Ознака: бесправно

drva

Акцијата „Гора“ продолжува во охридско-струшкиот регион

Post Views: 6 Од СВР Охрид информираат дека поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Пустошење на шума“ и „Кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднела кривична пријава против четворица албански државјани. Со пријавата опфатени се и три лица од струшкото село Франгово и едно лице од селото Радолишта. На втори овој месец, на место викано “Гропа“ атар на селото Франгово, полициски службеници од гранична полиција Регионалниот центар“Запад“ ги затекнале албанските државјани како спротивно на Законот за шуми и Кривичниот законик вршат бесправна сеча на огревно...

Continue reading

Кривични за две лица од Велестово за “бесправно градење“

Post Views: 9 Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „симнување или оштетување на службен печат или знак“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од охридското село Велестово.– Пријавените во текот на 2021 година на катастарска парцела во селото, без дозвола и одобрение од надлежен орган, започнале градба на станбен објект. По извршениот инспекциски надзор, овластен градежен инспектор донел решение за отстранување на градбата, а на градилиштето поставил службена лента за негово затворање. Пријавените, неовластено и незаконски...

Continue reading

Со помош на механизацијата на „Македонија пат“ ќе се отстрануваат бесправно изградените објекти во Охридскиот регион

Post Views: 6 Владата на Република Северна Македонија на 69-та седница, го задолжи Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта “Македонија пат”, во соработка и координација со општина Охрид да и стави на располагање соодветна механизација согласно Мерката да продолжи и да се интензивира отстранувањето на бесправно изградени објекти во Охридскиот регион, со приоритет на крајбрежјето и на објектите нотирани од страна на НП Галичица. „Упатувам јавна благодарност до Владата за поддршката на активностите за отстранување на бесправните...

Continue reading

svr ohrid

Кривична пријава за „изнуда“

Post Views: 0 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.М.(35) и Ц.М.(36), двајцата од с.Лешани, oхридско, за сторено кривично дело „изнуда“ во обид. Пријавените во јуни 2013 година, со намера да прибават противправна имотна корист од Н.П.(59) од Охрид сопственик на „Вила Свист“ лоцирана во нас.Свети Стефан во Охрид при лични средби, како и на неговиот мобилен телефон му испраќале пораки со сериозни закани со цел истиот да се откаже од намерата да купи простор-крајбрежен дел за плажа од 264 метри квадратни. Наведениот простор пријавените лица претходните години бесправно го уредиле...

Continue reading

svr krivicna

Охриѓанец заработи кривична за објект кој бесправно го изградил во колективна зграда

Post Views: 10 Во текот на 2011 година пријавениот, на улица. „Лазо Трповски“  на масандра од колективна зграда бесправно изградил околу 220 метри квадратни простор наменет за продажба. Инаку, пријавениот на 17ти Август 2011 година до Секторот за урбанизам и заштита на животна средина доставил барање за утврдување на правен статус на бесправниот објект, прикривајќи дека отстапувањата во градбата се извршени по 3ти Март2011 година односно по донесување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. {loadposition content9}

Continue reading

petreski

Експресно изгласани 114 одлуки за легализација

Post Views: 0 Доцна синоќа Советот на Охрид усвои одлуки за легализација на 114 бесправно изградени објекти во општината. Иако уште на почетокот на 60 сетата седница советничката група на ВМРО- ДПМНЕ побара одложување на истата поради сензибилниот период пред Локалните избори, како и поради опомената на Комисијата за спречување на корупција, дека не е добро точките од урбаната сфера да се донесуваат во овој период, тоа воопшто не ги заинтригира советниците од охридската позиција за можните последици поради експресното донесување на 114 те точки, вели советникот Борче Стефаноски од...

Continue reading

sednicaoh

Се одржа 58 та седница на Совет, Охрид

Post Views: 2 Со една вообичаена практика на доцнење, овојпат од половина час, отпочна 58 седница на Советот на општина Охрид. Главен акцент на седницата беа неколкуте предлог одлуки за донесување урбанистичко – планска документација за легализација на бесправно изградени објекти. Дејан Паноски од ВМРО ДПМНЕ во име на неговата советничка група даде комплетна поддршка на предлог одлуките кои се однесуваат на легализација на бесправно изградени објекти.  Тој истакна дека овој проект на Владата на Р. Македонија, на сите сопственици на вакви објекти ќе им овозможи да ги легализираат...

Continue reading

trpejca

Кој ќе го урива „ИВИРЕ“?

Post Views: 1 Сопственикот на објектот „ИвИре“ почна да остранува делови од бесправно изградениот објект на плажата во охридското село Трпејца. Трпејчани откриваат дека инспектори од локалната секојдневно го следат текот на настаните, како и дека веќе било оградено земјиштето, во делот каде ќе се руши спорната градба. Од Црковниот одбор уште додаваат дека сега засега сопственикот на „ИВИРЕ“ извадил само дел од прозорите на објектот, како и инвентар од просториите.Во решението за уривање од локалната, стои дека доколку сопственикот во рок од 15 дена не го урне бесправно изградениот...

Continue reading

letter

Отворено писмо до јавноста од охридските пратеници Шокароски и Николоски

Post Views: 1 Почитувани, Би сакале по втор пат да се обратиме на јавноста по повод случувањата во с. Трпејца со диво изградените објекти на крајбрежјето. При нашата посета на селото на 5 мај оваа година бевме запознати дека два објекти се бесправо изградени на самиот брег на езерото, дополнително бевме запознати дека исвеститорот се обидува да го сруши најсветото за жителите на с. Трпејца параклисот и светиот камен којшто со децении преставува свето место за нив. Во таа прилика ја повикавме Општина Охрид согласно своите надлежности делегирани со позитивните законски акти да ги изврши...

Continue reading

tutun

Запленети 20 тони тутун за продажба на „црно“

Post Views: 1 Поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – “недозволено пренесување на акцизно добро односно стока или користење на акцизна дозвола или одобрение“, СВР Охрид, поднесе кривична пријава против А.Г.(55) од струшкото село Франгово, Н.К. (46) од Охрид и А.Б.(38) од Поградец-Република Албанија.Пријавените А.Г. и Н.К. во текот на минатата година, против-правно набавиле околу 20 тони ситно сецкан тутун за пушење, кој како акцизна стока подлежи на акциза согласно Законот за акцизи. Со намера целосно или делумно да ги избегнат акцизните давачки, пријавените...

Continue reading

zgardi

Легализацијата на дивоградбите, оди многу бавно

Post Views: 3 Споро оди реализација на проектот за легализација на дивоградбите. Уште нецел месец останува до 3 ти септември, последниот рок кога граѓаните можат да  достават документација за бесправно изградените објекти или дивоградбите. Во Локалната самоуправа на Охрид, досега доставени се 2160 такви барања, а решени се околу 10 до 12%. Вишиот соработник за односи со јавност во локалната, Томе Џамтоски, појасни на што се должи ваквата состојба. -Наизглед ова покажува дека е мал број, меѓутоа мора да се земе предвид дека граѓаните само за да го запазат законскиот рок до 3 ти септември...

Continue reading

opshtina

Дивоградбите дочекаа легализација

Post Views: 6 Ќе се легализираат бесправно изградените објекти. Во наредните 6 месеци отпочнува трката за легализација на дивоградбите. Стапи на сила фамозниот закон. Конечно граѓаните за 1 евро по метар квадратен, ќе можат да ги легализираат своите бесправно изградени објекти. За имплементација на овој закон, вчера во општина Охрид, заменик Министерот за Транспорт и врски, Горан Михајловски, со претставник од катастар, одржа трибина со охриѓани. Мештаните на Охрид поставија интересни прашања во врска со овој закон,  секако, секој за својот проблем. Но одговорите на државните претставници...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top