Ознака: агенцијата

agencija za vrabotuvanje

Охриѓани не се дел од владиниот проект за вработување на постари лица

Post Views: 1 Нашата општина е меѓу општините Врапчиште, Куманово, Липково, Ново Село, Ранковче, Чучер Сандево и Центар Жупа или меѓу општините кои не аплицираа за владиниот проект.   Според овој проект во Општина Охрид  првично требаше да се вработат 43 лица, број кој е определен според бројот на жители на Охрид и плус дополнителни 5 лица, број кој ЗЕЛС го дефинирал за сите општнини, и овие лица во рок од шест месеци требаше да земаат по 7600 денари директно од владата.  Од Агенцијата за вработување информираат дека општините кои се дел од проектот и се финансиски моќни, имале обврска...

Continue reading

slavija

Извинете, лапсус

Post Views: 11   Продажбата  на хотелот „Славија“, лапсус. Вака денес од Агенцијата за привлекување странски инвестиции ја објаснија информацијата која вчера ја дал нивниот директор Висар Фида, на брифинг со новинари во Скопје а која одекна во сите медиуми. Од агенцијата за ТВМ велат дека купопродажбата не е извршена и додаваат дека во прашање била грешка во комуникацијата помеѓу нивниот директор и новинарите. Инаку хотелот „Славија“ во моментов се наоѓа под хипотека од Охридска банка чиј корисник е познатиот бизнисмен, Зоре Темелковски. Темелковски за нашата телевизија изјави дека...

Continue reading

плаза

Нисплатените субвенции закана за ин каминг туризмот

Post Views: 4 Доведено во прашање носењето на странски гости во земјава. Причина да се откажуваат договорите за склучување нови аранжмани на странските пазари се неисплатените субвениции на  голем број туристички агенции кои се ориентирале кон ин каминиг туризмот. Исплатата на субвенциите на туристичките агенции доцни скоро една година, вака се жалат сопствениците на агенциите кои имаат побраувања по овој основ, а  не сакаат јавно да зборуваат за овој сериозен проблем. Кратко коментираат дека се разочарани од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот која од септември 2011 година...

Continue reading

svetilki

Опасни по живот оштетени електрични столбови

Post Views: 5 Опасни по живот оштетените електрични столбови на  магистралниот патен правец од Охрид што води кон Република Албанија. Најголем број од оштетени столбови се на коловозната лента која води кон Охрид, пред населбата Рача. Впечатокот е дека за електричните столбови  поставени во октомври 2008 година, за време на одржувањето на Нато самитото чиј домаќин беше Охрид, не се грижи никој. Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ задолжени за одржувањето на овој патен правец информираат дека досега не добиле нити еден налог од Агенцијата за државни патишта за замена на оштетните...

Continue reading

базен

Затворен базен ќе се гради од идната година

Post Views: 15 Охрид ќе чека подобри времиња  да се изградат затворен и отворен Олимписки базен. Владата се препишмани и од најавените 9 Олимписки базени ќе гради два помали во Охрид и Крушево. Од Агенцијата за млади и спорт најавија дека во Охрид ќе градат помал затворен базен.  Затворениот базен ќе биде со димензии 33 на 25 метри со седишта за 300 до 500 гледачи. Неговата намена ќе биде за  рекреација на граѓаните, но и за одржување  меѓународни ватерполо натпревари, вели Директорот на Агенцијата за млади и спорт.  Попоски  информира дека  постапката за градба е почната. Обезбедиле...

Continue reading

carsija

Убаво за око, но штетно за здравје

Post Views: 7 Пеколните горештини им пречат на сите, но не и на бактериите. Високите температури создаваат идеални услови за развивање и размножување на  салмонели, стафилококни ентеро бактерии, ешерихија и др. кои што можат да предизвикаат труење со храна. Секоја храна природно содржи одреден број на бактерии. Но лошото манпулирање со храната, неправилното готвење или неадекватното складирање резултира со размножување на бактериите во доволно голем број за да предизвикаат болест. Во Охрид летово не е ретка појавата да се продава храна на отворено. Пица на парче, крофни, сладолед,...

Continue reading

ordanoski

Локалните телевизии или ќе станат регионални или ќе останат локални

Post Views: 4 Директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски, проговори и за  судбината на локалните телевизии по 1 јуни 2013 година кога ќе настапи целосна дигитализација на етерот во државата. „Локалните телвизии имаат можност да се изјаснат, дали сакаат да прејдат во регионални или ќе останат локални. Тие што ќе се изјаснат дека сакаат да прејдат во регионални, ќе добијат пристап на мултиплексите на новиот оператор кој е избран, а останатите ќе имаат можност со нов јавен повик да останат локални и за нив да се одредат локални провајдери. За секој град во...

Continue reading

jordan trajkov

Организација и координација на факторите, можен успех во туризмот

Post Views: 4 Силна организација и координација на сите фактори вклучени во развојот на туризмот, е една од целите на кои интензивно ќе работи Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, се со цел да се надминат проблемите со кои се соочува оваа стопанска гранка, ова неодамна го истакна нејзиниот директор, Јордан Трајков. „Значи има конкретни проблеми проблеми меѓу хотелиерите, туристичките агенции и водичите и дека е потребен фер однос од сите инволвирани, се со цел колку е можно повеќе туристи да дојдат и да се чувствуваат подобро во Македонија“ објаснува Трајков. Што се однесува...

Continue reading

Zeleznicka

Железничка повторно на „тапет“

Post Views: 6 Булевар Железничка станува се понебезбедна сообраќјаница, реагираат од ВМРО-НП. Обвинуваат дека улицата, што два пати се пушташе во употреба пред парламентарните избори, се уште е недовршена и со  неквалитетно поставен материјал. Овој магистрален пат со ознака М-5, кој требаше да го растерети  градскиот сообраќај од тешки моторни возила, сега  им задава сериозни главоболки на жителите од северо источниот  дел на градот. Како причини што улицата станува се поопасна по животот, и неодамна однесе еден човечки живот, од Вмро НП ги посочуваат  неквалитетно поставените шахти,...

Continue reading

bazen

Изградбата на затворениот базен започнува во септември

Post Views: 0 Изградбата на 25 метарскиот базен кој агенцијата за млади и спорт ќе го гради во Охрид ќе започне во месец септември. Ова го најави директорот на агенцијата за млади спорт, Лазе Поповски на неговата последна посета на Охрид и Струга.Изградбата на затворен базен во Охрид беше најавена на седницата на влада на 17 ноември, кога уште беше и прецизирано дека базените ќе се градат согласно стандардите на ФИНА и ќе бидат соодветни за ватерполо и пливање. „ Најпрво е донесена одлука за базените во Крушево и Охрид и тоа е најверојтно месец септември месец, се разбира ако бидат...

Continue reading

januarski saem

Згаснува јануарскиот саем за туризам во Охрид

Post Views: 0 „Немам таква бројка затоа што заклучно до 2011 година субвенциите се во надлежност на Министерството за економија, а во ингеренции на  Агенцијата ќе бидат од 2012 година. Генерално, информиран сум вели Трајков , дека е зголемен бројот на странските туристи што се должи на дадените субвенции“.   За тоа каква ќе биде понатамошната судбина на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот, дали нејзиното седиште ќе биде и понатака во  Струга или ќе се сели во Скопје, Трајков кажа дека не знае. Истакна дека тој не одлучувам што ќе се случува со Агенцијата. „Јас не сум на...

Continue reading

obuka

Како да се започне сопствен бизнис?

Post Views: 0 Веројатно сонот на многу луѓе е да започнат сопствен бизнис. Можноста да го реализираат овој свој сон добија 25 невработени лица со помош на Агенцијата за вработување од Охрид и Фондацијата за подршка на претпријатијата. Проектот „Градење на заеднички патеки за можности за вработување во пограничниот период“ е подржан од Европската унија и исклучиво е наменет за невработените лица. Имено овој проект беше изработен уште во 2009 година од страна на фондацијата  за подршка на претпријатијата од Охрид, меѓутоа одобрен беше дури во Март оваа година. Учесниците задоволни од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top