Ознака: бесплатно

autodesk

Бесплатно изучување на софтверот 3DS MAX „Autodesk“

Post Views: 10   Започна со работа летниот камп на кој ќе се изучува софтверот  3ds MAX & V-Ray. Обуките се бесплатни, наменети за професионален тренинг и обука на архитекти, дизајнери, ТВ и филм артисти, програмери на игри. Курсевите ќе ги водат 3-ца инструктори, најавува Никола Кумев, инструкторот за 3DS MAX на „Аутодеск Македонија“. „ Има огромен интерес за пратење на  курсевите.  Интензивни ќе се обуките , наутро и навечер ќе се одржуваат обуките. Се работи за интензивни курсеви наутро и во попладневните часови. Имаме развиена добра програма, а потврда за тоа е што „Аутодеск“...

Continue reading

studenti

Бесплатно студирање во Словенија за македонските студенти

Post Views: 0 Од следната студентска година, 2011/2012 сите студенти од Западен Балкан плус Албанија ќе можат да студираат бесплатно на сите државни универзитети во Словенија, изјави за Макфакс, Алан Бергант, Амбасадорот на Словенија во Македонија. „Сега сме во фаза на потпишување на спогодби помеѓу двете министерства, со вашиот министер Тодоров, и се залагаме за мобилност како на студентите така и на професорите,“ рече Бергант и додаде дека се надева дека ваквите олеснителни околности ќе овозможат подобра и подлабока соработка меѓу факултетите во двете земји. „Се надевам дека ќе...

Continue reading

odmor

Бесплатно лекување ако одите на одмор

Post Views: 2 Македонците ќе можат бесплатно да се лекуваат додека се на одмор во Турција, Бугарија, Германија, Австрија, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција и Италија. ФЗОМ склучи договор со 15 земји, па доколку во овие земји итно ви треба лекарска услуга може да се лекувате на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. За да се добие оваа здравствена услуга, македонскиот граѓанин треба пред да замине во странство да аплицира до Фондот за двојазичен образец за една од земјите, кој е бесплатен...

Continue reading

mise

Бесплатен паркинг за Богојавление-Водици

Post Views: 2 Првиот човек на ЈП „Билјанини изври“, Ристе Мише, за нецел месец на охриѓани и бројните гости што го посетуваат градот за време на големите верски празници им овозможи бесплатен паркинг. Тој смета дека на тој начи допринесуваат организацијата на верските празници да биде полесна и беспрекорнаа воедно тој гест да остави добар впечаток кај гостите. „Како за големиот христијански празник Божиќ така и за престојниот празник Богојавление  – Водици ЈП „Билјанини извори“ одлучи на нашите сограѓани и гостите кои престојуваат во Охрид за овој празник користењето на паркинг...

Continue reading

lizgalishte

Бесплатно лизгање за основците од Охрид

Post Views: 0 Од денес бесплатно на лизгалиштето на градскиот плоштад ќе лизгаат учениците од сите основни училишта во градов. Бесплатното лизгање е закажано за период од 12 до 14 часот секој работен ден со исклучок на викендите. Денес бесплатно први ќе лизгаат учениците од ОУ “Братство и единство“, утре учениците од “Св. Климент Охридски“, а задутре од “Кочо Рацин“. Во понеделник на 13-ти јануари ќе лизгаат учениците од “Христо Узунов“, во вторник од “Ванчо Николески“, во среда од “Живко Чинго“, во четврток од “Св. Наум Охридски“ а во петок од “Григор Прличев“. Ваквата акција на...

Continue reading

sonk

Обезбеден надоместот за патни трошоци на наставниците

Post Views: 8 Просветните работници кои одржуваат настава во руралните средини  патните трошоци нема да ги плаќаат од свој џеб. За тој надомест годинава ќе се погрижи Локалната самоуправа. Преговорите помеѓу претставниците на секторот за образование при општина Охрид со претставниците на СОНК кои деновиве интензивно се водеа вродија со плод вели претседателот на Синдикатот, Аце Речкоски. „Резултатот од последната средба што ја имавме со претставниците од Локалната, наидовме на разбирање од нивна страна, значи бесаплатниот јавен превоз на просветниот кадар  кој што ќе патува ќе биде...

Continue reading

plakati

Изборите се веќе зад нас-партиите имаат седум дена да расчистат зад себе

Post Views: 12 Помина и првиот и вториот круг од локалните избори 2013 година. Како и секоја година, политичките партии, од локалната самоуправа добија неколку локации низ градов на кој може бесплатно да ги рекламираат своите кандидати. Но сега откако изборите се веќе зад нас, партиите треба да си ја исполнат и својата законска обврска. Плакатите и пропагандниот материјал кој тие го поставуваа кај хотелот Силекс, кај полигонот за мали спортови и кај охридската гимназија, сега треба да се отстрани. Според Изборниот законик, организаторот на изборната кампања е должен во рок од 30...

Continue reading

izborni plakati

На кои локации бесплатно ќе се лепат изборни плакати?

Post Views: 3 Локалната самоуправа ги одреди локациите на кои политичките партии односно кандидатите за градоначалници и членови на советот ќе можат бесплатно да се рекламираат. Одредувањето на овие локации е обврска на секоја локална самоуправа согласно Изборниот законик. Општина Охрид за оваа намена ги определи истите локации кои за оваа намена се употребуваа и во минатите изборни циклуси. Станува збор за три локации, и тоа просторот пред гимназијата „Свети Климент Охридски“, бетонските огради кај полигонот за мали спортови, како и лимените огради кои што се поставени околу хотелот...

Continue reading

sida

Граѓаните денес бесплатно се тестираа за ХИВ СИДА

Post Views: 5   10 граѓани денес ја искористија можноста бесплатно да се тестираат за ХИВ СИДА. Оваа акција беше дел од активностите кои невладината организација Опција и Црвениот крст од Охрид ја спроведоа по повод светскиот ден за борба против сидата. Охриѓани ја поздравија ваквата иницијатива. Претставниците од невладината организација Опција кажаа дека вакви акции се спроведуваат во текот на целата година. Секој месец специјалното возило во кое анономно и бесплатно се прават тестовите за ХИВ СИДА доаѓа од Скопје. Тетирањата се прават на два пункта и тоа кај седиштето на Опција...

Continue reading

memorandum na sorabotka

Градоначалникот и СОНК потпишаа меморандум

Post Views: 12 Градоначалникот на Охрид Александар Петрески и претседателот на  СОНК – Регионален одбор – Охрид,  Ацо Речкоски, денес потпишаа меморандум за соработка.  Според меморандумот, Општина Охрид  ги презема трошоците за превоз на наставниците. Но соработката не е само тоа, туку Регионалниот одбор  на СОНК од  Охрид и локалната со овој меморандум ја зајакнаа редовната комуникација и се обврзаа дека и во иднина сите проблеми ќе ги решаваат во духот на социјалниот дијалог  и ќе преговараат и ќе се договорат за сите прашања кои се од нивна надлежност. „Во однос на патните трошоци...

Continue reading

Ekrem Kaljoshi

Дечињата од социјално загрозените семејства на бесплатно летување

Post Views: 16 Бесплатно летување и зимување и за учениците од социјално загрозените семејства од Охрид. Според повикот на  Министерството за труд и социјална политика во врска користење на бесплатно лекување за учениците од петто до осмо оделение и охридските деца од социјално загрозените семејства како и децата со посебни потреби, ќе може да ја користат оваа услуга.Според пакетот економско – социјални мерки кои ги предвиде Владата, на летување и зимување оваа година треба да заминат вкупно 3000 ученици од пето до осмо одделение.  Екрем Каљоши директорот на Центарот за социјални...

Continue reading

oko

Бесплатно мерење на очниот притисок

Post Views: 2 Во рамки на своите активности во здравствено-превентивната дејност, а поради големиот интерес на граѓаните Црвен крст Охрид во соработка со Очната Клиника “Систина Офталмологија”, повторно организираат бесплатно мерење на очниот притисок, кое ќе се реализира на Градскиот плоштад “Климент Охридски” во Охрид, на 18.03.2012 г., недела, од 11-13 ч. Од страна на медицинските екипи на Систина Офталмологија, на сите заинтересирани граѓани, со помош на ласерска техника, безболно ќе им биде мерен очниот притисок, ќе им бидат давани потребни совети и информации за...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top