Ознака: барања

социајлно

Годишнио расте бројот на охридски двојки кои раѓаат трето дете

Post Views: 2 Секоја година бројот на поднесени барања за родителски додаток расте за околу 50 нови пријави. Годинава  до центарот за социјални работи во Охрид пристигнале 310 барања, а за споредба лани бројката изнесувала 260 додека во 2012 година 200 семејства добиле трето дете и побарале додаток.  Динамиката е задоволувачка  и очекуваме овој број да се задржи и во наредниот период, нагласува директорот на Центарот за социјални работи, Екрем Каљоши. Родителскиот додаток за трето дете изнесува   8.360,00 денари а се прима  во текот на 10 години. Службите се доведувани во ситуација...

Continue reading

logo

Кривична за службеник на кого му „исчезнале“ 52 барања за приватизација

Post Views: 1 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Несовесно работење во службата“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.З.Ш.(65) од охридското село Велгошти. Пријавената, во својство на службено лице-советник за првостепена управна постапка во Одделението за првостепена управна постапка-Охрид во Управата за имотно правни работи при Министерството за финансии, со пропуштање на должен надзор или на друг начин со очигледно несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности,   овозможила  исчезнување на 52 поднесени барања за приватизација. Станува...

Continue reading

Еве колку барања за отстранување прифатил Google до сега

Post Views: 2 Откако во февруари оваа година е усвоен европскиот закон наречен “right to be forgotten” во кој секој од нас има право да побара неговите податоци да се отстранат од резултатите на пребарување, Google објави колку точно линкови отстранил. Точниот број е 170.706 линкови (URL), што отприлика е 42% од вкупниот број на барања кои се поднесени до Google. Од почеток беше јасно дека компанијата нема да удоволи на секое барање, што е нормална постапка, бидејќи ако се удоволува на секое барање без добра причина тогаш би се уништила целокупната структура на Google и би настанал...

Continue reading

katastar

Метеж во Катастарот

Post Views: 0 Согласно непишаното македонско правило, на две недели пред истекот на рокот граѓаните почнаа масовно да аплицираат за откуп на дворовите по евро за квадрат.Велат дека е рокот краток и дека треба да се пролонгира. Пред да поднесат барање до Министерството за финансии, граѓаните треба да ја комплетираат катастарската документација. Од Агенцијата за недвижности велат дека само во Скопје дневно добиваат по 1.500 барања, но не можат да кажат дали сите се за откуп на дворовите затоа што не се води евиденција за што граѓаните ги бараат документите. Од Министерството за финансии...

Continue reading

socijalno

Огромен интерес во Охрид за Владиниот проект за отпишување на долгови

Post Views: 0 Охриѓани покажуваат голем интерс за акцијата за еднократен отпис на долговите за најсиромашните граѓани. Секој ден околу 50 барања се доставуваат во Меѓуопштинскиот Центар за Социјални работи поточно до одделението за детска заштита при центарот кое се наоѓа наспроти амбулантата „ Маларична“, вели првиот човек на центарот Екрем Каљоши  „Сметам дека освен неопходната потреба од чекање, активностите се одвиваат непречено, имаме добар прием кај граѓаните се надеваме дека бројката на луѓето кои што ќе го остварат ова право за Охрид ќе биде задоволителна односно луѓето ќе...

Continue reading

nevinost

Вратил невиност на 400 жени

Post Views: 7 Се повеќе млади жени патуваат во Германија на операција за повторно да станат невини. Како што открива хирургот кој на околу 400 жени им ја вратил невиноста, тој зафат пред се го бараат муслиманките.Зафатот трае 45 минути и чини околу 800 евра, а по породувањето речиси 2500 евра. Штефан Гантер, хирург од Дизелдорф, открил дека имал многу барања за враќање на хименот, па затоа кон крајот на 2006 година се одлучил да оди на специјализација во Америка. За помош му се обраќале првенствено муслиманки кои живеат во Германија, но му доаѓале и клиентки од Авганистан, Јемен...

Continue reading

Bejbunar

Забрзано тече легализацијата на дивоградбите во Охрид

Post Views: 1 Во општина Охрид забрзано тече процесот на легализација на дивоградбите, информираат од Локалната самоуправа. Комисиите за легализација на дивоградбите за периодот април 2013 – јуни 2014 , издале 810 решенија и изготвиле 654 урбанистички согласноти. Ова се должи на ефикасната работа на сегашната локална самоуправа , тврдат од општината. Сегашната локална самоуправа за 15 месеци споредено со поранешната сработила многу повеќе решенија и согласности. За споредба во периодот од 2012 до март 2013, Комисиите на поранешната состав на ЛС  издале 373 решенија и 480 урбанистички...

Continue reading

informacii

Што најмногу ги интересира граѓаните на Охрид?

Post Views: 0 Што најмногу ги интересира граѓаните на Охрид? Oд почетокот на годинава до денеска само 10 тина граѓани побарале информација од општината. Законското право да ја прашаат Локалната институција повеќе го користат здруженијата и организациите отколку физичките лица, вели Васил Ложанкоски од Одделението за односи со јавност при Локалната Самоуправа на Охрид. Ложанкоски нагласи, дека минатата година општина Охрид имала рекорден број на барања од граѓани за информации од јавен карактер дури 50. Според него најголем интерес граѓаните пројавиле за прашањата поврзани со општествените...

Continue reading

plaza

Плажите не се подготвени за престојната туристичка сезона

Post Views: 1 Охридските плажи не се подготвени за престојната туристичка сезона. Вообичаено, првомајските празници го означуваат почетокот на сезоната за сончање и капење, но оваа година работите околу уредувањето на плажите дадени под концесија доцнат. Концесионерите велат дека поради високиот водостој плажа речиси и да нема. Тие бараат помош од Локалната околу чистењето и попесочувањето на плажите. Од Локалната велат дека тие немаат никаква обврска спрема концесионерите на плажите. Од таму објаснуваат дека иако државата на општината и го додели државното градежно земјиште, концесионерите...

Continue reading

protesti JP Biljanini Izvori

Протестите во ЈП Билјанини Извори ставени во мирување

Post Views: 31   Неколкучасовна средба помеѓу новоназначениот директор на ЈП Билјанини извори, Иван Цветковски  и претставници на синдикатот на претпријатието. На конструктивната и позитивистичка средба, како што беше оценета и од едната и од другата страна, било договорено протестите кои започнаа минатаа недела да бидат ставени во мирување, со цел, директорот да се снајде во новонастаната ситуација. Тие побараа од в.д директорот Цветковски да го информира градоначаникот и локалното раководство за нивните барања и заеднички да изнајдат решение за наталожените проблеми во ЈП Билјанини...

Continue reading

protesti JP Biljanini Izvori

Продолжуваат предупредувачките протести пред ЈП Билјанини извори

Post Views: 0 Предупредувачкиот штрајк пред ЈП Билјанини извори продолжува.  Претседателот на синдикалната организација на претпријатието, Зоран Стевоски вели дека ќе протестираат се до исполнувањето на нивните барања.   „ Како синдикална организација испративме барање до сите релевантни фактори односно до бившиот директор, до управниот одбор, до советот на општината Охрид и до градоначалникот на општина Охрид. Сеуште на тие наши барања не е одговорено. Искрено се надевам дека ќе започнат интензивно да работат на решавање на нашиве проблеми“, вели Зоран Стевоски, претседател на синдикалната...

Continue reading

gradinki

Градинката „Јасна Ристеска“ се соочува со недостиг на кадар

Post Views: 0 Недостиг од кадар е проблемот со кој се соочува градинката Јасна Ристеска. На 31 март истекоа договорите за работа за 10 воспитувачки во градинката Јасна Ристеска, ангажирани преку Агенција за вработување од страна на Локалната самоуправа, информира  директорката Марина П. Тодоровска. Таа  ги демантира сите  гласини  дека тие  се избркани од работа. Иако  воспитните групи се со поголем број на деца, а помал број на воспитувачки, градинката работи нормално, уверува Петровска.  Директорката ги негира и сите шпекулации во јавноста поврзани со  работата на оваа установа,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top