР на Р. Македонија, Центарот за социјални работи, па и Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, вели првиот човек на Агенцијата, Цветко Грозданов.  Алармот за примена на радикални мерки е вклучен додава тој. „Мислам дека имаме тенденција на изнаоѓање на два или три такви станови кои што сметам дека во периодот кој што следи ќе бидат раскинати договорите на...

Continue reading

zgradi

Граѓаните ги изложија проблемите пред Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор

Post Views: 1 Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор денес беше отворена за граѓаните. Решение за својата мака најчесто бараа граѓаните од социјално-ранливата категорија кои се сместени или во некој од становите од социјалната зграда, или пак во времени објекти од таква намена. Таму одговор на нивните прашања побараа и седумте семејства кои живеат во бараките на улица „Сирма Војвода“ веднаш до градската болница. Тие побараа решавање на нивниот статус. „Ни рекоа бараките се подарок, седете како дома додека не ви ги продолжат договорите. Не сакаа средба...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top