Ознака: авионот

Вознемирувачки моменти за време на лет

Post Views: 2 Патниците на летот 2412 од Орландо за Атланта сведочеле за вознемирувачки моменти среде летот кога се откинало парче од крилото од авионот. Неверојатна среќа имале 185 патници и членови на екипажот на авионот на компанијата Делта, Боинг 757 кој вчера морал принудно да слета поради технички проблеми. Тие настанале кога за време на летот од Орландо за Атланта една плоча од крилото се скршила и од крилото се гледале сплет од кабли и хидраулика оставени на милост и немилост на временските услови. Шокираните патници сето тоа го гледале од прозорците на авионот. Еден од нив...

Continue reading

Малезиската влада најмила пророк

Post Views: 4 Шест дена по исчезнувањето на авионот Боинг 777-200 на компанијата Малезиан Ерлајнс се помалку надеж дека 227 патници и 12 членови на екипажот се сеуште живи. Во трагањето по исчезнатиот авион се вклучил и малезискиот бомбох, односно шаман или врач, кои го ангажирал висок владин функционер. Ибрахим Мат Зин познат како Раја Бомох Седуниа Нујум се размафтал на аеродромот во Куала Лумпур демонстрирајќи ја својата “визија”. “Или уште лета или паднал в море” питијски утврдил најпознатиот пророк на островот кој за “небеските видувања” користи алатка, како двоглед од бамбус. Неговиот...

Continue reading

Нова фотографија од кинескиот сателит

Post Views: 2 Кинескиот сателит кој трага по исчезнатиот авион снимил можни остатоци од боингот 777, соопштува кинеската државна агенција, а пренесува CNN. Кинеската државна агенција наведува дека кинескиот сателит открил три сомнителни објекти кои пливаат во морето, и дека е можно да се остатоци од исчезнатиот авион. Фотографиите се од Малајскиот мореуз и потекнуваат од 9-ти март, но не се објавиле до денес. Денес официјани лица објавиле дека ја прошириле територијата на трагање која покрива повеќе од 43.000 квадратни наутички миљи, укажува CNN. Трагањето по авионот е проширено на...

Continue reading

Се преиспитува нова теорија за исчезнатиот авион

Post Views: 10 Властите преиспитуваат нова теорија на исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс, дека пилотот е можно да извршил самоубиство, соопштил Џон Бренан, шефот на Централната разузнувачка служба на САД (CIA). “Мислам дека не можеме да отфрлиме ниедна претпоставка”, рекол тој,одговарајќи на прашањето дали е можно дека пилотот намерно го срушил авионот Боинг 777. Во меѓувреме Малезиската полиција соопштила дека ги испитува психолошките профили на сите 239 патници и членови на екипажот на авионот, кој во саботата исчезна од радарите. Теоријата за самоубиство би можела да објасни...

Continue reading

Пад кој сериозно ја уништува компанијата

Post Views: 2 Првиот ден, по падот на авионот на Малезија Ерлајнс, акциите на оваа компанија биле во опаѓање за 16% и продавани за 0,21 рингит во однос на 0,25 рингити во петокот, а подоцна малку се опоравиле на пад од 10%, пренесува агенцијата Frans Press. Авионот на Малезија Ерлајнс на летот MH370 од Куала Лумпур за Пекинг исчезнал над водите помеѓу Малезија и Виетнам во саботата наутро. Иако е во тек голема потрага по авионот од воздух и вода, ни трет ден не е пронајдена никаква трага од авионот. Малезија Ерлајнс во последното минатогодишно тримесечие забележала загуба од 1,17...

Continue reading

Трет ден ни трага од авионот

Post Views: 2 Судбината на патничкиот Боинг777-200ER и понатаму останува мистерија, рекол Азхарудин Абдул Рахман, шефот на малезиското цивилно воздухопловство. Рахман додава дека сите досегашни дојави за видени делови од авионот, остануваат непотврдени. И вчерашното јавување дека е пронајден дел во морето на околу 80 км, исто така е непотврдено. Роднините на патниците и на членовите на екипажот се припремаат на најлошото. Трагањето по авионот интензивно продолжува. „За жал, не пронајдовме ништо што би личело на делови од авионот“, рекол Рахман. Додал дека се вложуваат големи напори...

Continue reading

Исчезнувањето на авионот на Малезија Ерлајнс – тероризам?

Post Views: 1 Вниманието на истрагата посебно го свртеа четирите патници кои имале украдени пасоши од европски земји. Министерот за сообраќај Хишамудин Хусеин рекол дека е утврден идентитетот на некои од потенцијалните осомничени. „Четири имиња се на мојата маса“, рекол Хусеин Во истрагата учествуваат малезиските разузнувачки служби, а во Малезија е пратена и екипа на Федералното истражно биро (FBI). Една од претпоставките е дека авионот набрзо по полетувањето се завртел и тргнал назад кон Куала Лумпур. Поради тоа е проширена областа во која спасувачките екипи го бараат авионот. Авионот...

Continue reading

avion

Киднапирал авион, за да добие азил

Post Views: 11 На аеродромот во Женева утрово принудно слета етиопски авион со повеќе од 200 патници и членови на екипажот. Киднаперот – копилотот на авионот бара азил во Швајцарија. Киднапирањето на патнички авион од Етиопија мина без поголеми последици. По безбедното слетување повеќе од 200 патници и членови на екипажот без никакви повреди го напуштија авионот. Според информации на швајцарсакта полиција копилотот своеволно ја презел командата врз авионот, кога капетанот бил во тоалет. Копилотот потоа издејствувал принудно слетување во Женева. Потоа тој се спуштил со сајла...

Continue reading

Киднапиран авион

Post Views: 5 Авион со 200 патници и екипажот бил грабнат на летот од Адис Абеба за Рим и принудно слетал во Женева, соопштила Швајцарската полиција. Сите патници се безбедни а леталото е во сопственост на Етиoпска авиокомпанија. Како што е соопштено, уапсен е еден грабнувач, нема повредени а ситуацијата била под контрола. Летот број 702 полетал од Адис Абеба околу 22.30 и требало да пристигне утрово околу 5.00 во Рим. Сепак авионот продолжил за Женева и слетал околу 6.00, а аеродромот во Женева бил веднаш затворен. „Авионот принудно слетал, а слетувањео било безбедно. Сите 200 патници...

Continue reading

авион

Инцидент на авион на Бритиш Eрвејс во Јоханесбург

Post Views: 6 Авион на Бритиш Аервејс со 185 патници и 17 членови на екипажот доцна синоќа при полетување од аеродромот во Јоханесбург за Лондон удри со десното крило во една зграда, при што четири лица се здобија со повреди, соопштија властите во ЈАР. Портпаролот на Јужноафриканската агенција за цуивилна авијација Финдиве Гвебу изјави дека боингот 747 – 400 за полетување користел писта која за тој тип авиони е премногу тесна. – Поради тоа авионот со десното крило удри во деловната зграда на аеродромот. Од контролната кула пилотот го упатиле на една писта, а тој тргнал на друга,...

Continue reading

avionska nesreka

Авионска несреќа во Русија, причини: човечки фактор или дефект?

Post Views: 0 Авионот кој сообраќал на релација Москва- Казан се урнал по третиот неуспешн обид да слета на аеродромот. Меѓу загинатите е и синот на претседателот на Татарстан. Педесет лица загинаа во вчерашното уривање на авионот Боинг-737, кој сообраќаше на релација Москва-Казан. Сите 50 лица во авионот, 44 патници и шест членови на екипажот загинале во несреќата, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. – Во авионот немало деца, изјави портпаролот на Министерството. Меѓу загинатите е и синот на претседателот на Татарстан, Рустан Миниханов, Ирек. Авионот, направил...

Continue reading

Vitorrio Missoni

Пронајден авионот на Виторио Мисони

Post Views: 6 По шест месеци, во близина на брегот на Венецуела пронајдени се остатоците од авионот во кој што бил извршниот директор на модната куќа Мисони, Виторио Мисони со својата сопруга Мауриција Кастиљони и уште еден брачен пар. Информацијата на Твитер ја потврди портпаролот на венецуелското министерство за внатрешни работи Хорхе Галиндо, без да соопшти повеќе детали за локацијата и за состојбата во која бил пронајден малиот авион. Авионот со шест патници и екипажот, исчезна во јануари оваа година по полетувањето од островот на архипелагот Лос Рокес на Карибите. Виторио Мисони,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top