Ознака: авионот

Пожар во авион со политичари од Босна и Херцеговина

Post Views: 6 Авион на компанијата Austrian Airlines на летот од Вашингтон за Виена во кој биле неколку високи функционери на Босна и Херцеговина морал да се врати на аеродромот поради пожар, објавија босанските медиуми. Во авионот биле претседателот на владата на федерацијата БиХ, Фадил Новалиќ и гувернерот на Централната банка на БиХ, Кемал Козариќ и уште тројца владини фумкционери и советници кои се враќале во БиХ од заседанието на Меѓународниот монетарен фонд. “Авионот полета од аеродромот во Вашингтон и по 45 минути лет  бевме известени дека поради технички проблеми на авионот,...

Continue reading

Втората црна кутија од Germanwings потврдува намерно рушење на авионот

Post Views: 0 Податоците покажале “константно забрзување, додека авионот одел кон планината”. Како што пренесуваат агенциите, снимачот на звук и другите податоци од црната кутија ги потврдиле сознанијата дека копилотот Andreas Lubitz сочекал пилотот да излезе од кабината, ја заклучил вратата, а потоа намерно го насочил авионот кон планината и се одвел себеси и уште 149 лица во смрт. “Првото читање покажало дека копилотот во кокпитот користејќи го автопилотот го насочил авионот кон земјата, ја намалил висината, а потоа неколку пати понирајќи ја зголемувал брзината”, соопштила француската...

Continue reading

Мистеријата на летот MH370 била инспирација за Andreas Lubitz?

Post Views: 1 Копилотот Andreas Lubitz е веројатно виновникот за падот на авионот на Germanwings во француските Алпи, а инспирацијата за својата постапка можеби ја пронашол во пилотот кој се поврзува со мистеријата на летот на Malaysia Airlines MH370, пишува News.com.au. Француските обвинители ја известија јавноста дека според снимките од кабината Lubitz намерно го довел авионот до рушење, а воздухопловната индустрија се обидува да го разбере неговиот мотив. Австралиски пилот рекол дека публицитетот на летот MH370 и улогата на пилотот за исчезнувањето на авионот би можеле да влијаат...

Continue reading

Излегуваат нови детали за авионската несреќа на Germanwings

Post Views: 0 NewYork Times објави, пренесувајќи неименуван истражител, дека снимките од пилотската кабина на германскиот авион, кој во понеделникот се сруши во француските Алпи, покажуваат дека еден од пилотите ја напуштил кабината и не можел да се врати пред почетокот на паѓањето на авионот. Истражителот изјавил дека до тој момент комуникацијата помеѓу пилотите била рутнска. “Човекот однадвор прво лесно затропал на вратата од кабината, но немало одговор. Потоа удирал посилно на вратата, но повторно немало одговор”, изјавил истражителот за NewYork Times, додавајќи дека звуците упатуваат...

Continue reading

Детал кој можеби има поврзаност со падот на авионот на Germanwings

Post Views: 0 Авионот Airbus A320 на нискобуџетната германска компанија Germanwings, кој во понеделникот се урна во француските Алпи при што загинаа 150 патници и членови на екипажот, имал технички проблем со вратата која ги затвора предните тркала, потврдил портпаролот на Lufthansa. Проблемот бил поврзан со отворот, односно механизмот кој се отвора и затвора во моментот кога се вклучува уредот за слетување. Авионот во понеделникот бил цел ден приземјен во Диселдорф, а портпаролот на Lufthansa изјавил за агенцијата DPA дека проблемот бил решен. Полека излегуваат во јавноста и детали...

Continue reading

Се сруши Airbus на Germanwings со 142 патници и шест членови на екипажот

Post Views: 1 Airbus A320  со 142 патници и шест членови на екипажот се сруши во регионот Digne на југот од Франција, во алпското подрачје.  Авионот е во сопственост на компанијата Germanwings, фирма сестра на Lufthansa, а летал на релација Barcelona – Dusseldorf и полетал во 9.55 часот. Компанијата Germanwings досега немала пријавени несреќи, а просечната старост на нивните авиони е околу девет години, иако авионот на летот 4U9525 бил стар 24 години. Кон местото на несреќата се упатија и германски експерти за воздухопловна безбедност. Локални извори од француската полиција тврдат...

Continue reading

Пат околу светот без капка гориво

Post Views: 6 Bertrand Piccard, еден од креаторите и пилот на авионот Solar Impulse 2, ќе го направи првиот пробен лет на неверојатниот и иновативен авион кој при летот не користи ниту една капка гориво туку исклучиво лета на соларен погон, а летот е посветен на принцот на Дубаи, Mohammed bin Zayed. Принцот Zayed учествувал во проектот за изградба на соларниот авион од самиот почеток пред десет години. “Го посветувам првиот лет на неговото величество, Шеикот Mohammed bin Zayed, кој го поддржа целиот проект од првиот ден на нашата средба”, рекол Piccard. Solar Impulse 2 има распон...

Continue reading

Видео: Падна авион на TransAsia Airways во Тајпеј

Post Views: 0 Патнички авион од типот ATR-72-600 се урна веднаш по полетувањето од аеродромот Songshan во Тајпеј – Тајван во 10.45 по локално време. Кинеската информативна агенција Xianhua наведува дека најмалку 15 лица загинале, а повеќето од патниците биле Кинези. Авионот се срушил среде градот, а делови паѓале по патот за да најпосле падне во река, само три минути по полетувањето. Во тек е спасувањето на патниците а пожарникарите потврдиле дека досега успеале да спасат десетина лица од кои 18 лица се повредени и дека по 31 лице се трага. Како што напредува спасувањето овие бројки...

Continue reading

Откриени детали од црната кутија на авионот на AirAsia

Post Views: 3 Истражителите на авионски несреќи кои работат на трагичниот случај на летот на AirAsia 8051 потврдиле што открила црната кутија. Имено, снимките прикажале дека во кокпитот имало бројни аларми додека пилотите се бореле со авионот, а помеѓу другото бил вклучен и алармот кој укажувал на нагло зголемување на висината. Истражителите ја исклучиле можноста за саботажа, откако ги прегледале податоците од црните кутиии. Индонезијскиот министер за сообраќај Ignasius Jonan рекол дека авионот добивал на висина, неверојатно брзо околу 2000 метри во минута, а потоа нагло паднал и...

Continue reading

Објавени првите фотографии од трупот на AirAsia

Post Views: 0 Брод на сингапурската воена морнарица ги пронашол остатоците од авионот на AirAsia, кој се сруши во Јаванското море каде загинаа сите 162 патници и членови на екипажот. Министерот за одбрана на Сингапур, Ng Eng Hen јавноста ја извести за пронаоѓањето на остатоците од авионот на AirAsia преку својот Facebook профил и ги објавил фотографиите од остатоците, кои ги направила подводна сонда, пренесува news.com.au. Напишал дека фотографиите прикажуваат делови од крилата и трупот од авионот. “Се надевам дека со пронаоѓањето на трупот од авионот, фамилиите на жртвите можат на...

Continue reading

Портпаролот на AirAsia верува дека се пронајдени црните кутии

Post Views: 2 Постојат силни индикации дека тимот за трагање и спасување ги пронашле црните кутии од летот QZ8501 на AirAsia, рекол портпаролот на компанијата Tony Fernandes, а истото го објавил на Twitter, а пренесува NBC News. Потрагата по црните кутии е интензивирана денес по добивањето на повеќе  чисти сигнали од нив. Сигналите беа детектирани во подрачјето помеѓу 1,6 и 2,4 миљи од локацијата каде е пронајден задниот дел од трупот од авионот кој беше откриен во Јванското море во саботата. Официјалните лица предупредија дека е многу рано да се каже дали се тоа снимките кои доаѓаат...

Continue reading

Авионот на AirAsia веројатно го срушил метеоролошки феномен

Post Views: 2 Многу лошите метео услови на голема висина на која летал авионот на AirAsia, кој пред една недела се сруши во Јаванското море, биле прекинувачот за несреќата, соопштила индонезијската метеоролошка агенција. Потрагата по телата и трупот од авионот Airbus A320-200 кој се сруши на 28 декември во Јаванското море со 162 патници и членови на екипажот, влезе во втората недела и ја отежнуваат неповолни метео услови. На екипите приоритет им е да ги пронајдат црните кутии, клучни за откривање на причините за падот на авионот. “Врз основа на расположивите податоци за последниот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top