Малезиската влада најмила пророк

Пророкот користи двоглед од бамбус

 |  инфодеск  | 

Шест дена по исчезнувањето на авионот Боинг 777-200 на компанијата Малезиан Ерлајнс се помалку надеж дека 227 патници и 12 членови на екипажот се сеуште живи. Во трагањето по исчезнатиот авион се вклучил и малезискиот бомбох, односно шаман или врач, кои го ангажирал висок владин функционер.

Ибрахим Мат Зин познат како Раја Бомох Седуниа Нујум се размафтал на аеродромот во Куала Лумпур демонстрирајќи ја својата “визија”.

“Или уште лета или паднал в море” питијски утврдил најпознатиот пророк на островот кој за “небеските видувања” користи алатка, како двоглед од бамбус.

Неговиот обид за судбината за откривање на авионот е исмеан на социјалните мрежи, а подобар третман не добила и владата на Малезија која го најмила за тоа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top